МНР ќе реагира на терминот ФИРОМакедонци

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    МНР ќе реагира на терминот ФИРОМакедонци

    Министерството за надворешни работи со писмо адресирано до Ханс Герт Потеринг, претседател на Европскиот парламент, ќе реагира за пропустите во студијата на правата на малцинствата на Западен Балкан, каде што е направен сериозен пропуст и граѓаните на Македонија, наместо Македонци, се прекрстени во ФИРОМакедонци. Во писмото на Министерството ќе се побара објаснување зошто во студијата трипати се употребува терминот FYRоMacedonians, иако во неа граѓаните на оваа земја во 18 наврати се нарекуваат Македонци.

    Студијата е изработена по барање на Европскиот парламент од страна на Штефан Волф, Ана-Марија Ангелеја и Ивана Ѓуриќ од Центарот за интернационален кризен менаџмент во Универзитетот во Нотингем, Питер ван Хаутен од Политичкиот департмент на Универзитетот во Кембриџ и од Сандро Данџело, кој е шеф на Директоратот за надворешни политики на Европскиот политички департмент.

    Во Министерството сакаат да веруваат дека пропустот е направен од авторите на текстот и дека не е тоа став на Европскиот парламент, како што впрочем стои и на првата страница во извештајот дека „сите гледишта изнесени во овој документ се одговорност на авторот и нужно не ја претставуваат официјалната позиција на Европскиот парламент“.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X