Македонски музичари нападнати од униформирани лица на граничниот премин Меџитлија - Ники
До тежок инцидент дошло денеска во близина на македонско грчката граница откако група македонски музичари по преминувањето на граничниот премин Меџитилија на пат за Кожани биле нападнати од група грчки граѓани.
Како што се дознава, музичарите, осум членови на оркестарот ,,Млади таленти,, патувале во Грција со цел да настапат на народен собир кој се одржувал во Кожани. До тоа сепак не дошло зашто по пат околу 15 часот биле нападнати и малтретирани од група непознати лица кои дошле со моторни возила, биле облечени во униформи, а носеле и огнено оружје. При инцидентот било оштетено и возилото со кое патувале македонските музичари, по што тие решиле да го прекинат патувањето и да се вратат во Македонија, каде го пријавиле настанот.
Се очекува во текот на утрешниот ден за инцидентот да бидат известени и грчките власти. Се уште не е познато дали напаѓачите се припадници на регуларните полициски сили или на војската во Грција, или пак се работи за униформирани цивили.
izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mI...&eventId=71302