Книгите стигнаа во рацете на Македончињата од Голо Брдо
Македончињата од Голо Брдо конечно им се израдуваа на книгите кои одамна ги очекуваа. Откако ги научија буквите сега ќе може да прочитаат по некоја книга на нивниот мајчин, македонски јазик. А радоста која не можеа да ја потиснат ни повозрасните, невините детски души ја искажаа со она што до сега го научиле.
Книгите, главно детска литература, по некоја боенка и сликовници беа собрани во хуманитарната акција Книгата моја патува организирана од Демократската обнова на Македонија, на која и се приклучија граѓани од многу градови на Македонија.
-Навистина сум трогната од гостопримството што го доживувам овдека. И ова покажува еве такви сме ние Македонците, топли луѓе, добри луѓе, независно кај да живееме тие сме. Мило ми е што имате сила да се борите вашите деца да учат на македонски јазик, рече Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ:
Советникот во општината Требиште од македонската партија од Едмонд Османи рече дека моментно македонска азбука и правопис изучуваат околу двесте деца, но интересот од ден на ден е се поголем.
- Многу ми е мило на мене што децата учат на македонски јазик и се најдобро. Имаше тука заплашување од албанските ама мене многу гајле не ми е, мене ми е да учат на македонски што им е мајчински јазик., вели родител на три деца кои следат курс на македонски јазик.
И наставниците кои директно работат со децата се задоволни од до сега постигнатото.
-Многу добро оди работата, децата си го учат македонскиот јазик. Многу добри се во учењето. имаме притисоци од страна на наставниците по албански јазик, едни деца се плашат ама пак со грижа од родителите тие пак си доаѓаат, велат македонските наставници.
На истата хуманитарната пратка од 8500 книги албанските цариници не и дозволија влез ланскиот јули. Причина недостигот на документација од Министерството за образование на Албанија
YouTube - Книгите стигнаа во Голо Брдо

Comment