Predavnici!!!

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • VMRO
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1462

    Predavnici!!!

    Грците и Бугарите во коалиција против Македонците и во Албанија ;

    KOALICION ME PBDNJ-PARTIA E GOLLOBORDASVE NE LISTEN E VANGJEL DULES-LAJM - YouTube

    Досегашната македонска Партија за човекови права, која до вчера се претставуваше како македонска, па како граѓанска, сега наеднаш стана бугарска. Изаир Фетаху, инаку Македонец од Елбасан, а по потекло од Требиште, на конференција за печатот молчеше додека Вангел Дуле, лидер на грчката партија ја најави коалицијата со „партијата која ги штити Бугарите во Голо Брдо".


    Изер Фетаху и Вангел Дуле
    Македонска алијанса за европска интеграција, партијата на Македонците во Албанија во денешното соопштение ги отфрла тврдењата на Дуле, претседателот на грчката Партија за човекови права, и уште еднаш повтори дека во Голо Брдо не живеат Бугари, туку етнички Македонци.

    Партијата за демократски просперитет е формирана од 1991 година и досега воопшто не беше активна, па затоа Државната изборна комисија на Албанија ја одби нивната пријава за учество на претстојните парламентарни избори (од седумдесетина партии, само три партии не добија право за учество на изборите поради неисполнување на основните предуслови за постоење на една партија). Оваа партија до вчера во македонската јавност се претставуваше како втора македонска партија. Како таква таа имаше и добар третман во македонските медиуми, а и во македонското Министерство за надворешни работи. Претставници на оваа партија имале и неколку средби со претставници на МНР во Скопје.

    И од вчера наеднаш Партијата за демократски просперитет стана бугарска партија.

    „Жалиме што грчката партија, Партијата за човекови права, е инструмент на грчката и бугарската држава против Македонците во Албанија. Истовремено, жалиме што одредени институции во Македонија ја поддржуваат оваа партија, а се против единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција“, соопштува Македонската алијанса.

    Инаку, партијата на Фетаху подолг период нема никакви активности на територијата на Албанија. Единствената активност на Изеир Фетаху последниве две години е посредништвото во делењето на бугарски пасоши на Македонците од Голо Брдо. Фетаху ова го прави со директна помош на Красимир Каракачанов, претседател на партијата ВМРО-Бугарско национално движење, поранешен соработник на државните безбедносни служби на Бугарија токму на „македонското прашање“.

    Фетаху на почетокот се сметаше како еден од првите борци за македонските права во Албанија.

    Од вчера, тој е во коалиција со грчката партија како бранител на правата на Бугарите во Голо Брдо, Албанија.
    Verata vo Mislite, VMRO vo dushata, Makedonia vo Srceto.

    Vnatreshna Makedonska Revolucionerna Organizacija.
Working...
X