Репортажа за Мала Преспа од албанското сп

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Репортажа за Мала Преспа од албанското сп

    Репортажа за Мала Преспа објавена во албанското неделно списание МАПО

    Македонците од Преспа по леб во три држави

    Од: Бен Андони

    За домородците од македонското малцинство не постои сомнеж: Преспанските села се како Венеција. Всушност ништо не наликува на Венеција освен чамците кој спијат на брегот на Преспа, празните цркви и природната убавина. И до таму, додека се реши патот на Националниот Парк, ќе треба добра кола и време.

    Последново е оправдано кога одиш во селата со две имиња (македонско-албански), кои секој ден се иселуваат поради емиграцијата за подобар живот. жителите бегат една сезона во Грција, после во Македонија и останатото време во Албанија.

    Тука завршува времето…

    Повеќето од жителите на Преспа се занимаваат со сезонски работи во емиграција во Преспа во Грција. Таму повеќето се вклучени во произдвотството на грав и неговите услуги. Одат и се враќаат. Нема ни 7-8 километра ни кажува градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко. После одат во Македонија и се занимаваат со јаболката. Се враќат после во Албанија и градат. Тие се познати како зидари со нивната работа во Грција и Македонија.

    На кратко, како и во секој агол на Албанија, во 9-те села од Преспа, емиграцијата останува главен извор, потоа доаѓа риболовот, земјоделството и сточарството, со кои едноставно се задоволуваат домашните потреби. Ова е суштината од репортажата за општина Пустец, населено 100% со Македонци.

    Тука времето како да е застанато и ова се потврдува ако прашате некој повозрасен човек, сите ке ви одговорат исто: Незнам арнаутски!

    Албанија одамна не се вика Арнаутистан, но жителите од македонското малцинство имаат ваква перцепција таму, околу 200 км одалеченост од Тирана. Приказната останува убава, кога го фаќаш патот за суперстрадата кој те носи во Капштица. После вртите на лево кај Сонблак, го искачувате планинскиот предел Ѕвезда, каде последно време се работи и се асфалтира, и после малку по малку, после еден планински пат каде една табла означува Преспа Парк, одеднаш се појавува на хоризонтот Пустец, а над него Шулин. Пред нас се наоѓа Леска и островот Мали Град. Новите покриви, што ги имаат заменето старите, многу го имаат променето урбаниот изглед на областа.

    Васил Стерјовски, висок дечко, кој има превземно задача како директор на водоводот во Корча е нашиот водич. Јасно ни ја опишува областа и во ниту еден момент не се досадува од прашањата што му ги поставуваме. Освен добар државен службеник останува познат активист за своето македонско малцинство. Го потсетувам за една декларација кога јавно се произнесе дека: “Декларациите на грчкиот конзул се неприфатливи и на штета на сите малцинства во Албанија. Грчкиот конзул се меша во внатрешните работи на Албанија и прави асимилација на Албанците, Македонците, Ромите и Власите тука. Реален попис е единствен начин да се спречат овие напори…”.

    Полека се доближуваме до Шулин. Васил ме остава да разговарам со жителите. Едно село речиси напуштено со малку луѓе кој го прават секојневието. Едно натоварено животно, едно момче кое работи и три старци кој што одат во различни правци. Се разделуваме, Васил оди да се сретни со најстариот жител на селото, јас ја сретнувам Крста Трајко, 71 годишна жена, која живее сама. Децата му имаат направено голема куќа на три спрата, додека таа живеа на страна од убавата куќа. Не поканува, ако ја разбрав добро ми вели дека има четири момчиња и три девојки и дека живее со една пензија од 4000 леки. Од неколкуте зборови што ги разбирам , често ги мешаме сите. На почеток за децата, потоа за животот и местото. Шулин е село кое се гледа дека е останато со старци, каде лицето на странец остава голем впечток. Има малку нешта што можи да се забележат освен емиграцијата. Сите си одат. Младите, кој се останати се малку индиферентни со новодојдените. Со старата стануваме пријатели кога почнуваме да се разбираме. Тежок е животот за неа, но и со толку колку има, му е благодарана на Бога. Триесетина минути подоцна, Васил за среќа, не чека во дворот на селската кафана со Богдан Никола. Вториот, роден во 1918 година, е сведок на сите настани на Албанија, кога ова почна да ги средува границите. Има дебели наочари и тој ми објаснува појасно за селото. Останат е вдовец, затоа што сопругата му е почината од поодамна, додека ќерка му е таа, која што доаѓа секоја вечер кај него и го гледа. Добро зборува албански и често го меша со македонскиот. Стариот ми ги кажува фамилиите на Шулин: Грозданој, Кореј, Доневци, Печовци, Трповци, Коствоци, Ристовци, како живеат и како го издржаа социјализмот. Тој навистина има живеано едноставен живот и Господ до сега му има дадено здравје. Селото, се сеќава стариот, порано имаше 600 жители. Сега, состојбата е сиромашна од иселувањето и тешкотиите на животот. Сега на групата ни се придружува и старата која му вели на Богадан да ни објанси убаво оти таа незнае арнаутски.

    Фактички, Албанија ја има заборавено Преспа и нејзините убавини, со кои може да се гордее секоја друга земја.

    И вистина тука има многу атракции: како пештерската црквата Св.Богородица која се наоѓа на островот Мал Град.

    На бреговите на Преспанското езеро се наоѓаат пештерски цркви кој датираат од 12 и 13 век како пештерката цркава Св.Благовештание до село Глобочени, пештерската црква Архангелчето на 3 километри од Пустец идр. И ако уште додадеш дека тука била престолнината на Цар Самуил и пат од Виа Игнатиа, како и подводна населби кај Туминец…тогаш сами можи да процените за важноста.

    Во вториот мандат ке го асвалтираме патот кој води за село Туминец. Имаме проект од вредност од 200.000 долари. Проектот е одобрен, се чека само да се одржи тендерот. Исто така подготвуваме проекти за Глобочени, Горица…” додава градоначалникот во Пустец неколку минути далеку од Шулин. Градоначалникот е од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција, партија која по вторпат ке се обиде да ја освои областа за време на локалните избори. Првиот пат беа во коалиција со Социјалистичка партија додека овој пат се во коалиција со Демократската партија. Од Бериша имаат земено ветување кое сеуште не е исполнето за враќање на македонските имиња на селата во Општина Пустец. Македонската партија се формира пред четири години после многу одлагања. Денеска, од ова место, мала зграда каде се вее симболот на општина Пустец, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце, ни зборува градоначалникот на општината.

    Васил Стерјовски, кој не придружува, самиот школуван при универзитетот Св.Кирили и Методиј во Скопје, додава дека голем проблем е губењето на јазикот. “Ние кога си заминуваме од тука не ни се признаваат нашите права надвор од Мала Преспа. И нашето заминување од тука е поради лошите услови”, додава тој. Децата учат македонски јазик во основно училиште, но проблем е изучувањето на македонскиот јазик во средното. Македонците имаат побарано учебници од Македонија, и ова последната има покажано разбирање, но малку е направено. Многу млади уште си заминуваат, вели Стерјовски. Додека градоначалникот продолжува дека…”на 8 мај ние излегуваме со јасна програма, каде посебно внимание се обврнува на развојот на туризамот и проекти за развојот на брегот на Пресапнскот езеро. Иако буџетот на општина е скромен досега имаме реализирано повеке проекти од разни фондови, така сликата доста е променета за разлика од порано. Исто така, во соработка и со дирекцијата за земејоделие ке се посвети внимани и на равојот на овоштарсвото и лозарството со конкретни субвенции за земјоделието” -вели Темелко.

    Но Македонците не застануваат тука. Васил има превземено една интересна иницијатива за македонското малцинство. “За прв пат во Албанија, има земено иницијатива да македонската заедница да има свој глас во Корча. Го имаме земено ТВ Кристал и преку овој канал имаме почнато со емитување на македонски програми со македонски песни, документарни филмови и емисии за изучување на македонскиот јазик и сега во соработка со УНИЦЕВ работиме на еден проек за ромите, каде ке се крева гласот на ТВ Кристал за проблемите на децата роми.

    Нашата цел е да ова телевизја да прерасни во глас на малцинствата и ова ке се направи за прв пат во Албанија. Ова работа треба да ја прави државната телевизја, затоа што со закон ни е дозволено да се информираме на нашиот јазик, но реално ова не се спроведува. Ние ке бидиме отворени со Ромите, Власите, Грците”. Овој разговор го водиме една вечер во телевизија во Корча, во неговото скромно студио. Знам дека зборовите не завршуваат но и она што го чека е тешко, но Васил пробува и ке успее во својата цел.

    ….

    Неколку часа порано двајцата се враќавме со кола. Тој ми кажува дека има страв од асимилација и ова го чуствува кај образованието на децата. Во Преспа, Голобрдо и Гора не се асимилираме, но кога одиме во градовите се асимилираме, затоа што во школо не го изучуваме македонскиот јазик, ми објаснува горчливо.

    Но, сиромаштијата не прашува и тој знае добро дека нештата не се менуваат само со верба туку треба и желба. Тој сам, само што го има започнато патот.

    Кон надвор гледаме како работат и како патот се асфалтира кон сонот што се вика Преспа, но што можеби никогаш нема да биди Венеција.
    Преведе од албански Ѓорѓи Терпо


    За домородците од македонското малцинство не постои сомнеж: Преспанските села се како Венеција.
  • makedonche
    Senior Member
    • Oct 2008
    • 3242

    #2
    Јован Кукузел

    Falla mnogou za vazno informacia! Ovie se pravi makedontsi!
    On Delchev's sarcophagus you can read the following inscription: "We swear the future generations to bury these sacred bones in the capital of Independent Macedonia. August 1923 Illinden"

    Comment

    • Soldier of Macedon
      Senior Member
      • Sep 2008
      • 13670

      #3
      Васил Стерјовски, кој не придружува, самиот школуван при универзитетот Св.Кирили и Методиј во Скопје, додава дека голем проблем е губењето на јазикот. “Ние кога си заминуваме од тука не ни се признаваат нашите права надвор од Мала Преспа. И нашето заминување од тука е поради лошите услови”, додава тој. Децата учат македонски јазик во основно училиште, но проблем е изучувањето на македонскиот јазик во средното.
      This is the sort of pressure Macedonians in Albania have to face on a daily basis. Their rights are respected to a degree so long as they remain in Mala Prespa - once they leave, they aren't. Whereas the Macedonians aren't even afforded schooling in their own language in secondary education. Macedonia should treat its ethnic Albanian minority in the same manner - until the educational system of Albania manages to catch up with the 21st century.
      In the name of the blood and the sun, the dagger and the gun, Christ protect this soldier, a lion and a Macedonian.

      Comment

      • George S.
        Senior Member
        • Aug 2009
        • 10116

        #4
        Definitely agree there with you SOM.Whils't we are bending backwaeds for the minority albanians in macedonia ,albania is not doing the same for us.
        Last edited by George S.; 07-10-2011, 11:30 AM. Reason: ed
        "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
        GOTSE DELCEV

        Comment

        Working...
        X