Bolivia latest country to recognise Macedonia

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Volk
    Member
    • Sep 2008
    • 894

    Bolivia latest country to recognise Macedonia

    Боливија ја призна Македонија под уставно име

    Јужноамериканската држава Боливија доцна синоќа донесе одлука со која ја признава Република Македонија под уставното име, соопшти денеска Министерството за надворешни работи (МНР).

    „Министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, доцна синоќа преку мисијата во ООН, доби писмо од својот боливиски колега, Давид Чокехуанка, во кое беше пренесена одлуката на Владата на Боливија, дека во иднина во билатералната комуникација ќе го користи уставното име на Република Македонија“, се наведува во соопштението.

    Притоа се потсетува дека Боливија беше првата земја од јужно-американскиот континент, која на 15. јуни 1994. година воспостави дипломатски односи со Република Македонија, под привремената референца.

    Со ова бројот на држави кои ја признаваат Република Македонија под уставното име се искачи на 131, откако само пред неколку дена Зимбабве стана 130 -та земја, која ја призна државата под уставно име.
    А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.


    Bravo!!
    Makedonija vo Srce
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15660

    #2
    A timely reinforcement.

    But ... we should note that Bolivia and probably many others refer to "Bi-lateral relations".
    This would mean that they would probably call Macedonia as FYROM when diplomatically dealing with the likes of Greece???
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    • Eddie_rebel
      Member
      • Nov 2009
      • 140

      #3

      Comment

      • Daniel the Great
        Senior Member
        • Nov 2009
        • 1084

        #4
        Thank you Bolivia. Благодарам Боливија. Gracias Bolivia.

        Nice poster Eddie.

        Comment

        • Volk
          Member
          • Sep 2008
          • 894

          #5
          How sad is it, to be thankful for someone to call you by your god given name... for fulfilling a basic human right.

          If the government pushed even harder to open peoples eyes there would be a greater influx of countries that recognise us.

          Hope the government keeps it up and pushes even more..
          Makedonija vo Srce

          Comment

          • Daniel the Great
            Senior Member
            • Nov 2009
            • 1084

            #6
            Originally posted by Volk View Post
            How sad is it, to be thankful for someone to call you by your god given name... for fulfilling a basic human right.

            If the government pushed even harder to open peoples eyes there would be a greater influx of countries that recognise us.

            Hope the government keeps it up and pushes even more..

            Volk, well said. We must be the only people in the world that are fighting for our rightful name and identity, very sad.

            Comment

            • Prolet
              Senior Member
              • Sep 2009
              • 5241

              #7
              Volk, This is a small victory for us, we should be proud of the fact that the decision has been reversed since they established diplomatic relations under fyrom.

              They are going to push even harder no doubt, theres alot of other countries who have to recognize us.
              МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.

              Comment

              • DedoAleko
                Member
                • Jun 2009
                • 969

                #8
                Maybe that's just me, but there might be some connection with Klintons visit to athens these days.It's reported that "the name issue" will be on the top of Klintons agenda there. Maybe USA is putting some pressure on gaylada.Bolivia,Zimbabwe,Siria...Maybe.Well,just to share my thoughts anyway.
                Last edited by DedoAleko; 01-18-2011, 11:22 AM.

                Comment

                • Lügendetektor
                  Junior Member
                  • Jan 2010
                  • 35

                  #9
                  Blogger is a blog publishing tool from Google for easily sharing your thoughts with the world. Blogger makes it simple to post text, photos and video onto your personal or team blog.


                  cheers from Macedonia

                  Comment

                  • George S.
                    Senior Member
                    • Aug 2009
                    • 10116

                    #10
                    As someone stated they can call us fyrom under bilateral relations.Isn't it absurd that macedonia went & cooperated & accepted this nonsensical name.Does anyone need to be in the un with shit conditions like that?Being dictated what you shall call yourself.The whole thing is absolutely absurd,stupid etc call it what you like.We do not have a problem with the name Greece does have a problem why can't it live with it,because they are a bunch of Nazis.Why is greece so scared of a little country choosing to call itself macedonia.This is because it will be a frank reminder of what it has done in the past all illegal stuff on the macedonian people,raping,stealing,genocide you name it greece has broken every rule in the book.
                    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
                    GOTSE DELCEV

                    Comment

                    • Daskalot
                      Senior Member
                      • Sep 2008
                      • 4345

                      #11
                      Muchas Gracias Bolivia! Makedonija te amo!
                      Macedonian Truth Organisation

                      Comment

                      • indigen
                        Senior Member
                        • May 2009
                        • 1558

                        #12
                        Originally posted by DedoAleko View Post
                        Maybe that's just me, but there might be some connection with Klintons visit to athens these days.It's reported that "the name issue" will be on the top of Klintons agenda there. Maybe USA is putting some pressure on gaylada.Bolivia,Zimbabwe,Siria...Maybe.Well,just to share my thoughts anyway.
                        Mozhebi tuka nekade lezhi zajakot, DAleko! Mk vekje go ima smenato imeto za "MEGJUNARODNA UPOTREBA" ushte od 1993-ta godina i na SEGASHNIVE POLITICHKI GARNITURI oko nema da im trеpne za da (ili koga kje) prifatat zamena za BAJRAM/FYROM so SEVERNA, VARDARSKA ili NOVA - Republika X. Problemot e shto Grcite baraat CELOSNO (na megjunaroden plan) brishenje na makedonskiot identitet i ako imaat dostignato delmuno do taa cel na mgjunarodnata scena. Pa otuka proizleguva baranjeto na "razumem kompromis" (Ivanov i kompanija) od Mk "branitelite" i "tvrdiot" Grchki stav za "erga omnes" (seopfatno i zapechateno so dogovor) reshenie.
                        Last edited by indigen; 01-19-2011, 06:42 AM.

                        Comment

                        • indigen
                          Senior Member
                          • May 2009
                          • 1558

                          #13
                          Груевски: Македонија посакува решение на спорот за името
                          Вторник, 18 Јануари 2011

                          Премиерот Никола Груевски во последниот (шести) дел од мега интервјуто за Македонската информативна агенција - МИА говори за односите со соседна Грција и спорот што оваа држава и го наметна на Република Македонија, а се однесува на нашето име и на нашиот идентитет...



                          Ве обвинуваат дека ја менувате стратегијата и одете на исток... Чекори ли Македонија спротивно од евроатлантскиот правец?

                          - Јас сум слушнал многу вакви обвинувања и сите биле без основа. Да се разбереме, ние суштински одиме кон ЕУ и НАТО, ако не одиме ќе кажеме и ќе кажеме зошто. Но, како може да се обвинуваме дека наводно не одиме кон запад, кога носиме закони кои од нас ги бара ЕУ, кои предизвикуваат некакви импликации, кои имаат закани по рејтингот, кои внесуваат отпор кај граѓаните затоа што по дефиниција промените носат отпор, и кои ако не сакаме да одиме кон ЕУ нема да ги носиме. ЕУ во два наврата вели дека се што побарале од нас како реформа и модернизација сме го направиле и дека одиме во насока на ЕУ и сме подготвени за почеток на преговори. Какво тоа наводно вртење кон исток е тоа!? Или, пак, како може да не сме посветени за членство во НАТО, ако партиципираме во мисијата во Авганистан, исто како во Ирак, исто како во борбените групи со Германија, Австрија и уште неколку европски земји и кога јасно е кажано дека сите реформи потребни за НАТО сме ги исполниле. Оваа Влада ги исполни, не онаа на СДСМ. Инаку, не гледам ништо спорно во тоа да се одржуваат контакти и со други земји кои се надвор од НАТО и ЕУ. Па токму земјите членки на НАТО и ЕУ се во своевидна трка кој ќе оствари повеќе контакти и соработка со земјите од третиот свет. Во тие комуникации јас гледам можност за отворање пазари за нашите компании и производи, гледам можност за инвестиции од таму овде, гледам промоција на националниот и државен интерес. И силно работам и посветен сум на тоа. Основниот политички курс е западната алијанса.

                          Да се вратиме на проблемот со името, најавена е нова рунда разговори во Њујорк, претходно со грчкиот премиер Папандреу се сретнавте осум пати во тек на една година, Милошоски исто така имаше повеќе средби со неговиот колега, се вклучи и претседателот на државата Иванов со своја комуникација. Може ли во 2011-та да се очекува нешто на овој план?

                          - Ние многу посакуваме решение на овој проблем. Покрај влијанието на светската економска криза ова е вториот најголем проблем со кој се соочуваме. Проблемот не е нов, тој е стар безмалку колку што е нашата независност. Поранешните влади, премиери, претседатели и министри за надворешни работи не го решија овој проблем, а денес дел од нив уште и говорат дека биле толку неодговорни што практично само купувале време и глумеле преговори. Истите тие луѓе денес „со дрва и камења“ ме напаѓаат дека јас не го решавам овој проблем и дека кога тие би биле на мое место веднаш би го решиле.

                          На кои лица мислите?


                          Јас не верувам дека народот има толку кратко паметење па да го заборавил ова. Но, се чини овие луѓе поранешни челници веруваат во тоа. Бранко Црвенковски денес е најгласниот меѓу нив, а човекот беше премиер кога првпат сите ние чувме за проблемот и беше со неговата партија цели 12-13 години на власт, плус периодот кога тој на нечисти избори ја зазема и пет години ја држеше претседателската функција, поради што и никогаш не стана претседател на сите граѓани. Денес тој се нуди за спасител. Каква иронија?! Каква бесрамност?! Каква дрскост?! Тоа е неодговорно однесување. Човекот кој цела нација децении ја убедуваше со девизата времето работи за нас и не отстапуваме од двојната формула, денес менувајќи позиција на шест месеци и укажувајќи дека сега „сфатил“ дека не може да се продолжи без прифаќање на грчките услови и жестоко напаѓајќи не се обидува себеси да се продаде како некаков наводен европеец спасител.

                          Откако го добив како наследство од СДСМ овој проблем, во сите комуникации досега, како внатре во земјата така и надвор, вложувам максимални напори да се изнајде прифатливо решение. Можеби и немаше ова да ни се случи ако доколку по изјавата на Караманлис дека нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО, некаде есента 2007-ма, Бранко Црвенковски неколку недели подоцна не даде предизвикувачко интервју за весникот „Катимерини“, во кое вели дека ние сме подготвени ако треба и под привременото име да добиеме членство. Таа изјава преку ноќ ја смени климата и стратегијата на Грција и за неколку дена или недели излегоа со нов став, дека нема да дозволат влез во НАТО, додека не се изнајде решение „ерга омнес“ со географска одредница, што подразбира и промена на Уставот. Тоа е позиција од која Грција до денес официјално се држи и повремено ја потврдува. Таа изјава на Црвенковски скапо не чинеше. И за да биде уште посмешно истиот човек излезе по некое време и мене ме обвини за тврдиот став на Грција, наведувајќи го преименувањето на аеродромот како аргумент.

                          Како и да е, откако виде дека ја загуби поддршката на граѓаните, Црвенковски одлучи да не бара втор претседателски мандат и се повлече во опозиција, играјќи токму на овие две карти, името и светската криза. Ние продолживме со напорите за изнаоѓање решение.

                          Дали гледате волја за решение кај Грција?

                          - Мој впечаток е дека Грција не чувствува никаков притисок за решавање на овој проблем или и да го чувствува тој е толку мал, што воопшто не ги загрижува ниту мотивира да направат компромис. Сегашната финансиска криза во Грција ги прави земјите членки на Унијата и пошироко, повнимателни кон Грција, чувствувајќи дека земјата има крупни економски проблеми кои создаваат и политички реперкусии. Од друга страна, актуелното грчко раководство повеќе од една година константно до некаде и успешно ја продава приказната дека тие се многу заинтересирани за брзо решение, дека има константни разговори и напредок и дека потребно е уште многу малку време.

                          А има ли напредок?

                          - Засега има напредок само во делот на подобрување на односите и чести средби. Значи во делот на формата, да, има напредок. И тоа не е дел за потценување. Но, истовремено тоа и воопшто не е доволен дел да се реши прашањето во неговата суштина. Мислам дека Грција барем засега не е подготвена да направи компромис во делот на суштината. 20 години по нашата независност, една година по почетокот на зачестените средби, нашите соговорници се уште имаат сериозен проблем да прифатат дека во оваа држава живеат Македонци и говорат македонски јазик, и тоа воопшто не го кријат.

                          Како ја оценувате изјавата на Али Ахмети дека е потребно американско вклучување за да се реши проблемот?

                          - Во целиот изминат период САД, повремено повеќе, повремено помалку, активно се обидуваат да го олеснат процесот на изнаоѓање решение. Веројатно Ахмети смета на зајакната нивна улога. Јас во повеќе наврати имам кажано дека сечиј обид да помогне е добредојден.

                          Имаше ли периоди кога и кај вас порасна надежта дека ќе има брзо решение?

                          - Да, имаше. Минатата пролет, па и летото, и на сопствена кожа ја почувствував уверливоста при настапот на грчката страна, и на моменти надежта значително ми порасна. Дури и јас лично во еден период почнав да верувам дека конечно имаат одлука да се реши проблемот. За жал, по изјавите на министерот за надворешни работи Друцас, од септември 2010-та со кои уште еднаш ги повтори најрадикалните позиции на неговата земја, таквата моја надеж спласна. Тие изјави неговиот премиер никогаш не ги демантираше.

                          Каква е улогата во овој процес на Нимиц?

                          Човекот дава максимум. Мислам дека вака тешка задача немал во неговата дипломатска кариера. На моменти ми изгледа разочаран, а на моменти и кај него расте надежта, но не се откажува од натамошните напори да се успее, исто како и ние. Тој има чести и редовни контакти со Јолевски и претпоставувам со Василакис.

                          Најавена е нова средба на 9ти февруари?


                          - Да, тоа е добро…

                          Очекувате ли напредок?

                          - Ако судам по минатото, тогаш не би требало да очекувам. Но, секогаш се трудам да верувам дека нештата се менуваат, во новите активности влегувам со оптимизам и нова енергија.

                          Има ли единство во државниот врв?

                          - Да. Никогаш досега немало поголемо единство во државниот врв, и по ова и по сите други покрупни прашања.


                          Се говори дека оваа година сте решени да го решите овој проблем, дека конечно сте сфатиле дека нема друг излез?

                          Од самиот почеток посакувам да се изнајде компромис кој за нас, односно за нашите граѓани би бил прифатлив, и би поминал на референдум. Се разбира, сосема е јасно дека треба да е прифатлив и за Грција. Се надевам дека оваа година кај другата страна ќе има повеќе реална волја да се реши ова прашање, кое покрај тоа што ќе не деблокира, туку и ќе ги отвори портите за многу поширока соработка меѓу двете земји.

                          Ќе дадете ли некој предлог на следната средба?

                          Ние константно разменуваме идеи за време на средбите кај медијаторот. Проблемот е волјата на другата страна да преземе мал ризик, да им објасни на своите граѓани кои со години беа под влијание на националистички лидери, дека имаат сосед кој како прво не им е непријател и нема никакви претензии кон нив во секоја смисла, и како второ дека секој има право да се нарекува себеси онака како сака и да гради сопствен идентитет. Тогаш кога ќе преовлада човечката димензија, наместо националистичката, нештата ќе тргнат. Ако таква реторика почне да провејува во Грција, тогаш шансите за компромис драстично ќе пораснат. Се додека се води една политика за дома, друга пред Европа, нема да има напредок.

                          Имавте ли притисоци за прифаќање на некое решение во 2010та?

                          Да, во еден период имаше огромен притисок, можеби најголемиот досега. Но, тоа помина, и не би се навраќал на тоа.


                          Зошто почесто не се гледате со Бранко Црвенковски?

                          Имав многу средби со него по ова прашање во минатите четири и пол години. Но, наместо посакуваната цел за единство, секогаш следуваше интрига, која постепено ја рушеше довербата. Моментот кога во весник излезе стенограм од нашите разговори околу обидите за градење заедничка стратегија, кој стенограм беше делумно точен, делумно извртен, беше кулминација на неискрениот и неодговорен однос. Сепак, јас не се откажувам. Секогаш кога ќе почувствувам дека неговото вклучување може барем малку да помогне, ќе го повикам, иако држи и тезата дека ако можел и знаел како да го реши, во толку години на власт досега ќе го решел.



                          For fair use only.

                          NB: MIA (and other Mk news source) English translations are not always in full and/or precise and thus it pays to seek out the FULL MACEDONIAN version of any relevant news source if one wants accuracy in what has been said.
                          Last edited by indigen; 01-19-2011, 06:41 AM.

                          Comment

                          • fyrOM
                            Banned
                            • Feb 2010
                            • 2180

                            #14
                            The investments keep coming…hopefully so will the countries recognising RoM.

                            Iran's PCC Mulls $100m Euro Investment in Macedonia



                            Friday, 21 January 2011

                            Iranian Petrochemical Commercial Company is considering a 100 million euro ($135 million) investment in Macedonia, a Skopje-based daily reported on Friday.

                            "Iranian petrochemical producer PCC has got the green light from the Macedonian government, following preliminary talks in December, to draft a detailed business plan for the planned investment," Nova Makedonija reported.

                            Comment

                            Working...
                            X