Macedonian Truth Forum   

Go Back   Macedonian Truth Forum > Macedonian Truth Forum > Macedonian History

Reply
 
Thread Tools
Old 07-06-2019, 06:52 PM   #51
VMRO
Senior Member
 
VMRO's Avatar
 
Join Date: Sep 2008
Posts: 1,325
VMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud ofVMRO has much to be proud of
Default

Потрага по Мисирков



Сергеј Мисирков го напишал воведот во единствениот зачуван ракопис од неговиот татко Крсте П. Мисирков кои воедно претставуваат негова автобиографија под наслов „Спомени и впечатоци“. Овој материјал благодарение на Д-р Сергеј Мисирков бил предаден при неговата посета на Народна Република Македонија во 1956 година.





Оваа негова воведна белешка во делото на Крсте П. Мисирков треба да ги поттикне македонските институции да иницираат потрага по преостанатите негови дела и документите поврзани со неговата дејност.





„Животот и дејноста на Крсте П. Мисирков досега не се проушувани доследно и систематски. Познати се некои негови творби, меѓу кои, се разбира, на прво место е книгата „За македонцките работи“. Познати се и некои поважни моменти од неговата биографија, од раѓањето до смртта. Сепак ред моменти од неговата општествено-политичка дејност досега останале непознати не само за широките кругови, но и за специјалистите, кои поопширно и подробно го проучуваат животот и творештвото на овој виден Македонец.

Сфаќајќи ја неопходноста за зачувување податоците за својата општествено-политичка дејност, Мисирков во 1923 г. решил да напише нешто како автобиографија, но ја замислувал во пошироки рамки, да би можел сестрано да ги одрази настаните од крајот на минатиот век и првите две децении од сегашниот, сврзани со судбината на неговата татковина. Тој ја започнува таа автобиографија, но не успева да ја оствари својата замисла. Во она време – годините пред неговата предвремена смрт – тој се занимава со пишување на актуелни статии што му причинуваат ред непријатности и расправии. Неговата фамилија е во незадоволувачка материјална состојба – четирите члена од фамилијата се издржуваат само од неговата скромна плата, без никакви други приходи од страна. Треба да подвлечеме дека ред негови статии, публикувани во периодот 1923-1925 година, останаа нехонорирани, според тогашната практика на весниците и списанијата. Тоа, се разбира, го депримира Мисиркова и не му даде можност да се посвети на замислената од него работа. Од друга страна тогашната негова возраст (48 години) и редовниот, умерен живот што го водеше ( тој никогаш не пушеше и не употребуваше никакви алкохолни пијалоци), воопшто не му дозволуваа да претполага дека фактички неговите дни се изброени и дека тој никогаш нема да успее да го заврши замислениот труд.

Некои луѓе се склони да го обвинуваат Мисиркова во недоследност на неговите погледи на животот, за промени во нив, и дури во конечно откажување од своите идеи за македонската националност и македонскиот јазик. Но, тоа е сосем неправилно. И покрај сето тоа, во текот на целиот негов живот како црвена нитка минува неговото остро чувство за припадност кон македонскиот народ, а различните, божем недоследни постапки, исклучиво се резултат на различните услови во кои се наоѓала балканската политика. При секој погоден момент тој отворено или прикриено ја подвлекувал својата припадност токму кон македонскиот, а не кон бугарскиот народ. Така, на пример, во својата дописка од Карлово за одржаното таму предавање предавање од писателот Константин Мустафов, во која се разгледуваат некои карактеристични за бугарскиот народ недостатоци, Мисирков пишува: „... Ако меѓу нас има луѓе кои велат оти кога не би била Македонија и македонското прашање Бугарија ќе направеше вонредно многу, Македонците со не помалку право би можеле да кажат и Македонија немаше толку жестоко да пострада ако во Бугарија националниот развиток беше подобар и ако не би страдал од недостатоците што ги изнесе г. Мустафов. ( В.„Мир“, бр.7432, од 30.iii.1925 година).

Публикувањето на почетокот од автобиографијата на К. Мисирков може да го постави на дневен ред прашањето за систематското проучување на неговата биографија, за откривање на негови непознати творби и статии ( како на пример првиот број на „Вардар“), ред негови дописки од Балканската војна во одески и киевски весници, чиј кореспондент беше тој од декември 1912 до март 1913 година, и други, потоа меморандумите што ги исплаќал до руското министерство на надворешни работи и др.

Најпосле би било интересно пронаоѓањето и распрашувањето на некои постари луѓе за животот на Миситкова во Битола во 1902 – 1903 година (возможно е некои од тогашните неговите ученици да се живи), за неговиот живот во Одеса и Кишинев, или за последните години во Бугарија.

Ако не се лажам, во 1920 година К. Мисирков беше решил да направи обид да постапи на учителска работа во Југославија ( тогаш уште кластво СХС), за да може да биде поблизу до Македонија, ако не и во самата Македонија, и ги беше испратил своите документи, заедно со универзитетската диплома, до Министерството на народната просвета во Белград. Тој не доби одговор на своето барање, не му беа вратени документите, така што и сега постои макар и најмала можност тие документи уште да се во некоја од старите министерски архиви.

Ете такви прашања поставува публикувањето на почетокот од автобиографијата на К. Мисирков, која меѓу другото, претставува и единствен зачуван досега негов ракопис.“

Запишал Сергеј К. Мисирков.
__________________
Verata vo Mislite, VMRO vo dushata, Makedonia vo Srceto.

Vnatreshna Makedonska Revolucionerna Organizacija.
VMRO is offline   Reply With Quote
Old 07-07-2019, 02:13 AM   #52
Liberator of Makedonija
Senior Member
 
Liberator of Makedonija's Avatar
 
Join Date: Apr 2014
Location: Australia
Posts: 1,338
Liberator of Makedonija is on a distinguished road
Default

Quote:
Originally Posted by VMRO View Post
Потрага по Мисирков



Сергеј Мисирков го напишал воведот во единствениот зачуван ракопис од неговиот татко Крсте П. Мисирков кои воедно претставуваат негова автобиографија под наслов Спомени и впечатоци. Овој материјал благодарение на Д-р Сергеј Мисирков бил предаден при неговата посета на Народна Република Македонија во 1956 година.





Оваа негова воведна белешка во делото на Крсте П. Мисирков треба да ги поттикне македонските институции да иницираат потрага по преостанатите негови дела и документите поврзани со неговата дејност.





Животот и дејноста на Крсте П. Мисирков досега не се проушувани доследно и систематски. Познати се некои негови творби, меѓу кои, се разбира, на прво место е книгата За македонцките работи. Познати се и некои поважни моменти од неговата биографија, од раѓањето до смртта. Сепак ред моменти од неговата општествено-политичка дејност досега останале непознати не само за широките кругови, но и за специјалистите, кои поопширно и подробно го проучуваат животот и творештвото на овој виден Македонец.

Сфаќајќи ја неопходноста за зачувување податоците за својата општествено-политичка дејност, Мисирков во 1923 г. решил да напише нешто како автобиографија, но ја замислувал во пошироки рамки, да би можел сестрано да ги одрази настаните од крајот на минатиот век и првите две децении од сегашниот, сврзани со судбината на неговата татковина. Тој ја започнува таа автобиографија, но не успева да ја оствари својата замисла. Во она време годините пред неговата предвремена смрт тој се занимава со пишување на актуелни статии што му причинуваат ред непријатности и расправии. Неговата фамилија е во незадоволувачка материјална состојба четирите члена од фамилијата се издржуваат само од неговата скромна плата, без никакви други приходи од страна. Треба да подвлечеме дека ред негови статии, публикувани во периодот 1923-1925 година, останаа нехонорирани, според тогашната практика на весниците и списанијата. Тоа, се разбира, го депримира Мисиркова и не му даде можност да се посвети на замислената од него работа. Од друга страна тогашната негова возраст (48 години) и редовниот, умерен живот што го водеше ( тој никогаш не пушеше и не употребуваше никакви алкохолни пијалоци), воопшто не му дозволуваа да претполага дека фактички неговите дни се изброени и дека тој никогаш нема да успее да го заврши замислениот труд.

Некои луѓе се склони да го обвинуваат Мисиркова во недоследност на неговите погледи на животот, за промени во нив, и дури во конечно откажување од своите идеи за македонската националност и македонскиот јазик. Но, тоа е сосем неправилно. И покрај сето тоа, во текот на целиот негов живот како црвена нитка минува неговото остро чувство за припадност кон македонскиот народ, а различните, божем недоследни постапки, исклучиво се резултат на различните услови во кои се наоѓала балканската политика. При секој погоден момент тој отворено или прикриено ја подвлекувал својата припадност токму кон македонскиот, а не кон бугарскиот народ. Така, на пример, во својата дописка од Карлово за одржаното таму предавање предавање од писателот Константин Мустафов, во која се разгледуваат некои карактеристични за бугарскиот народ недостатоци, Мисирков пишува: ... Ако меѓу нас има луѓе кои велат оти кога не би била Македонија и македонското прашање Бугарија ќе направеше вонредно многу, Македонците со не помалку право би можеле да кажат и Македонија немаше толку жестоко да пострада ако во Бугарија националниот развиток беше подобар и ако не би страдал од недостатоците што ги изнесе г. Мустафов. ( В.Мир, бр.7432, од 30.iii.1925 година).

Публикувањето на почетокот од автобиографијата на К. Мисирков може да го постави на дневен ред прашањето за систематското проучување на неговата биографија, за откривање на негови непознати творби и статии ( како на пример првиот број на Вардар), ред негови дописки од Балканската војна во одески и киевски весници, чиј кореспондент беше тој од декември 1912 до март 1913 година, и други, потоа меморандумите што ги исплаќал до руското министерство на надворешни работи и др.

Најпосле би било интересно пронаоѓањето и распрашувањето на некои постари луѓе за животот на Миситкова во Битола во 1902 1903 година (возможно е некои од тогашните неговите ученици да се живи), за неговиот живот во Одеса и Кишинев, или за последните години во Бугарија.

Ако не се лажам, во 1920 година К. Мисирков беше решил да направи обид да постапи на учителска работа во Југославија ( тогаш уште кластво СХС), за да може да биде поблизу до Македонија, ако не и во самата Македонија, и ги беше испратил своите документи, заедно со универзитетската диплома, до Министерството на народната просвета во Белград. Тој не доби одговор на своето барање, не му беа вратени документите, така што и сега постои макар и најмала можност тие документи уште да се во некоја од старите министерски архиви.

Ете такви прашања поставува публикувањето на почетокот од автобиографијата на К. Мисирков, која меѓу другото, претставува и единствен зачуван досега негов ракопис.

Запишал Сергеј К. Мисирков.
Interesting read. Thanks VMRO.
__________________
I know of two tragic histories in the world- that of Ireland, and that of Macedonia. Both of them have been deprived and tormented.
Liberator of Makedonija is offline   Reply With Quote
Reply

Tags
krste, macedonia, misirkov, sergei, sergej


Currently Active Users Viewing This Thread: 1 (0 members and 1 guests)
 
Thread Tools

Posting Rules
You may not post new threads
You may not post replies
You may not post attachments
You may not edit your posts

BB code is On
Smilies are On
[IMG] code is On
HTML code is Off
Forum Jump