Education in Macedonian throughout Albania

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Vangelovski
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 8533

    Education in Macedonian throughout Albania

    Apparantly Albanian authorities have agreed to allow Macedonian school children to be educated in Macedonian throughout all of Albania.

    http://www.dnevnik.mk/default.asp?It...87C042A685559D

    Македонскиот јазик ќе може да се изучува на територијата на цела Албанија

    Комитетот на министрите на Советот на Европа, усвои резолуција за спроведување на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства од страна на Албанија, во која Албанија прифаќа да овозможи школување на припадниците на Македонското национално малцинство на свој мајчин јазик од најрана возраст, на целата територија на Албанија.

    Во резолуцијата се вели дека општо земено во Албанија преовладува клима на почитување и толерација меѓу националните малцинства и мнозинството. Во таа насока е усвојувањето на законот за заштита од дискриминацијата во 2010 и создавањето Канцеларијата на Комесарот за заштита од дискриминација.

    Делот кој се однесува на изучувањето на мајчиниот јазик на националниот јазик на малцинствата е донесен скоро по едногодишна дипломатска активност, контакти, состаноци, разговори и преговори меѓу Постојаната мисија на Република Македонија при Советот на Европа во Стразбур, Секретаријатот на Советот на Европа и заинтересираните земји членки.

    Оваа одредба на која се обврзува Албанија, значи дека припадниците на македонското национално малцинство ќе можат да побараат настава на македонски јазик не само во зоните на Албанија каде живее мнозинството од нив, туку и во останатите делови на земјата.

    - Ова е сериозно постигнување за Република Македонија, но не само за Република Македонија и македонското национално малцинство, туку и за Република Албанија, која со прифаќањето и престојната имплементација на оваа одлука, ќе се стави во редот на европските земји кои прифатиле и ичплементирале повисоки стандарди во делот на почитувањето на јазичните права на националните малцинства. Нам како држава ни престои период од активно набљудување и соработка со Република Албанија во поглед на имплементацијата на оваа резолуција, потврди амбасадарот на Република Македонија при СЕ во Стразбур, Петар Поп-Арсов.

    Имено, во извештајот по кој беше донесена резолуцијата се вели дека можностите да се изучува малцинскиот јазик и да се добива образование на тој јазик се недоволни, посебно за македонското и грчкото малцинство надвор од зоните во кои тие традиционално живеат. А не постои настава на српски, црногорски, влашки, аромански или романи.

    Во резолуцијата на Комитетот на министерите на СЕ се нагласува дека албанските власти во мај 2011 година ја укинаа обврската на изводите од матичната книга на родените да стои етничката припадност за лицата со потекло од грчкото и македонското национално малцинство, повикувајќи се на изводите на нивните родители, а не врз слободните изјави на лицата. Ова се практикувало само за македонското и грчкото малцинство во одредени дистрикти на Албанија, со што според Стразбур „претставуваше дискриминација меѓу лицата кои им припаѓаат на различните национални малцинства“.

    Албанија има донесено и план за промовирање на регрутирањето на припадници од националните малцинства во силите на редот, како и сенсибилизација на силите на редот на проблематиката со човековите права.

    Комитетот на министрите сепак е загрижен што Албанија не донела ниту еден закон кој се однесува на националните малцинства и покрај нејзиното ангажирање во рамките на Националниот план за спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.
    Овај закон треба да ги појасни прашањата кои се однесуваат на спроведувањето на Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, а остануваат нерешени и многу други проблеми како правните рамки за признавање на едно национално малцинство, институционалните рамки за организрањето на дијалог со нивните претставници, користењето на малцинските јазици во односите со администрацијата, топографските индикации, двојазичните натписи, ова посебно во географските зони каде традиционално живеат националните малцинства.

    Комитетот забележува дека малцинствата не располагаат со вистински орган кој реално ги претставува, способен да зборува во нивно име и да ги брани нивните интереси, бидејќи членовите на постоечкиот комитет се назначувани од властите.

    Извршниот орган на Советот на Европа нагласува дека резултатите од спорниот попис во Албанија, не треба да да претставуваат ексклузивна информација за развојот на законската и политичката рамка која се однесува на малцинствата. Тука има и препораки за одржувањето на идните пописи и другите собирање на податоци со кои истите ќе бидат поверодостојни со ситуацијата на малцинствата во согласност со меѓународните норми, како и утврдување на мерки и инцијативи за заштита и развој на културниот идентитет и јазикот на малцинствата. Потоа пристап и промовирање на радио и телевизиски емисии на јазикот на малцинствата и реален дијалог со организациите кои ги претставуваат малцинствата.
    If my people who are called by my name will humble themselves and pray and seek my face and turn from their wicked ways, I will hear from heaven and will forgive their sins and restore their land. 2 Chronicles 7:14

    The Revolution was in the minds and hearts of the people; a change in their religious sentiments, of their duties and obligations...This radical change in the principles, opinions, sentiments, and affections of the people was the real American Revolution. John Adams
  • Momce Makedonce
    Member
    • Jul 2012
    • 562

    #2
    Lets hope this is true.
    "The moral revolution - the revolution of the mind, heart and soul of an enslaved people, is our greatest task." Goce Delcev

    Comment

    • George S.
      Senior Member
      • Aug 2009
      • 10116

      #3
      that is good news if they do it.Have they realised Macedonia in the education stakes is light years ahead.Macedonia is beyond the beckoned call.THe Albanian s in Macedonia got education a long time ago.
      "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
      GOTSE DELCEV

      Comment

      Working...
      X