Македонците од Леринско и Воденско ќе можат да го учат македонскиот јазик во приватно училиште, кое наскоро треба да се отвори во Северна Грција. Ова го најавува новоформираната невладина организација на македонското малцинство во Грција „Образовно и културно движење на Воден“. Имињата на првите луѓе на организацијата што се формираше во Воден засега се држат во тајност поради страв дека Грција ќе започне силен притисок против движењето, кое има цел да му се спротивстави на грчкиот национализам преку афирмација на македонскиот јазик и култура. Далеку од очите на јавноста во Грција веќе се печатат книги на македонски јазик и се изработени 1.500 цедеа со македонски традиционални песни. Првите курсеви се планира да почнат за два месеца.
„Образовното и културно движење на Воден“ планира да го воскресне и весникот на Македонците во Грција „Зора“.
Со ова македонското малцинство го засилува своето дејствување против грчките власти, кои и покрај прозивката од повеќе организации за малцински права и натаму го негираат постоењето на македонско малцинство во Северна Грција. Не се откриваат ниту финансиерите на македонската невладина организација во Грција. Познато е само дека добива поддршка од македонското лоби во Канада и САД. Македонските лобисти од Канада тврдат дека организацијата има повеќе членови и поддржувачи кои не се плашат од грчките власти. Тие потенцираат дека организацијата не е политички мотивирана, ниту пак поврзана со која било политичка партија. И покрај тоа што Македонци од Грција објаснуваат дека грчките власти никогаш не би дозволиле регистрација на македонска невладина организација, Џим Дајкос, македонски лобист од Канада тврди дека невладината организација веќе е регистрирана.
- Првата цел е да се учат младите Македонци за македонската историја и да научат да читаат и да пишуваат на македонски јазик. Освен училиште, ќе се отвори и библиотека. Уште ова лето ќе се одржат првите курсеви во Воден и околните села - вели Дајкос од Обединетата македонска дијаспора.
Од Воден, движењето планира да ја прошири својата работа во Костур и Лерин. Во раководството на организацијата стојат пет имиња, кои не се откриваат.
- Младите не се плашат да си ја кажат својата мисла и да и се спротивстават на грчката пропаганда. Свесни сме дека грчките власти ќе се спротивстават, но не верувам дека Македонците ќе се плашат да ја развиваат својата култура - вели Дајкос. Македонци од Грција тврдат дека во селото Баница веќе има повеќе фамилии што тајно ги носат своите деца во куќа каде што се учи македонскиот јазик. Преку музика, културни активности и семинари, невладината организација треба да биде мост што ќе ги поврзе Македонците од Грција со македонското малцинство од Бугарија и Албанија, како и со македонската дијаспора. Од „Виножито“ тврдат дека не се запознаени дека е формирана македонска невладина организација во Грција.