Вo Треблинка "осамна" Македонија

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Вo Треблинка "осамна" Македонија



    Сивиот камен со натписот Македонија, поставен во паркот на некогашниот нацистички логор Треблинка, од вчера сведочи за државата со најголем процент депортирани Евреи. 98 проценти од македонските Евреи во Втората светска војна завршија во фашистичките логори. Од Треблинка никој жив не се врати. 65 години подоцна нивните потомци, во најголем дел прв пат го посетија логорот, велат простуваме, но нема да заборавиме.
    - Денеска правиме историски чекор на оддолжување кон сите оние кои беззаветно заминаа, но не беа никогаш заборавени. Ние членовите на Еврејската заедница во Македонија велиме, простуваме, но не заборававаме. Денеска докажавме дека никогаш не ги заборавивме нашите најмили. Каменот на кој гордо испишавме Македонија, го оставаме за сите оние кои веруваа во нас, вели Миодраг Тодоровиќ- Козма, претседател на Македонската еврејска заедница.

    7200 Евреи кои по налог на бугарските фашистички власти на 11 март 1943 беа депортирани во Треблинка, повеќе од половина век немаа достојно место во историјата на овој нацистички логор. Досега Евреите од Македонија беа евидентирани како Евреи депортирани од Бугарија.
    - За жал, досега македонските Евреи беа вбројувани како жртви на бугарските Евреи, бидејќи во германските документи за транспорт тие беа запишувани како Евреи од Бугарија, вели Јержи Лач, претставник на полските државни власти.

    На овој начин, велат од еврејската заедница се исправа една историска неправда. Сега спомен-обележјето јасно сведочи дека овде се останати коските и на македонските Евреи.
    Спомен-плочата која се наоѓа веднаш до грчкото обележје ја открија, заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров и претседателот на Евреската заедница во Македонија. Пристутни беа и заменик-мининистерот за култура, Драган Недељковиќ, македонскиот амбасадор во Полска и претставници на полските државни власти.
    - На ова место пред 65 години се убиени 7200 македонски граѓани. На ова место е истребена дел од македонската нација и затоа од исклучително значење е откривањето на каменот на кој пишува Македонија. 1100 од убиение беа деца под десетгодишна возраст и тоа не треба да се заборави, вели заменик-министерот за надворешни работи Петров.

    Првите чекори по пристигањето во Треблинка за петнаестината присутни од еврејската заедница беа чекори на страв и сеќавање на минатото за нивните најблиски. Велат сакаме се да дознаеме...

    Членот на управниот одбор на Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија, Панде Лазаревски, вели дека историјата не треба да ги заборави фактите.
    Денес во некогашниот логор на смртта останати се само спомените сокриени во густата борова шума. Фашистичките власти веднаш по затворањето на логорот во ноември 1943 ги уништиле сите објекти кои можат да посведочат за историјата.
    Треблинка во себе крие повеќе од 900.000 убиени Евреи.
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
Working...
X