Popisna vojna vo albanija

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    #16
    OMONIA, Organizacija na grckoto malcinstvo vo Albanija se zakanuva so bojkot na popisot dokolku ne se odobrat nivnite baranja kako i baranjata na malcinstvata vo vrska so organiziranjeto na fer i demokratski popis bez kazna za etnickoto izjasnuvanje i vklucuvanje na malcinstvata vo celiot procec na popisot

    Comment

    • Јован Кукузел
      Member
      • Nov 2010
      • 103

      #17
      Официјална Тирана молчи за бојкотот на пописот од страна на малцинствата
      Властите се уште молчат по петочната заедничка декларација на малцинствата во Албанија, со кои тие бараат одложување на пописот и слободно искажување на националноста.
      Од Мисијата на ОБСЕ во Албанија не сакаат да ја коментираат декларацијата. Со свое видување ќе излезат откако албанските власти ќе се произнесат по барањата на малцинствата.
      Албанските медиуми излегоа со најразлични натписи за барањата на малцинствата. Весникот „Шчип" пишува дека членот 20 од Законот за попис е ставен како бебедносен вентил за да се спречи декларирањето на различна етничка припадност.
      Инаку, членот 20 од албанскиот Закон за попис предвидуваше казна од 1.000 долари за сите оние кои ќе се изразат поинаку од Албанци, а притоа нема да имаат потврда од албанските матични служби дека се од друга националност.

      Официјална Тирана молчи за бојкотот на пописот од страна на малцинствата - YouTube

      Comment

      • Јован Кукузел
        Member
        • Nov 2010
        • 103

        #18
        Пописен етноцид во Албанија

        Допуштено е“ постоење неалбанци, но само како припадници на етнокултурна група, на одредена локација и со цврст доказ за потеклото

        Во Албанија „е допуштено“ постоење неалбанци, но само како припадници на етнокултурна (група) зашто мултиетничките општества немале иднина...

        На претстојниот попис ќе може да се изјаснат Македонци, но само на одредена географска локација: на пет километри надвор од Мала Преспа, на пример, се губи правото за изјаснување како Македонец.

        Може да се биде и Грк или Влав, но само доколку за националната припадност лицето што се изјаснува како различен од мнозинскиот народ поседува сериозен доказ и валидна документација за етничкото потекло(?!)

        Допуштено е и правото на неизјаснување што повлекува казна од 1.000 долари според новиот Закон за попис или еднаков износ како и за оние што ќе се изјаснат лажно дека се неалбанци.

        На еден политичар со сериозен стаж на премиер и министерски функции во изминативе две децении му било чудно како како тоа две-три соседни држави барале признавање на малцинства во Албанија.

        Медиумите предупредуваат дека „...малцинствата бараат од меѓународниот фактор во Тирана да се замеша во процесот за пописот“ и заплашуваат дека изјаснувањето за припадност на малцинство било директно поврзано со наводни територијални претензии на соседите.

        Најгласниот противник на попис врз етничка основа - Алијансата „црвено и црно“ обвини дека Законот за попис донесен во почетокот на јули бил „подготвен по инструкции на Грција“. Од Алијансата уште и дополнително заплашуваат и најавуваат иницијатива за бришење на неалбанските топоними на територијата на целата држава. Како што го направиле тоа Грците...

        Вистинска „демократска“ атмосфера пред најзначајната статистичка операција во една земја, пописот, која треба да даде квантитативните податоци за бројот и за составот на населението во Албанија. За да биде хаосот комплетен, има најави дека Законот за попис по кој на 1 октомври треба да стартува операцијата за пребројување на населението согласно со сите европски параметри, ќе биде оспорен пред Уставниот суд. Припадниците на македонското малцинство ќе бараат преиспитување на уставноста на членовите 20 и 21 според кој секој што ќе ја прикаже лажно етничката припадност се казнува со илјада долари. Законот ќе биде оспорен и од припадниците на другите малцински групи, но и од опозицијата, бидејќи има сериозни сомневања дека при неговото усвојување во парламентот на 7 јули годинава бил донесен со лажни гласови на двајца пратеници кои во моментот на гласањето биле - во странство. Доколку Уставниот суд уважи една од двете иницијативи многу е извесно дека пописот може одново да се одложи. Тоа го посакуваат претставниците на малцинствата во Албанија, меѓу нив и македонското, кои пред десетина дена потпишаа заедничка Декларација против актуелниот Закон за попис, оценувајќи го како дискриминаторски и бараат слободно изјаснување на нивната етничка припадност.

        Значи, малку или речиси ништо не се измени во изминативе шест месеци откако поради неподготвеност и силно противење на припадниците на малцинствата пропадна беше одложен пописот на населението во Албанија што требаше да се одржи во април. Клучните прашање дали и како да се изјаснуваат припадниците на малцинствата не е решен позитивно. Уште минатата година се бараше во пописните формулари таксативно да бидат наведени и припадниците на другите малцински групи што живеат во Албанија. Но, тоа не само што не е сторено, туку се отвори широка дебата дали и воопшто споменувањето на малцинства е добро за албанската држава. Се предлага образец со графа „Албанец“ и графа „други“ резервирана за сите кои ќе се охрабрат да се изјаснат како такви сега откако се води вистинска антималцинска кампања. Истовремено, едно од клучните човекови права – правото и чинот на слободно изјаснување на етничката и верска припадност се криминализираат, стануваат предмет на кривична или прекршочна одговорност, која повлекува парична казна за прекршителите на Законот.

        Луѓето кои во времето на најизопачената форма на социјализам добивале имиња, не такви што се својствени на народот и на религијата на кои припаѓале и не по избор на родителите, туку извлечени од „Именикот“ подготвен од Тирана, сега треба да достават доказ за етничкото потекло. Имено, во времето на Енвер Хоџа, локалните матични служби на секои две години добивале список на имиња што им ги наметнуваа на родителите на новороденчињата. Без разлика од која вера, нација или етникум се, децата добивале име кое го избирале во Тирана. Тешко е да се верува дека мнозинството луѓе во тоа време можеле да бара сертификат за својата национална свест и чувство доколку не биле припадници на мнозинскиот народ.

        Причина за ова е стравот дека во Албанија се случува процес на „погрчување“ на дел од населението кое за моментална или трајна материјална корист, наводно, се подготвени да го сменат националниот идентитет. „Погрчувањето“ на југот на Албанија каде што живее многубројно грчко население, како што пренесуваат некои извори, обезбедува месечна пензија од 400 евра. Наводно, илјадници лица веќе ја смениле својата албанска (!?) националност... Колку има вистина во тоа, а колку се „податоците“ дел од кампањата да се оневозможи нормално изјаснување на пописот, може да се нагаѓа.

        За да се спречело тоа, Партијата за правда, интеграција и единство (попозната како партија на Чамите-Албанци протерани од Грција) го предложи спорниот член во Законот што предвидува казна од 1.000 долари за лажните неалбанци. Членот бил внесен со цел да биде „безбедносен вентил“ за да се спречи злоупотреба и декларирање на етничката припадност заради моментална корист. Малку небулозно, но во согласност со платформата на партијата, која смета дека изјаснувањето за етничката припадност и мајчиниот јазик при попис на населението се правело само во мултиетнички држави.

        „Овие елементи се за мултиетнички држави, како што се Босна и Македонија. Унитарните држави, како што е Албанија, не се опфатени во тоа. Овој процес на самоизјаснување не само што е во спротивност со албанскиот Устав туку тој не се спроведува во ниту една држава во светот“, изјави во една прилика лидерот на партијата, Шпетим Идризи.

        Коментар за ова не е потребен.

        Comment

        • Јован Кукузел
          Member
          • Nov 2010
          • 103

          #19
          Продолжува притисокот врз малцинствата во Албанија

          Десетина дена по декларацијата на малцинствата за одложување на пописот во Албанија, албанските власти се уште молчат. Кај западниот сосед и натаму продолжува јавната дебата за попишувањето на малцинствата.
          Албанските медиуми потсетуваат дека доколку некој се изрази поинаку од албанец, а притоа нема потврда од матичната книга на родените ке заработи казна од илјада долари. Пример беше албанската телевизија Клан, која вчера ги објави повиците на партијата на грците, етничките Грци и Власи да не се плашат и слободно да се изјаснат на пописот,но авторот потсети и на казнените одредби.
          Граѓаните треба да бидат свесни за декларацијата на националноста, бидејќи во спротивно, можна е и примена на казни и санкции.
          За Македонците во Албанија ваквите позиции на медиумите, претставуваат своевиден психолошки притисок организран од албанската држава.
          Васил Стерјовски од Македонска алијанса смета дека Албанските власти се правдаат пред меѓународниот фактор дека нема да ги казнуваат малцинствата, додека преку медиумите вршат психолошки притисок да не се изјаснуваат за неалбанци во спротивно ке бидат казнети.
          Пописите во Албанија и Македонија ке се одвиваат безмалку паралено. И кај нас Демократската Партија на Албанците побара одложување на пописот за во јули идната година. Лидерот на партијата Мендух Тачи смета дека се погрешни барањата на македонското малцинство за одложување на пописот.
          Иако албанската држава гарантираше дека нема да се казнуваат Македонците, сепак македонската алијанса заедно со другите малцинсвта ке го оспорат албанскиот закон за попис пред уставниот суд.в четрвток, претставници од партијата ќе се сретнат и со амбасадорот на евроспката унија во Албанија.

          Продолжува притисокот врз малцинствата во Албанија - YouTube

          Comment

          • Јован Кукузел
            Member
            • Nov 2010
            • 103

            #20
            Малцинствата во Албанија „го дадоа" Законот за попис на Уставен суд

            Претставниците на малциснтвата во Албанија денеска пред Уставниот суд во Тирана покренаа иницијатива за преиспитување на уставноста на делови од Законот за попис.
            - Ние малцинствата бараме бришење на член 20 од Законот за попис со кој се предвидува казна од 1.000 долари за секој кој ќе каже друга национална припадност од онаа која му е запишана во матичната книга на родените, изјави Васил Стерјовски, претставник на Македонците во Албанија.
            Според него, како што јави дописникот на МИА од Тирана, со ваквиот член е предвидена казна која има за цел директно заплашување на малцинствата, дел признати, дел непризнати од албанските власти.
            - И ние што сме признати сме признати само во одделни подрачја. Македонците во Мала Преспа, Грците во јужниот дел кај Химара. Сите други кои живеат надвор до овие подрачја и сите оние кои не се признати како малцинства, во книгите се запишани како Албанци. Значи тие автоматски ќе заработат казна, објаснува Стерјовски.
            Малцинствата неверуваат во јавните настапи на државниот врв дека нема да има казни и оти ќе има слободен попис.
            Слободен попис, првпат во истроијата на Албанија, денеска најави и албанскиот премиер Сали Бериша на инаугурацијата на Центарот за попис, опремен со европски пари.
            Евроамбасадрот во Тирана Еторе Шеќуи, кој присуствуваше на свеченоста, побара реални бројки од пописот.
            Жалба до Уставен суд најави и Алијансата „Црвено-црни", која е против изјаснување по национална и верска припадност на пописот. Таа го опсорува и начинот на донсувањето на Законот, тврдејќи дека во собраниската сала немало доволен број пратеници за негово усвојување

            Малцинствата во Албанија „го дадоа" Законот за попис на Уставен суд - YouTube

            Comment

            • Јован Кукузел
              Member
              • Nov 2010
              • 103

              #21


              Грците побараа попис по македонски модел

              Во европската година на пописи од 1 октомври ќе се вклучат и Албанија и Србија. И во двете соседни земји пописите требаше да се одржат пролетва, но се одложија - во Србија поради финансиски проблеми, а во Албанија поради сериозните забелешки од малцинствата.

              Според информациите до кои дојде „Дневник“, пописот во Албанија ќе се одржи и покрај тоа што сите малцинства и овој пат ќе го бојкотираат.

              - В четврток треба да излеземе со заедничко соопштение. Затоа што владата во Тирана не ги прифати барањата на малцинствата, одлуката на Македонците, Грците Србо-Црногорците, Власите ќе биде пописот да се бојкотира - ни изјави вчера Васил Стерјовски, член на Македонска алијанса за европска интеграција.

              И покрај тоа што Тирана и премиерот Сали Бериша ветија европски попис, сепак малцинствата нема да можат слободно да го искажат своето етничко потекло. Тоа им е законски овозможено само на мал број припадници на малцинствата, кои во време на владеењето на режимот на Енвер Хоџа добиле документи со кои се признава дека тие се припадници на некое малцинство. Ова пред с` се однесува на Македонците и на Грците и нивната бројка заедно е само неколку илјади, односно едвај три-четири проценти од целокупното население.

              Не помогнал ни повикот на лидерот на грчкото малцинство Албанија да го следи примерот на Македонија.



              - Вангел Дуле, лидерот на „Омонија“, им го однесе во парламентот Законот за пописот од Македонија и повика таков попис да спроведат и во Албанија. Но ништо од тоа - додава Стерјовски.

              Претставниците на малцинствата неодамна побараа да се укине казната од 1.000 долари за давање лажна изјава, со што практично припадниците на малцинствата нема да сакаат слободно да ја искажат својата етничка припадност. Од друга страна, не се прифати ниту предлогот малцинствата да бидат вклучени во сите фази на процесот. Поведена е и постапка пред Уставниот суд заради тој член, но судот најверојатно ќе се изјасни откако ќе заврши пописот.

              На 1 октомври и Србија ќе се пребројува за прв пат од 2002 година. За Македонците ова е важен попис зашто ќе имаат можност повторно да се пребројат, но овој пат по ерата на Слободан Милошевиќ. Познато е дека на последниот попис се пријавени само околу 26.000 Македонци, што беше двојно помалку од претходниот попис.

              Се смета дека тоа се случило поради разните притисоци на режимот на Милошевиќ. Претпоставките се дека денес во Србија живеат околу 50.000 жители со македонско потекло.

              Comment

              • Јован Кукузел
                Member
                • Nov 2010
                • 103

                #22
                Совеста на Македонија


                Малцинствата во Албанија дефинитивно ќе го бојкотираат пописот

                Преставници на македонското, грчкото, српското, црногорското, ромското и влашкото малцинтво денеска во Тирана потпишаа заедничка декларација и ги известија албанските власти и меѓународниот фактор дека ќе го бојкотираат пописот што почнува на 1-ви октомври.


                Малцинствата се незадоволни што владата не прифати ниту едно нивно барање. Малцинствата не се вклучени во ниту една фаза на подготовка на пописот, немаат свои преставници во комисиите од центрано до регионално ниво, исто така, немаат свои попишувачи, формуларите за попишување не се на јазикот на малцинствата, а не е направено ништо за информирање на граѓаните и на преставниците на малцинствата во врска со пописот.


                Одлуката за бојкот на пописот, како што велат преставници на македонската заедница, доаѓа по сите напори да гсе убедат албанските власти и малцинствата да бидат дел од целиот процес на пописот.


                „Заклучивме дека пописот нема за цел реална евиденција на малцинствата, туку нивно вештачко намалување. Во овие услови со ваков закон за попис кој предвидува казна од 1.000 долари за сите што ќе се изјаснат за неалбанци и без наше вклучување во целиот овој процес сметаме дека нема услови за фер и демократки попис", вели Васил Стрерјовски од Македонската алијанса за европска интеграција во изјава за „Макфакс".


                „Власта со методи од комунистичкиот период се обидува вештачки да го намали бројот на малцинствата. Ние изјаснуваме дека нема да го признаеме пописот и неговиот производ. Бараме од сите членови на малцинства да не се вклучуваат во еден процес кој не му служи за решавање на актуелните проблеми, но на нивно зголемување и понатамошно конфронтирање", изјави Васил Болано, претседател на грчката организација Омониа при денешното потпишување на заедничката декларација во Тирана. /крај/ач

                Comment

                • Јован Кукузел
                  Member
                  • Nov 2010
                  • 103

                  #23
                  Македонците и другите малцинства во Албанија дефинитивно ќе го бојкотираат пописот - YouTube

                  Македонците и другите малцинства во Албанија дефинитивно ќе го бојкотираат пописот

                  И покрај тоа што премиерот Сали Бериша вети европски попис, Македонците и другите малцинства во Албанија оваа статистичка операција ќе ја бојкотираат, бидејќи не може слободно да ја искажат нивната етничка припадност, немаат свои попишувачи и членови на пописните комисии. Пописот во Албанија поради истите причини малцинствата го бојкотираа и пред десет години.
                  Македонците во Албанија, заедно со припадниците на другите малцинства и официјално соопштија дека нема да се попишуваат. Тие сметаат дека нема услови за реален попис.

                  - Затоа што владата не прифати ниту едно барање од малцинствата. Сметаме дека во овие услови нема можност за фер и демократски попис и оти пописот ќе се фалсификува. Немаме наши членови и попишувачи и сметаме дека овој процес веќе однапред е фалсификуван, изјави Васил Стерјовски од македонската партија.

                  За нас додава Стерјовски, Законот за попис е дискриминаторски. Со член 20 од законот се предвидува казна од илјада долари за секој граѓанин што на пописот ќе декларира национална припадност различна од впишаната во матичната евиденција. Тоа значи дека, Македонците, кои, како такви се признаваат само во областа Мала Преспа, може да се изјаснат тоа што се само во оваа област, додека оние во Голо Брдо, Гора и другите делови на Албанија, немаат можност да се попишат она што се.

                  -Сметаме дека не само што нема да се прикаже реалната бројка туку вештачки ќе се намали и сегашната бројка на малцинствата која се признава, осебно Македонците во Мала Преспа и селото Врбник. Сметаме дека вештачки ќе бидеме намалени. Значи ова е дискриминирачки, вели Стерјовски.

                  Албанските власти признаваат само околу 60 илјади од над три милионската популација, додека малцинствата тврдат дека се една третина. Инаку, според директорката на Институтот за статистика Ињес Нурја нема да се попишуваат албанските емигранти кои се надвор од земјата повеќе од една година.

                  Comment

                  • ProMKD
                    Member
                    • Oct 2011
                    • 367

                    #24
                    Благодарам за информациите Јован Кукузел! Македонците во албанија треба да го бојкотираат пописот, добро направиле. Неправдата не може вечно да се трпи, а Македонците со векови трпат неправда, лицемерие, и кодошење. Време е да ги искористиме институциите коишто беа користени против нас и Вардарска Македонија во 2001 година па наваму. Време е сите Македонци, поготово тие што се сега во албанија, да се кренат на нозе и да бараат поддршка и силно да се борат за своите права.

                    Со вас сме браќа!
                    www.everythingmacedonia.com
                    Support tourism to Macedonia!

                    Comment

                    • Јован Кукузел
                      Member
                      • Nov 2010
                      • 103

                      #25
                      Македонците не веруваат во изјавата на Хаџинасто за реален попис

                      Претставниците на Македонците во Албанија не веруваат во тврдењето на шефот на албанската дипломатија Едмонд Хаџинасто дека во неговата земја се спроведува попис според европски стандради и оти ќе биде во согласност со реалната состојба на терен кога станува збор за бројот на македонското и другите малцинства.

                      - Не веруваме во изјавите на министерот Хаџинасто дека Албанија ќе спроведе попис според европски стандарди затоа што ако Албанија сакаше да направи попис по европски стандарди ќе ги вклучеше малцинствата во целиот процес на пописот, со наши членови во комисииите од централно до регионално ниво, со наши попишувачи и ќе овозможеше нормални услови за секој да ја декларира својата етничка припадност без страв дека ќе се казни со илјада долари ако се декларира како неалбанец - изјави Васил Стерјовски од партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција.

                      За пописот и се она што ги мачи Македонците, на средбата со министерот Поповски го запознала делегацијата на Македонците претводена од Атнан Ќејвани. (В.Т.)

                      Comment

                      • Јован Кукузел
                        Member
                        • Nov 2010
                        • 103

                        #26
                        Во Албанија бојкот, во Србија без проблеми, во Бугарија на ситно

                        Македонците во Албанија не му веруваат на министерот за надворешни работи Едмонд Хаџинасто дека се спроведува попис според европски стандарди




                        Борче Величковски (Србија) / Стојко Стојков (Бугарија) / Васил Стерјовски (Албанија)

                        Како не пребројуваат соседите

                        Претставниците на Македонците во Албанија нема да го прекинат бојкотот на пописот, и покрај тоа што шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ги повика да учествуваат во процесот, порачувајќи им дека нема да има казни. Едмонд Темелко, претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, предупреди дека продолжуваат притисоците врз македонското малцинство, без разлика на тоа што официјална Тирана го тврди.

                        Темелко истакна дека албанските власти продолжуваат со политиката на двојни аршини, едно зборуваат пред меѓународните претставници, а друго спроведуваат во самата држава. Според него, не може да нема казна ако казната с уште постои во Законот за попис.

                        На средбата со македонските претставници во Тирана, Попоски бил запознаен со проблемите со кои се соочуваат во Албанија, почнувајќи од пописот до прашања од областа на образованието и на културата.
                        - Ние разговаравме за проблемите што во Албанија ги имаат Македонците во Гора, Голо Брдо, Преспа и во градовите, за пописот и за албанските закони, за заканите со казна од илјада долари ако не се попишеме како Албанци. Ние му кажавме дека сме Македонци со мајчин македонски јазик. Го запознавме со тоа каква е ситуацијата во Албанија, дека имаме заеднички став со другите малцинства да го бојкотираме пописот - изјави Аднан Ќејвани, претседател на друштвото „Гора“ и потпретседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

                        Според него, Попоски им кажал дека добил ветување од својот албански колега Едмонд Хаџинасто дека нема да има казни и ги повикал да не го бојкотираат пописот. Хаџинасто нагласи дека во неговата земја се спроведува попис според европски стандарди и дека ќе биде во согласност со реалната состојба на теренот, кога станува збор за бројот на македонското и другите малцинства. Претставниците на Македонците, сепак, не му веруваат на албанскиот министер.

                        - Не веруваме во изјавите на министерот Хаџинасто дека Албанија ќе спроведе попис според европските стандарди, затоа што ако Албанија сакаше да направи попис по европски стандарди, ќе ги вклучеше малцинствата во целиот процес, со наши членови во комисиите од централно до регионално ниво, со наши попишувачи и ќе овозможеше нормални услови за секој да ја декларира својата етничка припадност без страв од казни ако се декларира како неалбанец - нагласи Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција.

                        Претходно и шефот на албанската држава Бамир Топи на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов вети дека нема да има казни за спорниот член 20 од Уставот на Албанија, кој, иако обжален и на Уставен суд, с уште стои во Законот за попис. Малцинствата во Албанија побараа бришење на овој член бидејќи со него е предвидена казна од 1.000 долари за секој што ќе каже друга националност од таа што е наведена во матичната книга на родените.

                        Попис на населението се спроведува и во соседна Србија, каде што, и покрај некои одделни повици за бојкот, операцијата се одвива без поголеми проблеми. Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонците во Србија, потврди дека нема посериозни проблеми при попишувањето и дека врз македонското малцинство немало притисоци од политички партии или од властите. Тој вели дека советот, чија кампања се одвиваше под слоганот „Кажи кој си и не бери гајле“, има контролори во седум српски града, меѓу кои и во Белград, односно Нов Белград, Ниш и Краљево. Станува збор за контролори што во името на сите малцинства во Србија го набљудуваат процесот на попишување. Според Величковски, единствен проблем претставува слабата медиумска кампања за пописот, особено тоа што на државните медиуми нема спотови на јазик на малцинствата.

                        Бугарија во февруари спроведе пребројување на населението, а резултатите покажаа дека само 1.609 лица се изјаснија како Македонци. Стојко Стојков, претставник на ОМО Илинден-Пирин, вели дека таквиот исход не е реален и дека е резултат на манипулација на бугарските власти. Според Стојков, при попишувањето не било задолжително да се пополни графата за етничка припадност, па така околу 740.000 лица не се изјасниле за припадноста. Тој нагласува дека никој не може точно да каже колку Македонци има меѓу лицата што не се изјасниле за припадноста. ОМО Илинден-Пирин не ги призна резултатите од пописот и ги извести сите надлежни меѓународни институции.

                        Огорченост од официјалната политика на соседите кон нашето малцинство има и кај претставниците на Македонците во Грција, каде што во мај исто така беше спроведен попис. Павле Воскопулос, претседателот на партијата на Македонците Виножито, вели дека Грција традиционално не организира попис што ќе вклучува каква било разноликост. Тој нагласува дека се залудни реагирањата до Советот на Европа, бидејќи грчките власти ги игнорираат нивните препораки и одлуки. На пописот, кој е задолжителен за што сите се наоѓаат во Грција, нема графи за изјаснување за мајчин јазик и национална припадност.


                        Comment

                        • Јован Кукузел
                          Member
                          • Nov 2010
                          • 103

                          #27
                          Odlicno intervju na pretsedatelot Ivanov za albanskiot vesnik Gazeta Shqiptare. Spored pretsedatelot Ivanov: Makedonskiot model na popis da se sprovedi vo drugite zemji vo regionov i Makedoncite koj ziveat tuka da mozi slobodno da se deklariraat. Isto taka dodava svesen sum za zabeleskite sto Makedoncit vo Albanija gi imaat za popisot vo Albanija posebno za moznosta slobodno da ja deklariraat svojata etnicka pripadnost i deka nivnite zabeleski gi delat i drugite malcinstva vo Albanija, za ova razgovarav i so pretsedatelot Topi i se nadevam deka Albanija ke bidi sposobna da najdi model da popisot se sprovedi celosno bez negiranje. Isto taka pretsedatelot Ivanov dodava deka Ohridskiot dogovor mozi da se sporvedi i vo sosednite zemji kade sto ima heterogeno naselenie, bidejki takva e situacijata na Balkanot.
                          Na prasanjeto kakvi se problemite na makedonskoto malcinstvo vo Albanija pretsedatelot Ivanov odgovara: Првиот проблем на нашата заедница во Албанија е што досега не можеше да се определи во опсегот заради проблемите на пописите. А освен во Мала Преспа, доста Македонци живеат и во Голо брдо, Горанските села, Тирана, Корча, Елбасан и други градови. Тие имаат проблеми со образованието на мајчин јазик, со медиумската затвореност, вработувањето, претставувањето во политиката и многу други. Претседателот Топи лично се заложи за слободна етничка определба на пописот и се надевам дека тоа така ќе биде, макар што сум запознаен дека во праксата има тешкотии со тоа. Би сакал македонската етничка заедница во Албанија како заедница да стане позначаен фактор во општествено-економскиот, демократски развој и културен развој и напредок на Албанија. Владата се разбира може многу да помогне во тоа, особено во економскиот, образовниот и културниот сектор.

                          Comment

                          • Јован Кукузел
                            Member
                            • Nov 2010
                            • 103

                            #28
                            Интервју на ВАСИЛ СТЕРЈОВСКИ , ЧЛЕН НА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА ЗА СПИСАНИЕТО СВЕДОК



                            АЛБАНИЈА НЕ СПРОВЕДУВА ДЕМОКРАТСКИ ПОПИС ЗА ДА НЕ СЕ РАСПАДНЕ КАКО АВСТРО-УНГАРИЈА



                            Разговарала: Жаклина ТРПЕВСКА



                            Официјалните изјави на албанските власти се дека Албанија спроведува демократски попис. Во тој контекст е изјавата на шефот на албанската дипломатија, Едмонд Хаџинасто, по средбата со колегата Никола Попоски, како и уверувањето што го добил македонскиот претседател, Ѓорге Иванов од својот албански колега, Бамир Топи, дека тој се лично се заложил за слободна етничка определба на пописот. Но, ништо од ваквите изјави, состојбата на теренот е поинаква.

                            -Ние веќе реагиравме на изјавите на Хаџинасто оти Албанија ќе спроведе фер и демократки попис и кажавме дека тоа е чиста демагогија. Веќе стана практика албанските дипломати едно да зборуваат на официјалните средби со своите колеги од други земји и пред меѓународниот фактор, а друго да прават на теренот во Албанија. Всушност, Албанија беше принудена да направи попис, кој го финансира Европската унија, во кој ќе има прашања за етничка и за верска основа, што беше барање на Советот на Европа, а бидејќи веќе 20 години тоа го бараат и малцинствата. Владата се обврза да спроведе ваков попис, но докрај го злоупотреби. Заводот за статистика, кој беше назначен да го спроведува пописот, во текот на една година три пати го менуваше пописниот формулар, а на крај го смени и прашањето кое на почетокот гласеше - на која етничка група ѝ припаѓате - во сегашното - на која етнокултурна група ѝ припаѓате. Уште од самиот почеток малцинствата ја поздравија иницијативата на Владата да спроведе попис врз етничка основа, исто така, имаа и неколку средби со Државната пописна комисија, која не прифати ниту едно нивно барање. А на крај се измени и Законот за попис и на барање на партијата Правда, интеграција и единство се воведоа и санкции од 1.000 долари за секој што ќе се изјасни за неалбанец, а притоа во регистрите на матичната служба е заведен како Албанец. Според овој Закон, само Македонците во Мала Преспа и во с.Врбник, како и Грците во јужна Албанија ќе може слободно да се изјаснат, додека другите Македонци, оние што живеат во Голо Брдо, Гора, во другите градови на Албанија, како и останатите малцинства ќе бидат под притисок при изјаснувањето поради можноста да ги казнат со 1.000 долари. Малцинствата остро реагираа на овој Закон затоа што го сметаат за дискриминирачки и го оспорија пред Уставен суд, кој по жалбата на малцинствата треба да расправа по пописот. Исто така, за ова се известени и сите меѓународни иституции во Албанија. Албанските власти се правдаат пред меѓународните институции дека не се многу среќни што изгласале ваков Закон, но биле принудени поради притисокот од националистите и од партијата Правда, интеграција и единство да го донесат, но оти нема да го применат. Исто така, во текот на цела година се вршеше психолошки притисок преку медиумите за малцинствата да не ја декларираат својата етничка припадност. Всушност, откако се донесе Законот за попис, секој медиум им даваше до знаење на граѓаните да внимаваат кога ќе се изјаснуваат за својата етничка припадност, односно ако нивните податоци не содејствуваат со податоците од регистрите во матичната служба ќе бидат казнети со 1.000 долари. Сепак, за поздравување е интервјуто на претседателот Иванов за „Газета Шиптаре“, во кое прв пат македонски функционер, за еден албански медиум, отворено зборува за проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија, како и за пописот, за образованието на мајчин јазик, вработувањето, медиумската застапеност и др. Сметаме дека и Македонија треба да се грижи за Македонците во Албанија така како што Албанија се грижи за Албанците во Македонија, односно треба да бара и повеќе отчет затоа што македонската држава е пример за почитување на правата на малцинствата во Европа. Албанија треба многу да поработи во тој правец.

                            ➢➢Зошто европските стандарди за демократски попис не би важелеза Република Албанија? Зошто меѓународните институции имаат двојни аршини? Нели треба да постои реципроцитет, односно какви права за Албанците во Македонија, такви права и за Македонците во Албанија.

                            -Мислам дека Албанија нема така лесно да помине во Советот на Европа, бидејќи го злоупотреби целиот процес на пописот. Прв пат малцинствата настапија обединети и претпоставувам дека со своите факти и аргументи ги убедија сите меѓународни институции во Албанија дека оваа држава не дозволува слободно изјаснување за националноста и на секој начин се обидува да го прикрие реалниот број на малцинствата што живеат во неа.



                            ➢➢Од што се плаши Албанија, зошто не спроведува демократски попис?



                            -Еден од главните аргументи на националистите, кои се против попис со прашања за етничка и за верска основа, е дека во случај ако се спроведе ваков попис вештачки би се зголемил бројот нa малцинствата и со тоа Албанија би станала мултиетничка држава, а, според нив, ваквите земји немаат перспектива. Така, според нив, постои опасност Албанија да се распадне исто како што се распадналa Австро-Унгарија и Отоманската империја. Тие сметаат дека овој попис е противуставен и сега немало потреба да се спроведува затоа што Албанија не е мултиетничка држава. Веќе неколку пати малцинствата излегоа со заедничка декларација во врска со пописот, но албанските власти останаа глуви на нивните барања и не прифатија ниту едно. Така, уште пред почетокот на пописот претставниците на малцинставта решија да го бојкотираат и обвинија дека власта подготвува пописен фалсификат. Главните барање на малцинствата се однесуваа на тоа и тие да бидат дел од целиот процес на пописот, односно да имаат свои членови во пописните комисии од централно до регионално ниво, како и свои попишувачи. Исто како што Македонија спроведува попис во кој малцинствата се дел од целиот процес, односно само така ќе можеше да се гарантира дека власта нема да прави пописен фалсификат. Од Државниот завод за статистика не убедуваа дека тие се професионалци и оти треба да им веруваме дека ќе спроведат фер и демократски попис. Како да им веруваме дека ќе се спроведе фер попис кога самите Албанци веќе 20 години не признаваат ниту еден изборен циклус, при што обвинуваат дека власта ги фалсификува изборите, а од нас да се очекува сега да им поверуваме оти ќе ни ги кажат реалните бројки од пописот на малцинствата. Исто така, малцинствата бараа да се избрише спорниот член 20 од Законот за да не бидат под притисок дека ќе ги казнуваат со 1.000 долари ако се изјаснат за неалбанци. Потоа, баравме во регистрите во матичната служба да се внесе националност за секој што ќе се изјасни за неалбанец. Но, власта не го прифати и ова барање, така што секој што ќе се изјасни за неалбанец во официјалните документи и натаму ќе фигурира како Албанец и за него нема да има малцински права. Така, по завршувањето на пописот власта ќе излезе со една бројка колку вкупно има малцинства во Албанија, но со овој закон не е принудена да даде им малцински права. На пример, ќе каже дека во Корча има 500 Македонци а не и нивните имиња, а со закон е забрането да се каже кој како се изјаснил и државата нема обврска на овие лица да им даде малцински права.



                            КОЛКАВА БИ БИЛА БРОЈКАТА НА МАКЕДОНЦИ ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА?

                            - Реална бројка не се знае, бидејќи досега Албанија не реализирала попис врз етничка основа. Албанија официјално признава дека има 4.100 Македонци и тоа во Мала Преспа. И пред 60 години признаваше 5.000 Македонци. Ако во 60-годишен период населението на Албанија е зголемено за неколку пати, бројот на Македонците, според Албанија, е намален и произлегува дека нема раѓања, а се знае дека во комунистичкиот период во Мала Преспа беше традиција семејството да има повеќе деца. Секој Македонец кој се иселуваше од Мала Преспа во другите делови на Албанија се заведуваше како Албанец и затоа денеска државата тврди дека има само 4.100 Македонци. Во периодот од 1945 до 1949 г. Албанија ги признаваше и Македонците од Голо Брдо и тие имаа одредени права- да пишуваат на македонски во училиштата, а и во матичната служба беа заведени како Македонци. По резолуцијата на Информбирото, кога се влошија односите меѓу Албанија и Југославија, продолжија да се признаваат само во Мала Преспа. Во 1991 г. само едно село во Голо Брдо имаше 8.000 жители, сите Македонци. По 1991 г. многумина Македонци, особено од Голо Брдо, емигрираа во поголемите градови, бидејќи условите за живот се уште се катастрофални, нема асвалтирани патишта, лекари, затворени се средните училишта, а не се отвори граничниот премин Џепиште-Требиште кој го поврзува Голо Брдо со Дебар. Голо Брдо природно гравитира кон Македонија и со овој премин ќе заживееше областа, зашто патот до Дебар од сегашните 80 км ќе се скратеше на три километри.



                            ➢➢И покрај пораката од македонскиот министер Попоски да не го бојкотирате пописот оти немало да има казни, Вие цврсто стоите на Вашиот став за бојкот?

                            Сите малцинства цврсто стојат на ставот да се бојкотира пописот и ние нема да ги прифатиме резултатите што ќе излезат од овој попис. Доколку го признаевме овој попис на начинот на кој се организира ќе дадевме можност на Албанија да н избрише. Казната с уште ја има во Законот и допрва ќе видиме дали власта ќе ја спроведе. Албанија веќе се оцрни пред европските институции и грчките европратеници побараа да се произнесе и Европскиот парламент околу Законот за попис во Албанија, особно за делот што предвидува казни за етничката припадност. Законот влеа страв кај малцинствата, кои преку медиумите се заплашуваат од националистите и од партијата Правда, интеграција и единство со казна ако се изјаснат за неалбанци. Иако албанските дипломати тврдат пред меѓународниот фактор, како и на средбите со македонскиот врв, дека нема да го спроведуваат Законот во делот на казната, сепак, не излегуваат јавно и на граѓаните на Албанија не им кажуваат слободно да се изјаснат и да не се плашат, односно дека нема да се казнуваат за нивната етничка припадност.

                            ➢➢Притисоците околу изјаснувањето на Македонците во Албанија веќе се почувствуваа на терен?

                            -Стравувањата на малцинставта се остварија и уште првите денови излегоа на виделина проблемите и напорите на власта за фалсификат на пописот. Во областа Голо Брдо и Гора попишувачите имаат инструкции на граѓанинот да не му ги поставуваат прашањата на која етнокултурна група ѝ припаѓа и кој е јазикот што го зборува дома или кој е неговиот мајчин јазик. Еден од арументите кој попишувачите им го даваат на лицата кои инсистираат да се попишат како Македонци во овие области е дека такви се наредбите и оти јазикот кој го зборуваат во Голо Брдо и во Гора не се пишувал исто како и јазикот што го зборуваат Ѓупците, кој не се пишувал. Најверојатно потоа попишувачите сами ќе ги пополнуваат овие прашања. Веќе го известивме ОБСЕ што се случува на терен. Во градовите, пак, попишувачите попишуваат со молив, оправдувајќи се дека во случај ако погрешат дома ќе ги поправаат грешките, што остава простор за сомнеж дека тие ќе ги бришат овие прашања. За ова реагираа македонското и грчкото малцинство.

                            ➢➢Во областа Мала Преспа Македонците се признати како малцинство и имаат право да учат на македонски јазик. Но, што е со областите Голо Брдо, Гора каде што не се признати?

                            -Областа Голо Брдо има 22 чисти македонски села, а областа Гора има девет, а и таму се зборува на македонски јазик. Повозрасните и децата не знаат албански, малите го учат кога ќе тргнат в училиште. Голема е и миграцијата од овие области во внатрешноста на Албанија, односно во поголемите градови. Досега само во Мала Преспа пописот тече без проблем и се потврдуваат нашите забелешки дека со овој попис власта сака да докаже дека само тука живеат Македонци.


                            Comment

                            Working...
                            X