ПОГОЛЕМИ ОВЛАСТУВАЊА ЗА ПРОСВЕТНАТА ИНСПЕКЦИЈА
Експресни казни за бојкот на македонскиот јазик
Глоби на самото место во висина од 200 до 600 евра ќе заработат одговорните во училиштата и родителите кои не даваат првачињата да учат македонски јазик
Експресни казни за оние што ја бојкотираат одлуката на Министерството за образование и наука за воведување на македонски јазик за учениците немакедонци од прво одделение. Просветни инспектори во иднина ќе можат да изречат казни на самото место против училиштата, директорите, наставниците и родителите кои нема да ја спроведат одлуката на Министерството за образование и наука за учење македонски јазик од прво одделение. Казните за училиштата и одговорните лица поради прекршување на овој и другите прописи од областа на образованието, ќе изнесуваат од 200 до 600 евра.
Овие новини се предвидени во измените и дополнувањата на Законот за просветна инспекција, кои се во собраниска процедура.
Досега, просветните инспектори, кога ќе регистрираа прекршување на закон или пропис во некое училиште, против прекршителите имаа право да покренат прекршочна или кривична пријава пред суд. Со новите решенија, инспекторот ќе изрече казна на самото место, а ако таа не се плати во рок од седум дена, тогаш инспекторот поднесува пријава пред надлежен суд.
Според Министерството за образование и наука, измените на Законот се неопходни, бидејќи не функционира системот за изрекување глоби. Досега овие постапки, поради преоптовареност на судовите, траеле предолго и делата застарувале, а со тоа прекршителите ја избегнувале санкцијата.
Ако пратениците ги изгласат овие измени, голем дел од училиштата на албански наставен јазик и одговорните лица и родителите ќе заработат глоби поради одбивањето да воведат македонски јазик за првачињата. Министерството за образование наложи македонски јазик од прво одделение на почетокот на оваа година, што се бојкотира во училиштата на албански наставен јазик и родителите Албанци. Н.С.
izvor: http://vest.com.mk/?ItemID=D03AE8A84...7741B215DE46E1
I LIKE

Comment