Малку учесници на протестот во Тирана

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Малку учесници на протестот во Тирана

    Малку учесници на протестот во Тирана

    Под сенка на случувањата на домашната политичка сцена и утрешната најава за нов масовен протест на опозицијата, со мал број учесници, мина денешниот сеалбански протест против попис врз етничка и верска припадност во Албанија. Организиран од мрежата на абански организации, во која членуваат асоцијации од Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора и Јужна Србија протестот се одржа пред зградата на Високиот совет за правда, каде имале средба со неговиот потпретседател Крешник Спахиу. На средбата тој го повторил ставот дека е против попис во кој граѓаните може да ја искажат нивната верска и етничка припадност, затоа што според него тоа не било во согласност со европските стандарди. Ставот на македонското малцинство околу пописот е јасен и е идентичен со сите други малцинства изјави Едмонд Темелко, претседател на македонската партија.

    - Да има еден фер, демократски попис,да има графа Македонец, да се попише слободно. За нас тоа е единствено прифатливо решение. Останатите други решенија, се чиста манипулација, само да се направат поголеми загатки и да излезе што помал број на Македонци во Албанија.

    Темелко во името на Македонците остро го осуди денешниот протест во Тирана, како и сите изјави и ставови на албански политичари и историчари кои се против етничкото изјаснување на граѓаните.

    Канал 5 телевизија како една од водечките телевизиски куќи во Македонија, од 1998 година на малите екрани до гледање онлајн денес, известува за најновите вести од Македонија, регионот и светот.
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    #2
    Пописот во Албанија и во Бугарија без македонското малцинство

    YouTube - ПопиÑот во Ðлбанија и во Бугарија без македонÑкото малцинÑтво

    Comment

    • Јован Кукузел
      Member
      • Nov 2010
      • 103

      #3
      Етничкото изјаснување на пописот-штетно за Албанија?


      Претставници на 10 членки на мрежата на албански организации, во Тирана одржаа мирен протест против попис врз етничка и верска припадност во Албанија. Тие сметаат дека ваков опис би бил штетен за албанската држава.

      На се‘албанскиот протест, како што беше најавен, изостана најавената масовна присутност. Претставниците на мрежата на албански организации во која членуваат десет организации од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, јужна Србија (Прешевска долина) сметаат дека пописот што треба да се спроведе во април, е против албанските национални интереси и е на штета на албанската држава. Наместо пред парламентот, како што беше најавено, протестот е одржан пред зградата каде што е сместен Високиот совет за правда, за да искажат поддршка на иницијативите на неговиот потпретседател Крешник Спахиу.

      Верското и етничко изјаснување не било по европски стандарди?!

      Имено, Спахиу јавно е против попис во кој граѓаните може да ја искажат нивната верска и етничка припадност, што според него, како што пренесуваат медиумите, не било во согласност со европските стандарди. По негово барање се преиспитуваат и досегашните одлуки на судовите донесени по лично барање на граѓаните за промена од албанска, во друга националност.

      Високиот совет за правда едногласно донесе одлука за инспекција и верификација на прашањето за промена на нациоаналноста, искажувајќи голема загриженост за уставните проблеми поврзани со ова прашање, ги инфомирал Спахиу соговорниците од, како што се наведува, се‘албанските простори.

      Ставот на македонското малцинство е јасен

      Ставот на македонското малцинство околу пописот е јасен и е идентичен со сите други малцинства, вели претседателот на партијата на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко.

      „Да има фер, демократски попис, да има графа Македонец, да се попишува слободно. За нас тоа е единствено прифатливо решение. Останатите други решенија се чиста манипулација, само да се направат поголеми загатки и да излезе што помал број на Македонци во Албанија“.

      Темелко во името на Македонците искажа остра осуда на денешното собирање во Тирана, како и на ставовите на повеќе албански политичари и историчари кои ги изнесуваат околу пописот, а кои се против етничкото изјаснување на граѓаните.

       

      Автор: Вера Тодоровска

      Редактор: Жана Ацеска

      Comment

      • Serdarot
        Member
        • Feb 2010
        • 605

        #4
        >>>Se-albanski protest vo Tirana protiv popisuvanje na Etnicka i Religiozna pripadnost <<<

        Ova se "evropskite" arshini

        Site imat najmalku dve strani, kako merat za niv, i kako za drugite.

        Kaj nas ke go minirat popisot za sluchajno da ne se svati konechno deka shiptarite vo Republika Makedonija ne se povekje od 15 %, i postavuvaat nevozmozhni uslovi, a vo isto vreme, vo nivnata patetichna drzava, postavuvaat drugi nevozmozni uslovi.

        Da ti e merak da gi prezirash...
        Bratot:
        Никој не е вечен, а каузава не е нова само е адаптирана на новите услови и ќе се пренесува и понатаму.

        Comment

        • Јован Кукузел
          Member
          • Nov 2010
          • 103

          #5
          Балканските војни продолжуваат преку пописите

          Пописите што во ист период се изведуваат во Европа и на Балканот, кој сака да биде Европа, всушност покажуваат зошто Балканот не е добредојдено друштво. Проблемите што ги има Македонија со наддавањето на бројките, ги има и соседството во обратна смисла




          Анализа: Зошто статистичката операција на Балканот е општествена траума

          На еден месец пред одржување на пописот 2011-та, не се знае дали попишувањето ќе се одржи. Дали ќе се спроведе намерата на одредени политички субјекти да го бојкотираат и со тоа да ги проблематизираат неговата целисходност, објективност и валидност. На Балканот турбуленциите што ги предизвикува попишувањето не се исклучок, туку правило. Модерните држави веќе два века попишувањето го сметаат за нужна статистичка операција што се одржува секои пет или десет години. Целта на пописот е да се создаде регистар на најскапоцениот ресурс - луѓето. Собирајќи податоци за бројот на домаќинствата, популацијата, нивниот економски и социјален статус, работоспособност и слично, државата има увид во фактичките состојби и преку нивна анализа може на долг или на среден рок да ги постави, да ги конципира и да ги спроведува политиките за развој на заедницата. Без попис денес не е можно изготвување стратегии за развој.

          На Балканот, се разбира, не е така. Пописот не е статистика во полза на луѓето, туку непријателски чин и првокласно политичко оружје. Затоа овде пописот е стресна ситуација за општествата и причина за меѓудржавни непријателства, меѓуетнички и меѓурелигиски зајадувања. Тоа произлегува од простиот факт дека жителите на балканските држави уште живеат со последиците од распадот на Отоманската Империја - во времето на Балканските војни. Само уште овде постојат држави што не дозволуваат слободно изјаснување на етничката припадност.

          Грција, Албанија и Бугарија, на пример, не признаваат постоење на македонското население или, пак, со секакви озаконети притисоци го минимизираат неговиот број. Од друга страна, секоја од етничките групации во Македонија пред секој попис лицитира со својата бројност, така што неколкукратно ја зголемува својата бројност наспроти Македонците. Оттаму сите пописи на Балканот не се валидни, зашто се некој ги оспорува.

          Политички злоупотреби

          Претпописната лицитација со бројки и изјави, политизирањето на попишувањето, играта со бројките во екот на попишувањето како начин да се дојде до политичка доминација, ја изместуваат суштината на самата операција, но е индикатор или своевиден регистар на политичката незрелост на водачите на етничките и религиските групи, нивната политичка култура, капацитет, резон, а со тоа најреално се одредува нивната „пазарна вредност“ на светската политичка сцена.

          Пописот на Балканот може да биде политички злоупотребен. Секое попишување изведено во кое било време, главно, служи како подлога за креирање политика на закрвување и кавга. Како што се случи во 2002 година во Македонија. Имено, резултатите од пописот тогаш се штелуваа за да се вклопат во претходно донесениот политички рамковен договор. Албанците мораше да бидат над 20 отсто за да профункционира нормата за двојазичност. Поради таквата девијација, на која и кумуваа олеснувачите и домашните потписници на договорот, потоа мораше да се исцртуваат општинските граници од кои најмногу настрадаа Скопје, Струга и Кичево. Скопје стана единствениот главен град во Европа што има селски општини и тоа само за да се задоволи политичкиот услов на албанскиот фактор градот да биде двојазичен, односно тие да имаат две етнички општини. Од тој попис остана во трајно сеќавање претпописната изјава на Али Ахмети дека Албанците мора да се над 20 отсто зашто инаку тој нема да ги признае резултатите на пописот. Резултатите од тој попис до ден-денес останаа контрадикторни и генерално оспорени. Не само затоа што си поднесе оставка Зоран Крстевски, претседателот на Државната пописна комисија, туку и затоа што резултатите ги оспорија германските набљудувачи. Како и да е, Македонците се уверени дека нема 20 отсто Албанци, а Албанците се уверени дека ги има над 30 отсто.

          Реална бројка

          Причината за сомневање за дување на реалните бројки за бројот на населението (етничка припадност, но и години на старост, полова структура) се одрази на избирачкиот список. За него, по изборите во 2008 година, кои во вториот круг беа набљудувани од голем број европски монитори, ОБСЕ изнесе запрепастувачки податок дека постои дискрепанца помеѓу бројот на гласачите и официјалниот број на население. Утврдија вишок од 275.000 гласачи и побараа усогласување на бројот на полнолетно население со избирачкиот список.

          Не е ни чудо што денес Имер Селмани и Мендух Тачи бараат одложување на пописот 2011-та, лицитирајќи со бројка од 250.000 Албанци, кои ќе биле кусок доколку попишувањето се одржи во април.
          Оправдано или не, но некои политички центри мислат дека пописот, кој се одржува во исто време во повеќе држави, има цел да ги преброи Албанците во регионот. И се плашат дека со утврдувањето на реалната бројка во секоја од државите ќе мора да се смени нивната политика заснована на бројноста. Имено, главната причина поради која се бара одложување на пописот во Македонија е да се обезбеди дотур на т.н. шетачки (подвижни или повремени) жители од Косово и од Албанија. А проблематизирањето на мешовитиот состав на попишувачките тимови упатува на сомневање дека одредена политичка групација сака без сведоци да ги фалсификува податоците за својата етничка заедница.

          Пописите што во ист период се изведуваат во Европа и на Балканот, кој сака да биде Европа, всушност покажуваат зошто Балканот не е добредојдено друштво. Проблемите што ги има Македонија со наддавањето на бројките, ги има и соседството во обратна смисла. Стравувањата таму се големи во обратна смисла - тие не дозволуваат слободно попишување на своето население поради стравот на државата од реалната бројка на етничките групи што не се мнозинство, која доколку се утврди, ќе доведе до нужна промена на државните политики. Киро Глигоров уште во 1996 година побара од ОБСЕ спроведување генерален слободен попис на Балканот, како операција што ќе ја утврди фактичката состојба на етницитетите во регионот и во сите држави одделно и со тоа конечно да се затвори историската страница што ја предизвика распадот на Отоманската Империја. Условите кажуваат дека сé уште не е дојдено времето за таков европски потфат. Албанците не сакаат да бидат попишани реално, Македонците и во 21 век остануваат негирани во своите држави во кои живеат како непризнаено малцинство.

          Додека и на Балканот да созрее политичката свест дека попишувањето е корисна алатка на секоја модерна држава што сака на своето население да му обезбеди добра иднина, нам ни преостанува историјата. Белки е точно дека таа е мајка на знаењето и дека од неа дури и Балканците нешто некогаш ќе научат.


          Comment

          Working...
          X