I did not translate this as google gives a stupid translation
Историја
Кој е Васил Чакаларов?
Споменикот на македонскиот револуционер Васил Чакаларов е веќе поставен и наскоро ќе биде и свечено отворен. Македонците дознаа за споменикот, но малкумина знаат кој навистина бил војводата Чакаларов. Војводата го имаме на кружниот тек во центарот на Скопје, но не и во учебниците по историја. Чакаларов е човекот кој ја освои најголемата слободна територија во Беломорска Македонија, и која беше под македонска управа многу подолго од Крушевската република. Зошто тоа не се учеше, е друго прашање. Еве дел од неговата биографија.

Васил Чакаларов
Васил Чакаларов е еден од најголемите и најсветли имиња во македонската историја од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Македонски револуционер и деец кој најдолго го држеше отворено македонското прашање во постилинденскиот период. Неговото дело сосема неправедно беше отфрлено од југословенската и македонската историјографија.
Васил Чакаларов е човекот кој ја држеше најголемата слободна територија во Беломорска Македонија, и која беше под македонска управа се до крајот на август 1903 година. Тој беше човекот кој многу добро знаеше дека вистинскиот непријател на Македонија не доаѓа од Цариград, туку од Атина, Софија и од Белград. Најголем дел од својата борба Чакаларов ќе го насочи токму против соседните пропаганди кои се водеа во Македонија.
Голем противник на грчката и бугарската пропаганда
Васил Чакаларов е роден во селото Смрдеш, Костурско, Беломорскиот дел на Македонија во 1874 година. Како и сите деца во овој период, така и Чакаларов морал да биде запишан или во грчко училиште, или во егзархиско. Во 1894 година Чакаларов влегол во судир со грчка учителка која била голем поборник за грцизмот и грчката пропаганда во Костурско, по што бил затворен во затвор во Корча, Албанија. Васил успеал да побегне од корчанскиот затвор и да се засолни во планинските предели на Корешта, Костурско. Со ова започнал авантуристичкиот дел во неговиот живот кој подоцна ќе го насочи кон ослободителното дело.
Чакаларов брзо се приклучува на македонското национално ослободително и револуционерно движење, станува член на Врховниот македонски комитет (ВМК) каде ги остварил првите контакти со видни македонски дејци и револуционери помеѓу кои бил и Борис Сарафов со кого ќе имаат цврсто пријателство и соработка.
Чакаларов ја презел организацијата за пренос на оружје од Атина и Тесалија во Македонија. По ова младиот револуционер бил поставен на чело на Костурскиот реон по што набргу Костурско ќе прерасне во најдобро организирана област. Брзо Чакаларов, заедно со Пандо Кљашев и Лазар Москов стануваат и симболи на македонската борба за самостојност и македонскиот непокор во овој дел на Македонија.
Страшниот гркоубиец

Васил Чакаларов во неговото делување најмногу се борел со пропагандите кои биле присутни во Македонија, пред се со грчката и бугарската. Чакаларов станува вистински ликвидатор на шпионите. Во 1901 година Чакаларов го ликвидирал гркоманскиот шпион Цеман од село Дмбени. Истата година продолжиле жестоките борби на Чакаларов со андартските чети и со грчката пропаганда во Беломорска Македонија со која влегол во директен судир. Чакаларов жестоко се пресметувал со секој грчки елемент во Костурско и Леринско. Грчките власти го нарекле најголем противник на хеленизмот кој Грција воопшто го има. Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле Страшниот Чакаларов гркоубиец и крвожеден комитаџија. Грчките власти по секоја цена ја сакале неговата глава. Но Чакаларов ништо не го поколебало, ниту пак исплашило. Напротив, летото 1902 година кулминирале борбите со грчката пропаганда на чело со Коте од Рулја, Чакаларов бил цврсто решен да ги ликвидира андартските чети кои на Македонија и нанесувале многу поголемо зло од османлиските власти.
Речиси истовремено во Костурско пристигнал врховистичкиот војвода Анастас Јанков кој врвејќи низ цела Македонија, правејќи пустош и кревајќи афери, сакал во Костурско да крене востание. Почнува да се разгорува борбата на Чакаларов и со бугарската пропаганда. Судирот дошол до тој степен што бил неизбежен вооружена пресметка, Но, Чакаларов тогаш му се обратил на Јанков велејќи: Нема да те убиеме, но нема да дозволиме да правиш неред овде, да си играш востание. Слободата ние сами ќе си ја извојуваме, не ја сакаме од тебе. Немој да мислиш дека ќе го оставиме народот да тргне по тебе и да изгори.
Во истата 1902 година Чакаларов ја разгорел борбата со грчката патријаршија на чело со Германос Каравангелис кој бил поставен од грчката влада да ја погрчи Беломорска Македонија. За оваа цел Каравангелис располагал со огромна мрежа на шпиони и андартски чети низ Македонија. Борбата со Каравангелис била долга и жестока, највисоките власти од Атина преку Каравангелис сакале да го ликвидираат Чакаларов. Во акциите на грчките чети биле вклучени и османлиските власти, но сите обиди завршиле без успех.
Една од тие битки е онаа во близина на селото Дмбени, Костурско, поточно кај месноста Локвата и Вињари, во која четите на Чакаларов извојувале блескава победа над многубројната османлиска војска.
Оваа предилинденска битка ја овековечил македонскиот револуционер Лазар Поп Трајков во поемата Локвата и Вињари. Васил Чакаларов бил и еден од делегатите на Смилевскиот конгрес каде се носеле одлуките за претстојното востание. Чакаларов бил за тоа што побргу да се крене сеопшто востание.
Слободна македонска територија, многу подолго од 13 дена

По избувнувањењто на востанието на 2 август 1903 година, Костурскиот реон бил еден од најуспешните на цела територија на Македонија, безмалку цело население било вклучено по разни основи. Вооружените борби со турскиот аскер во костурско биле предводени од Васил Чакаларов како врховен командант, потоа од Пандо Кљашев, Митре Влаот, Лазар Поп Трајков... кои имале 2.000 четници, добро обучени и добро организирани. За кратко време биле ослободени гратчињата Невеска и Клисура, каде веднаш била воспоставена контрола од МРО.
Се создала една компактна слободна територија во која власта била на Македонците. Турските власти испратиле 15.000 аскер. Чакаларов под своја команда држел 450 востаници и при повлекувањето се судриле со турската војска, востаниците со неколку маневри се префрлиле во областа Костенарија каде во неколку места ги казниле сите кои извршиле предавство на МРО, без разлика од која националност се. Походот продолжил кон областа Колонија, Албанија каде Чакаларов ги уништил сите албански банди башибозук кои за време на востанието го ограбувале народот. Сето ова допринело Македонците да го воспеваат името на Васил Чакаларов и да го слават неговото дело, пожртвуваност и храброст. Испеани се многу песни за овој бестрашен војвода.
Се раскажува и за една интересна случка на случајна средба на еден Грк со Чакаларов. Гркот не знаејќи со кого седи почнал да зборува за Чакаларов дека е најомразениот гркоубиец и дека тој лично никогаш не би му простил. На ова Пандо Кљашев, кој бил заедно со Чакаларов му кажал на Гркот дека токму тој, Чакаларов седи спроти него. Гркот видно уплашен почнал разговор со Чакаларов на грчки јазик, кој Васил одлично го познавал. Гркот му рекол дека никогаш не би се посомневал дека не е Грк по тоа како го зборувал грчкиот јазик, а Чакаларов, покажувајќи му ја раката, одговорил: Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.
English subtitles
Vasil Chakalarov [English subs] - YouTube
Za Vasil Chakalarov : Music of Macedonia - YouTube

Comment