[Дијаспората формира Привремен иселенички совет]
Македонците од дијаспората формираа Привремен иселенички совет кој ќе има советодавна улога и во соработка со Агенцијата за иселеници ќе им помага на иселениците во зацврстување на врските со матичната земја.
Иако интересот бил голем, сепак не успеале да направат тело со траен мандат. Во овој Совет ќе има 20 претставници, по пет од Канада, САД, Австралија и Европа.
Целта, потенцира Митко Јованов претседател на иселеничкиот совет, е истиот да претставува гласот на дијаспората, пред се за зачувување и негување на македонскиот идентитет, но и да биде вклучена на разни начини во случувањата во државата.
Потесна врска со иселениците, смета тој, ќе биде остварена меѓу другото преку олеснување на процедурата за добивање државјанство, нивно активно вклучвуање во пописот, како и олеснителни законски процедури за инвестиции, со оглед на фактот што, рече, од дознаки на дијаспората по разни основи во земјава влегуваа над милијарда евра.
Се очекува во иселеничкиот совет да бидат претставници од над 50 проценти од над 450 организации на Македонците во светот.
06.08.2010, 18:03
izvor: http://www.kanal5.com.mk/default.asp...&eventId=63548
Дијаспората ќе ги зацврстува врските со Македонија
06.08.2010 - 15:08 |
* Македонија
Агенцијата го дозаокружи Привремениот иселенички совет составен од 12 члена кој ќе имаат мандат од една година, ќе ги анимира иселеничките организации на Македонците, ширум светот.
Целта на советот е да ги подобри односите меѓу дијаспората и Македонија како и зачувување и негување на македонскиот идентитет.
За претседателот на советот, Митко Јованов важно е земјата и иселениците да бидат во една постоја интеракција, каде иселениците ќе бидат вклучени во случувањата во државата на различни начини.
Според последните податоци на агенцијата за иселеници, во светот има околу 465 илјади иселеници од Македонија, но сепак тој број според нив е не реален зашто од 2002 година Македонија не врши попис на лицата исселени надвор од земјава подолго од една година.
izvor: http://sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...ovet-na-isel-0
UNITED-WE CAN!

Comment