Отворена е вратата за либанизација на држ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    Отворена е вратата за либанизација на држ

    Отворена е вратата за либанизација на државата

    Мирка Велиновска



    Граѓаните на Република Македонија надвор од регуларна процедура, а по извршен нестандарден, а насилнички преврат со сестрана логистичка поддршка на евроатлантските „партнери“ (уцени и закани), од вчера официјално добија нов општествен и политички систем.

    Иако не ни беше ветено на ланските избори, преговарачкиот тим предводен од Никола Груевски на зелена маса раководена од странски олеснувачи потпиша капитулација и отвори врата за либанизација на државата.

    Од вчера Македонија е држава во која изборот на граѓаните се сведува на ништо, и тоа без прашање, без негова легална дозвола.

    Фактички сменет е Уставот надвор од законска процедура.

    Поништено е и Собранието како законодавен дом и претставник на изборната волја на граѓаните.

    Извршната власт по овој рецепт на ЕУ-олеснувачкиот тим, а по налог на Викторија Нуланд, ќе ја сочинуваат четири партиски поглавари. Ќе биде консензуална, а одлуките ќе ги формулираат назначени од странство кличковци и јаценуци и ќе траат додека се корисни. Не за народот.

    Она што почна пред 15 години со рамковниот договор и октроираниот устав, ете го во трето полувреме како ескалира кон крајот на македонската држава.

    Заев и СДСМ добија што бараа. Независно од изборната волја на граѓаните, тие секогаш ќе бидат дел од власта. Како и ДУИ, односно сега и ДПА. Според тоа, оделе-не оделе на избори, на граѓаните им е веќе сеедно. Освен ако, не ја земат судбината конечно во свои раце и со поинакви политичари како свои претставници.

    Не се работи за хибрид, оти ги има и успешни (Швајцарија), туку за политички монструм искреиран за надворешни геополитички борби.

    Македонија со ваков систем е осудена на пропаст како држава, и тоа без ниту еден испукан куршум.

    Ваквото искуство во Либан, а по крвава граѓанска војна, не му донесе ништо добро на либанскиот народ.

    Вакви експерименти никогаш и никаде не дале добри резултати оти немаат врска со волјата на домашното население.

    Сега политички се обесмисли плурализмот. Партиски, главните актери се осудени на пропаст оти ја загубија довербата на граѓаните.

    Општествено, Македонија влегува директно во срцето на хаосот што го креира Западот, односно неговите елити.
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X