She is getting an award in Bitola, here is an interview of her below on Sitel Television
American Actress Daryl Hannah in Macedonia
Collapse
X
-
American Actress Daryl Hannah in Macedonia
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.Tags: None
-
-
Daryl was not really looking her best, but the Macedonian woman interviewer was a loving throwback to communist era hotness ... draped in a monk's robe and ready to start working in the artillery factory. HOT !Risto the Great
MACEDONIA:ANHEDONIA
"Holding my breath for the revolution."
Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com
-
-
She looks good for a 50 year old
The Organizers in Macedonia (according to the article below) were shocked that she didnt have any special demands, they labeled her as a very down to earth person and that she was very happy with our lutenica,ajvar and rakija. She couldnt believe how good our fruit and veggies were, it is something we specialize in.
In Bitola she stayed in Hotel Epinal and she spent a whole day in Ohrid.
ВЕСТ ОТКРИВА ПИКАНТЕРИИ ОД ПРЕСТОЈОТ НА ХОЛИВУДСКАТА ЅВЕЗ*ДА
Деспина и Ксенија ја стокмија Хана
Холивудската актерка им се препуштила за шминката и фризурата на две*те битолчанки, барајќи од нив само да изгледа природно
Шмин*кер*ка*та Ксенија и фризерката Деспина од Битола ја стокмија хо*ли*вуд*ска*та ѕвезда Дерил Хана за свеченото отворање на фестивалот "Бра*ќа Манаки", кога и беше врачена Специјалната камера 300.
Ксе*ни*ја Вангеловска е професионална шминкерка 6 години, школувана во Заг*реб.
"Ме поканија по препорака, и ми рекоа дека ќе треба да ја шминкам Хана. Бев многу возбудена, и имав некаков вид срамежлива трема. Но кога ја ви*дов насмеана на скалите во хотелот, како ни мавта и нe чека со Дес*пи*на, тремата веднаш ми исчезна", ни раскажа Ксенија.
"Ми*ла, непосредна, позитивна", вели за Хана Ксенија, која работела на фо*то*се*сии, но со олку селебрити личност немала контакт.
Сво*јот изглед Хана им го оставила на овие две битолчанки, барајќи од нив да изгледа природно, како сама да се средила. Имале половина час, и ниш*то повеќе. Едната ја шминкала, другата и ја правела пунџата. Деспина Ата*на*сов*ска, која 12 години има свој салон, вели дека Хана не побарала по*себ*на фризура.
"Ос*та*ви сe на мој избор и во мои раце, само ми рече дека не сака да е мно*гу свечена, не сака многу лак, оти сака опуштена фризура", ни рас*ка*жа Деспина.
Тие работеле со нивна опрема. Можеби е чудно за ѕвезда од овој ранг, но де*вој*ки*те биле со најпрофесионални куфери и торби, со луксузна коз*ме*ти*ка и со фризерски алатки, а, очигледно, и со добар занает. Хана била опуш*те*на, слушала музика, и на крајот била многу задоволна.
"Има преубава кожа, свежа и негувана. Можеби има некаков ботокс во ус*ни*те, но главно е многу природна, без брчки. Такво и е и деколтето, ус*пе*ав*ме и него да го нашминкаме", вели Ксенија.
Ѕвез*да*та, како што ги пречекала надвор од апартманот така и ги ис*пра*ти*ла, држејќи го лифтот отворен, додека не се сместат со опремата.
За*до*вол*ни од искуството, насмеани, богати за една средба со холивудска ѕвез*да, Ксенија и Деспина ни рекоа:
"Си поминавме супер, како со најнормален човек".
Пратете ми ракија и лутеница
Хо*ли*вуд*ска*та ѕвезда Дерил Хана вчера рано изутрина замина од Ма*ке*до*ни*ја. На испраќање, таа на срдечните домаќини им порачала во Лос Ан*џе*лес да $ испратат тегли со ајвар и со лутеница, ракија и тутун од При*леп. Бидејќи го фаќала првиот редовен лет за Виена, а потоа за Лондон, од Битола тргнала во еден часот по полноќ. Откако се расонила, со во*о*ду*ше*ву*ва*ње го примила подарокот - филигран со македонски рубин кој $ го дал Дарко Башески, директорот на Филмскиот фонд. И на аеродромот "Алек*сан*дар Велики" во Скопје немала посебни барања. Дури и летала со еко*ном*ска класа. Единствено на влегување во авионот прашала колку трае летот за да може да отспие.
Зав*че*ра, речиси инкогнито, Хана со нејзиното момче музичар биле во Ох*рид. Од нејзината придружба дознаваме дека тие биле многу опуштени лу*ѓе, без никакви посебни барања, без забелешки. Напротив, тие биле от*во*ре*ни и љубопитни да дознаат што повеќе за Македонија. По патот до Ох*рид не се бунеле што е лош, им било објаснето дека се возат по спо*ре*ден пат, поради свлечиштето кај Дебар.
"Ха*на се распрашуваше за јаболката. Што правиме со нив, и ни рече дека овие фармери овде може да живеат многу добро од јаболката, зашто од нив се прави најдобро биогориво", ни велат од придружбата. Дури во де*та*ли Хана објаснувала колку е корисно и едноставно за употреба тој вид го*ри*во.
Во Охрид се прошетале по стариот дел, од Плаошник надолу, се возеле со кај*че, уживале. Хана била воодушевена од охридската архитектура, ги сли*ка*ла куќите со сопствен апарат, мозаиците, од фреските и иконите, од ис*то*ри*ја*та на Македонија. Била отворена кон граѓаните што ја пре*поз*на*ва*ле, не носела црни очила. Се сликала со сите, и со сите зборувала за ајварот. Ручекот во еден од познатите ресторани во Охрид бил совршен за неа. За неа како веган ( вегетаријанка) имало бо*гат*ство од зеленчук на масата, но таа била одушевена и од сите видови ма*ке*дон*ски сирења - бело, биено, кашкавал лот, а во Охрид првпат во неј*зи*ни*от живот пиела и ракија. Ајварот и лутеницата не ги спомнуваме, заш*то тие станале како неминовен зачин на сe што јадела.
"Пос*то*ја*но се воодушевуваше и се чудеше од сочноста на доматите, на ја*бол*ка*та", ни велат нејзините овдешни пријатели.
По еднодневната посета на Охрид, Хана, како вистински професионалец, си*но*ќа пристигна да се поклони на "Браќа Манаки" на филмот "Убиј го Бил2", прикажан во нејзина чест.
Хана користела сауна, турска бања и масажа
И од хотелот "Епинал" во Битола каде што престојуваше холивудската ѕвез*да ни рекоа дека таа била речиси невидлива, без особени барања.
"Ду*ри баравме на Интернет што треба да и готвиме, но таа беше толку от*во*ре*на, што мислиме дека ако уште малку останеше, ќе почнеше да јаде и ме*со", на шега велат од хотелот. Таа била сместена во апартманот Леја ( Ле*ѕа), кој има околу 100-тина квадратни метри и е на 6. кат. Ги користела са*у*на*та, турската бања и масажата. Немаше кој не искоментира дека Ха*на изгледа одлично, не само како за 50 години туку воопшто. Свежа, млада во ду*хот, духовита и нормална. Тешко е да се остане ѕвезда во Холивуд, но она што уште го дознавме е дека Хана живее долги години наназад на фар*ма на 1.000 километри од Л.А., со стотици разни видови животни, и каде што има продукти кои ги одгледуваат за сопствена употреба. Сепак, из*бир*ли*ва*та Хана, не беше избирлива и во Македонија.
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Comment
-
Comment