Душата ме боли што незнам да пишувам и читам на мојот јазик
Областа Голо Брдо во Албанија административно поделена е на три општини Требиште, Острени и Стеблево, опфаќајки 20-на села населени со Македонци.
Тука Македонците не се признати од страна на албанската држава и немаат право да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, иако го зборат.
Подолу во целост пренесуваме писмо од жител на с.Тебиште, Голо Брдо објавено во албанскиот весник “Шекули”:
“Ние Албанците продолжуваме да се бориме за еден псеудоидентитет, барајќи да го избришеме правот од славните мината. Идентитетот не е статичен, туку динамичен. Јас сум родена и порасната во Требиште, сум со албанско државјанство и националност, но тоа неможи да го негира фактот дека во училиште, каде што наставниците беа принудени да ни зборуваат на албански јазик, и кога баравме пенкало од другарките, зборувавме на нашиот јазик “по наше”. Затоа, еднаш за секогаш, треба да ставиме крај на хипокризијата. Не зборувам за загрозување на албанскиот територијален интегритет, ниту за претензии за статус на малцинство. Она за што навистина ме боли душата, е фактот дека мојот јазик незнам да го пишувам и неможам да го читам.
Во Италија постојат региони со посебни статуси, каде што жителите се по националност и државјанство италјанци, но во школо, освен италијански учат и на нивниот јазик ( трентино, германски и италијански). И Голо Брдо треба така да биди, бидејки има јазично и етнографско богаство што треба да се конзервира и заштити (ората, свадбарските песни, носиите). И ова богаство е на “нашиот јазик”, “по наше” не на албански јазик”. (Македониум)
Од Елена, Требиште

Comment