Македонец градоначалник во Грција кога Грците ќе размислуваат американски
Автор: Ивана Костовска
Изборот на првиот Афроамериканец за претседател на најмоќната држава во светот раѓа надеж дека Македонците во Грција еден ден ќе имаат свој градоначалник. „Ако во САД се случи Афроамериканец да стане претседател, секако дека е можно и Македонците во Грција во иднина да имаат свој градоначалник“, смета Григорис Валијанатос од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Грција, кој беше отстранет од ПАСОК поради промакедонските ставови. По изборот на прв Македонец за градоначалник на општина во Австралија, прогнозите покажуваат дека во скоро време Македонците во Грција и во Бугарија тешко дека ќе добијат свој висок претставник во локалната власт. Ситуацијата е поинаква во Албанија, каде што веќе има македонски градоначалник на општината Пустец и се води битка преку петиција да се врати старото име на општината. За тоа има поддршка од партијата на премиерот Сали Бериша, која го има мнозинството во албанскиот парламент. Според Валијанатос, Македонец ќе стане градоначалник во Грција кога нашиот јужен сосед ќе ја научи историјата.
- Тоа ќе се случи кога Грција ќе биде повеќе свртена кон хуманизмот, а помалку кон национализмот. Грција треба да се посвети кон нештата што нè поврзуваат, не кон оние што нè разединуваат - оценува Валијанатос.
Од партијата на Македонците во Грција, Виножито, објаснуваат дека станува збор за комплексно прашање на кое не можат да одговорат пред внатрепартиски консултации. Македонците, пак, што живеат во Леринско се оптимисти дека за неколку години ќе имаат свој градоначалник. Тогаш, според нив, Европската Унија ќе ја притисне Грција да признае постоење на македонско малцинство во своите граници.
- Веќе има неколку Македонци во локалната власт во селата во Леринската околија. Но тие не смеат да се декларираат како Македонци зашто тогаш би имале проблем со грчката власт - вели Доне Тасопулос, жител на селото Забрдени, Леринско. Македонците што живеат во Бугарија се песимисти дека скоро ќе добијат свој градоначалник поради, како што велат, национализмот на Бугарија.
- Тешко дека наскоро ќе се случи да имаме свој градоначалник. Бугарската власт одбива да ја регистрира партијата на Македонците, а камоли да дозволи да имаме локална власт - смета Стојко Стојков, член на претседателството на ОМО Илинден-Пирин. Според него, кога ќе се регистрира партијата поголеми ќе бидат шансите Македонците во Бугарија да добијат свој градоначалник.