ПРЕДАВСТВОТО НЕ Е ДЕМОКРАТИЈА ТУКУ КРИВИ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    ПРЕДАВСТВОТО НЕ Е ДЕМОКРАТИЈА ТУКУ КРИВИ

    Пишува: Тодор ПЕТРОВ

    Како што јави „Утрински весник“ на 19 мај 2005 година, ексминистерот за надворешни работи, Љубомир Фрчкоски, ден пред тоа „и’ порача на Владата дека ќе биде среќен ако таа му каже на Метју Нимиц дека двојната формула е последен предлог од Македонија и дека е време преговорите во Њујорк да завршат. На тркалезната маса, организирана за спорот околу името со Грција, Фрчкоски изјави дека Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа Резолуција сега е исцрпена и затоа бара да биде примена во ОН под уставното име. Според неговите толкувања на Привремената спогодба, Македонија има обврска да преговара, но не до краен договор, а нашата добра волја да го правиме тоа ни ги затвора другите опции за решавање на проблемот - што, всушност, е и грчката тактика. Тој смета дека во земјата не треба да се дебатира за името на државата како што тоа се иницира со предлогот на Никола Груевски за референдум и дека такво нешто има смисла само ако некој прифати промена на името на државата, а не претходно. Според негови оцени, Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчки интереси, па и не го кријат тоа. На некои мислења и тврдења дека со референцата БЈРМ практично беше сменето името на државата, Фрчкоски реплицираше со став дека ако беше така, немаше да има ваква пресија од страна на Грција, со порака дека токму сега Атина работи на тоа. Толкувајќи го спорот во регионален контекст и оценувајќи ја политиката во однос на ова прашање на експретседателот Киро Глигоров, Фрчкоски се спротивстави на тезата дека неговата улога била попустлива и негативна, бидејќи, според него “тој ја платил цената на раскинувањето на српско-грчката врска, иако важел за ученик на Белград“.

    Ова погоре, не е рубриката „Рипли - Верувале или не“, тоа е Љубомир Фрчкоски, лично и персонално, со превртливи ставови, како и обично, по потреба. И токму така, Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа.

    Од 2005 година, секако, ништо не е променето. Иста е Резолуцијата усвоена при приемот на Македонија во Обединетите Нации на 8 април 1993 година, иста е македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година, исти се страните во разговорите за разликата за името. Изменет е само ставот на Фрчкоски, во меѓувреме, за промена на државното име Македонија. Најверојатно заради тоа што Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа. Обвинувањата, кому колку Грците нуделе за продажба на државното име Македонија, своевремно, не ги пишуваше никој друг, туку самиот Киро Глигоров, во неговите мемоари. Настрана што се уште им е должен на Македонците и на нацијата, да им се извини за лагата, дека времената референца ќе важи само три месеци од приемот во Обединетите Нации, а остана цели 16 години. Независно дали тоа од него го барал генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос Гали.

    Патем, прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа за „самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и придавки! Одлуката на референдум е задолжителна. Затоа, никој нема мандат да разговара, преговара и договара промена на државното име Македонија!

    Единствениот компромис, како израз на добра волја за затворање на прашањето за името во односите со Атина, со консензус, го утврди првиот повеќепартиски парламент: на државното име Македонија ја придодаде уставната референца „Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција, која, за жал, Атина, за првпат во својата историја ја окупира во балканските војни 1912-1913 година, вршејќи геноцид врз македонскиот народ кој континуирано трае до денес.

    Народот и граѓаните го отфрлаат геноцидното барање на Атина и притисоците на европската бирократија и домашните квислинзи за промена на државното име Македонија. Државното име Македонија е неприкосновено и неотуѓиво право, како наследство од историјата за иднината а не право на власта!

    Барањето на Атина и притисокот од европската бирократија за промена на името на Македонија како самостојна и суверена држава претставува геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото и срам за Европската Унија и НАТО!

    Македонците по род и државјанство во целиот свет, како што ни предлагаше евро-амбасадорот Ерван Фуере, ирската формула Република Ирска и Северна Ирска како дел од Кралството Велика Британија, би ја прифатиле веднаш и безусловно во односите со Атина: Република Македонија и Јужна Македонија, како дел од Република Грција! Но за тоа е потребно притисокот, наместо спрема Македонија, Брисел, Стразбур и Вашингтон да го насочат спрема Атина, за да не остане Европската Унија заложник на грчкиот наци-фашизам, расизам, геноцид, антисемитизам и антимакедонизам!

    Македонците се за пристапување во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата, но како еднакви со еднаквите, рамноправни меѓу рамноправните. Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и барањето за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, Македонците го отфрлаат членството во овие сојузи на држави.

    Во западните демократии за одавање на државна тајна судат за предавство, продавањето на државното име се нарекува велепредавство! И затоа, на домашните квислинзи им порачуваме да не заборават, дека предавството не е демократија, туку кривично дело! Промената на државното име Македонија не е право и слобода на мисла и говор, барањето за промена на државното име Македонија е велепредавство, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Оттука и предупредувањето, домашните квислинзи да не заборават, дека ним судот на историјата и судот на народот, кога и да е, ќе им судат и пресудат. Барем ги научивме, бидејќи самите се обележаа и со име и презиме! Колку се погласни, колку повеќе ги злоупотребуваат медиумите и партиите за да го трујат народот и граѓаните, поблиску им е крајот!

    Mакедонците се против промена на Уставот на Македонија заради инкорпорирање на ново државно име за меѓународна употреба, бидејќи такво нема, ниту ќе биде! Меѓународно име е државното име Македонија! Акронимот „Поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име чија замена ја договараме. Ниту пак Обединетите Нации можат име да ни сменат. Повторуваме, за да не се заборави, дека Македонија во Обединетите Нации е примена под името Република Македонија, со времена референца која писмено ја одобрил тогашниот премиер Бранко Црвенковски, заради разликата за името, но тоа воопшто не значи обврска за промена на државното име Македонија! Бранко ни тогаш, ни кога и де, немал активна легитимација во името на државата Македонија да прифаќа прием под времена референца и Бранко својата историска одговорност мора да ја плати! Ни СДСМ, ни Свети СДСМ него не го перат, ниту можат да му бидат алиби за невиност! Неговата одлука е велепредавство и тука нема одбрана!

    Патем, никој од Македонија не бара да го промениме името! Никаде не стои дека Македонија треба да преговара за името! Никој не и’ наложува на Македонија дека процесот што е почнат во ОН мора да заврши со промена на името, на идентитетот и на јазикот! Некој тоа, веројатно од свои побуди, се обидувал така да и’ го претстави на македонската јавност. На крајот на краиштата така како што пишува во Резолуцијата 817 на Обединетите Нации: Македонија не преговара за името, туку само разговара за разликата што се појави во името на нашата држава при приемот во Обединетите Нации.

    За жал, рамката за разговорите за разликата за името е премногу проширена. Тоа и Фрчковски го тврди во 2005 година и затоа бара итен и безусловен прекин на разговорите а државното име Македонија! Затоа и го цитиравме, колку да го потсетиме него и неговата оркестрирана булумента, кои упорно преку медиумите ја убедуваат македонската јавност и Македонците дека разговорите мора да ги завршиме со промена на државното име Македонија!

    Ако се вратите на Резолуцијата 817 и формулацијата што постои, а патем да кажеме, бидејќи постои многу конфузија за проблемот со името, тоа толку се одолговлечи што веќе влегува и во сосема други сфери. Прво и основно, таа резолуција не е легална затоа што со неа е прекршена Повелбата на Обединетите Нации, членот 4. Многу правници тоа го имаат докажано. Значи, за Македонија е прекршено она што е Повелба на Обединети Нации. Ние сме прифатиле некоја резолуција во која тие што ја правеле внимавале кои формулации ќе се дадат. Таму стои дека мора да се разговара за разликите за името. Никој не бара од Македонија да го промениме името!

    И затоа, имајќи предвид дека Македонија како рамноправен сукцесор на поранешната југословенска федерација на суверени држави е соосновач на Обединетите Нации, Македонците бараат итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia” со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција која Атина за првпат во својата историја ја окупира по Балканските војни 1912-1913 година, вршејќи геноцид врз македонскиот народ кој континуирано трае до денес. Македонците го осудуваат наци-фашизмот на Атина и апартхејдот на европската бирократија спрема Македонија! Македонците бараат Атина, Брисел и Стразбур да се извинат за геноцидот врз македонскиот народ и да платат репарации за штетите поради тоа. Брисел, Стразбур, Атина, Лондон и Париз не и должат на Македонија хуманитарни донации од милост, туку милијарди и милијарди репарации, најмалку 15.000 милијарди евра, за експлоатацијата на природните ресурси, за воените штети, за одземените имоти и добра, за геноцидот врз македонскиот народ во окупираните територии.

    За жал, цели медиуми во Републиката водат јавна кампања за промена на државното име Македонија, ги трујат Македонците со пропаганда дека ќе не биде, само ако го промените државното име Македонија!? Цели партии, нудат експресна промена на државното име Македонија, во сервилноста пред странските интереси за Македонија!

    Секојдневно го трујат народот и граѓаните со памфлети, газат по честа и достоинството на нацијата и државата, придавајќи си право да етикетираат, анатемисуваат, обвинуваат, дискредитираат, во остварување на проекцијата за промена на државното име Македонија. Наместо да се занимаваат со истражувачко новинарство, пишуваат партиски соопштенија и платенички памфлети, а критиката ја доживуваат како дискриминација на „слободното новинарство“. Како поинаку да се дефинираат, за нив нема државник, се’ се политиканти, иако по порачка на исти такви пишуваат и обвинуваат, селектираат луѓе и настани, ама ако некој ним им врати, е тоа е атак врз „слободното новинарство“. И, зошто судовите имале безброј предмети од кривични тужби против новинари? Па, затоа што новинарската професија никого не ослободува од клевети, лаги и дезинформации од чкртала кои ги повредуваат угледот и честа, приватноста, правата и слободите на граѓаните. Ако за некои „новинари“ и политиканти е нормално да навиваат за промена на државното име Македонија, кај мнозинството граѓани и Македонци во светот тоа педизвикува реакција, одбрана од агресија! И како што мислат дека имаат право тие што за велепредавството пишуваат, право имаат и тие за кои е напишаното. Тука ирелевантни се нечии лидерски писма. Ниту пак поделбата на предавници и патриоти е конјуктурна тема, затоа што некој сака да го сврти вниманието на јавноста од сиромаштијата и невработеноста резултат на транзицијата СПЈ(комунисти)-СКЈ-СКМ-ПДП-СДСМ и нејзините деривати.


    Бранко, Жарко, Биљана, Соња, Сашо, Александар, Роберт, Драган, Оливера, Никола, Ерол... Бранко, Љубомир, Владимир, Стојан, Тито, Нано, Денко, Мирјана, Ѓунер, Стево... Биле, да не се повторат... Некои од нив 1991 година велеа „Јас сум Југословен и Македонија без Југославија само без мене може“. Барањето на Грција, заради оската Белград-Атина им е ко мелем на рана, но и на едните и на другите заедничкото им е „Македонија да ја нема“ по секоја цена! Ама, ја има, Македонија е држава и така ќе остане!
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    Spolaj Ti Todor.
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    Working...
    X