И МАЛА ПРЕСПА КЕ ЈА СЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА НА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    И МАЛА ПРЕСПА КЕ ЈА СЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА НА

    И МАЛА ПРЕСПА КЕ ЈА СЛАВИ НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    По повод 8- ми септември Денот на независноста на Република Македонија, Општина Пустец организира богата културно-уметничка програма.
    Чествувањето започнува на 5 се
    птември, со концерт за класична музика во Пустец, каде ке настапат Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанистка, со тромбонистот Кирил Рибарски.
    На 8- ми септември 2012 година, ке се одржи главната манифестација на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, со почеток во 12 часот.
    На манифестацијата ке настапат фолклорните друштва: КУД Илјо Камче Дељо од Богданци, КУД Гердан од Охрид, КУД Пемко Котевски од Прилеп и КУД Преспа од Мала Преспа.
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    #2
    Со концерт на Рибарски и во Мала Преспа почна да се слави македонската независност

    Comment

    • Јован Кукузел
      Member
      • Nov 2010
      • 103

      #3
      Дуото Рибарски со настапи во Корча и Пустец

      Кирил и Милица Рибарски во Корча и Пустец ја одбележаа 35- Годишнината од својата концертна дејност
      На 4 септември 2012 година, во културниот дом “Ванѓуш Мио” во Корча, ДУО РИБАРСКИ -Милица Шперовиќ Рибарски, пијано и Кирил Рибарски, тромбон, во Корча, одржаа концерт за клисична музика.

      Љубителите на музиката во Корча имаа можност да присуствуваат на прекрасната изведба на Кирил Рибарски, еден од најпознатите македонски и светски тромбонисти, за кого велат дека е Паганини на тромбон. Тој, во придружба на својата сопруга Милица Шперовиќ-Рибарски, ги изведе Танц на огнот" од Де Фаља, Хабанера" од Морис Равел, Соло Мио" и др. Милица Шперовиќ-Рибарски ги изведе Врата вино", Огномет", Фантазија импромити оп.66, цис-мол од Ф.Шопен и др.

      Nastap_vo_Pustec

      Како гостин на концертот настапи и Емил Рибарски, пијано со Етида оп.10 бр.9 во еф-мол од Ф.Шопен и Етида оп.8 бр.2 во фис-мол.

      Корчанската публика беше водушевена од настапот на Дуото Рибарски кој уште еднаш покажаа дека се вистински амбасадори на Македонија.

      Исто така, на 5-ти септември 2012 година Дуото Рибарски настапи во Пустец, Мала Преспа во рамките на чествувањето што општина Пустец го организираа по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

      Концертот се одржа во просториите на Гимназијата “Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” во Пустец, каде освен настапот на Кирил Рибарски, тромбон и Милица Шперовиќ Рибарски пијано, настапи како гостин и Емил Рибарски, пијано.

      Ова е втор концерт за класична музика во Пустец. Првиот концерт се одржа пред четири години каде и тогаш настапија Кирил Рибарски и Милица Шперовиќ Рибарски по повод прославата на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

      Оваа година ДУОТО РИБАРСКИ ја одбележува 35- Годишнината од својата концертна дејност.

      Дуото Рибарски, Кирил Рибарски тромбон, и Милица Шперовиќ-Рибарски пијано, формирано е во 1977 година. Досега настапувале во триесет земји на Европа, Азија, Северна и Јужна Америка во најпознатите музички центри како Париз, Виена, Рим, Москва, Лондон, Брисел, Њујорк, Монтреал, Прага, Краков, Шангај, Бело Хоризонте, Рио Де Жанеиро, Токио.

      Nastap_vo_Pustec_1

      Nastap_vo_Korca

      Дуото Рибарски со настапи во Корча и Пустец
      Кирил и Милица Рибарски во Корча и Пустец ја одбележаа 35- Годишнината од својата концертна дејност

      Comment

      • Јован Кукузел
        Member
        • Nov 2010
        • 103

        #4
        Настап на Дуо Рибарски Кирил и Милица Рибарски во Корча, Албанија

        Настап на Дуо *ибарски Кирил и Милица *ибарски во Корча, Албанија - YouTube

        Comment

        • TRAVOLTA
          Member
          • Nov 2009
          • 504

          #5
          Thanks for informing us about Makedoncite vo Albania..

          Comment

          Working...
          X