Македонија без eУ

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Македонија без eУ

    Македонија без ЕУ може да преживее 100 години, а дали ЕУ ќе доживее 100 години е многу тешко да се каже


    Во интервјуто за Вечер Никовски, меѓу другото, вели дека основата на целиот галиматијас не е името на државата. Името е само покритие кое ќе овозможи да се прекрстат народот, јазикот, културата, историјата...


    Отворениот заклучок од Советот на ЕУ остава простор за различно толкување. Какво е вашето мислење, можеме ли да очекуваме некој позитивен сигнал?
    - Првиот впечаток ми беше дека Европскиот совет можеби ќе направи уште некој потег за да го обликува заклучокот, меѓутоа читајќи го втор и трети пат, сфатив дека тоа е финалниот став на ЕУ. Тоа се потврди и со изјавата на Филе и со другите реакции од Брисел. Во суштина, она што го заклучија е негативно, неприфатливо. Се потврди дека Европа игра двојна улога, има двојни стандарди, дека не сака да се соочи со реалноста. Тоа ја манифестира неефикасноста на ЕУ, нејзината зачауреност, нејзината блокада со која се соочува од внатре и која е на нејзина штета. Ние сме само колатерална жртва. Тоа демонстрира дека Унијата нема капацитет да се соочи со посериозни проблеми, особено од надворешната и безбедносната политика, за што Брисел нема, ниту некогаш ќе има единствен став на сите членки. Тоа ќе биде нивни голем хендикеп во годините кои доаѓаат. Токму затоа Америка има и секогаш ќе има силно влијание и во Европа, и на Балканот, бидејќи нејзините надворешно-политички проекции се прецизни и јасни. Своите регионални интереси на Балканот САД ги реализира на еден суптилен и бескомпромисен начин.

    Дали со новиот заклучок името стана предуслов за влез во ЕУ?
    - Името де факто е услов за влез во Унијата уште веднаш по Букурешт 2008 година.

    Тоа значи дека не треба ништо ново да очекуваме од новиот извештај за неколку месеци?
    - Објективно, треба да се очекува новиот извештај да биде сведен точно на тоа дека треба да се реши името. А тоа не може да се случи. Дури и да се случи. Да одлучиме да ја прифатиме и максималистичката грчка позиција - ерга омнесс, нема да доведе до решение, бидејќи Атина ни тоа нема да го прифати. Во дадената ситуација кога е во прашање кога и колкава ќе биде следната експлозија од незадоволство во Грција, некој да прифати решение какво било за Македонија, нема шанса да помине. Дури и да се прекрстиме и да додадеме каква било одредница, Златна зора нема да го прифати тоа, а таа знаеме дека сега е една од повлијателните политички партии во Грција и нема никакви скрупули.

    Дали тоа значи дека Македонците не треба да размислуваат за промена на името?
    - Нам треба да ни биде јасно и не смее да има никакви дилеми, дека основата на целиот овој галиматијас не е името на државата. Името е само покритие кое ќе овозможи да се прекрстат народот, јазикот, културата, историјата... Со други зборови, Грција да ја земе целата македонштина. Не заборавајте, во моментот кога оваа држава ќе се прекрсти, макар само за во странство, што е една голема измама, во истиот момент брендот Македонија ќе може да го користи само Грција. Од измислени 2,5 милиони Македонции, се до виното или ајварите. А тогаш, Македонија нема да има основ или право да нарче нешто македонско.

    Кој вистински, стои зад таквата политика?
    - Најлошо за нас е што зад сето тоа стои САД. Иако кај нас мнозина зборуваат дека Америка ни е партнер, сојузник итн., клучот за решавање на овој проблем не е во Атина, туку е во Вашингтон. Од почеток до денес. Има коинциденција на интересите, што апсолутно и одговара на Атина, а сега и на Софија, за затворањето на македонското прашање". Тоа е суштината на целиот проблем. Американците во регионот градат стратегиско партнерство со Албанците. Не со Албанија, туку со Албанците, каде и да живеат тие. И таа политика донесе сериозни геостратегиски пореметувања и промени во регионот. Всушност, тие поддржаа создавање на нова албанска држава Косово, којашто е направена со користење на сила. Американците немаат доверба во Славјаните, немаат доверба во Грција. Им се појавија Албанците како фактор со кој може да ги реализираат своите интереси и тоа го прават на еден груб начин, веднаш по распадот на Југославија. Тоа партнерство е долгорочно, ќе зајакнува и се повеќе ќе доаѓа до израз.

    Тоа значи дека идејата за голема Албанија којашто неодамна ја промовираше Бериша ќе се случи за некоја година и тоа со амин на САД?
    - Не ќе се случи, тоа веќе се случува. Со создавањето на втора независна албанска држава во регионот тоа е веќе околу 70 отсто реализирано. Тоа што Бериша го кажа во Валона не беше воопшто случајно. Ние, пак, го имавме Слупчане, кога американскиот амбасадор и нашиот министер за одбрана, Бесими, го користеа истиот речник. Тоа беше една сериозна провокација, игнорирање на процедурите на системот на функционирање на одбраната. Веднаш по Слупчане се случи почетокот на учебната година и интонирањето на албанска химна во повеќе училишта и на Универзитетот во Тетово. Ако Слупчане го промовираа како начин на помирување, зошто немаше реакции од американската амбасада за таа провокација. Тоа покажува и докажува дека се работи за "албански територии", а овој израз со децении е постојано дел од вокабуларот на врвни албански интелектуалци и политичари, не само во Тирана. Овој израз го користат и сите албански медиуми, кога известуваат за места каде што живеат Албанци. Тоа е чист, класичен иредентизам.

    Кога станува збор за надворешната политика на Македонија, се чини дека имаме голем број поддржувачи, но немаме класичен лобист-патрон. Зошто е тоа така?
    - Таков е распоредот на силите на меѓународната политичка сцена, што е наш голем хендикеп. Уште кога почна овој проблем, јас го нареков процес за разнебитување на Македонија. По распадот на Југославија имавме ситуација во којашто Руската Федерација, која би била наш можен сојузник, беше во страшна криза и немаше никаква улога на меѓународната сцена. Кина е далечна и незаинтересирана, а сите други важни меѓународни субјекти се предводени од САД и тука веќе американската доминација не е спорна туку е апсолутна. И не заборавајте дека тоа што се случуваше на Самитот на НАТО, во Букурешт во 2008, беше резултат токму на таа американска доминација без никаква конкуренција.
    Америка е одреден гарант за безбедноста на Европа и зборот на Вашингтон се слуша, има своја тежина и во конкретниот случај не е на наша страна. Преовладува политика која не води сметка за основните интереси на Македонија и македонскиот народ.

    Како што стојат работите сега, со цврсто зацртан грчки став од една страна и одлучноста да се зачува идентитетот од наша страна, има ли надеж во догледно време да се реши спорот и Македонија конечно да се приклучи кон Унијата и НАТО? Треба ли да бараме некои други форми на сојузништво?
    - За жал, опции нема. Руската Федерација, која во меѓувреме закрепна, има се посериозна меѓународна улога, меѓутоа нема политички интереси на Балканот. Русија моментално оди со една економска, енергетска експанзија и на тој начин ја валоризира својата меѓународна позиција. Не со политика, не преку сила и воени средства туку со економија. Тоа се рефлектира и во нејзиниот однос кон Србија, со која традиционално има добри односи. Другите меѓународни фактори, како БРИКС на пример, составен од Русија, Индија, Кина, Бразил и Јужна Африка, иако навестува поширок меѓународен ангажман, се уште нема услови за такви чекори.

    Ќе преживее ли Македонија без ЕУ?
    - Апсолутно. Македонија без ЕУ може да преживее 100 години, а дали ЕУ ќе доживее 100 години е многу тешко да се каже. Нам нема да ни биде лесно, но таква е ситуацијата. Всушност, да не заборавиме на фактот дека колку што е интересот на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО уште е поголем нивниот интерес Македонија да биде дел од нив. Меѓутоа, нивната неефикасност, интересите на единствената глобална сила во регионот и други парцијални, тесни интереси (Грција, Бугарија...) не дозволуваат нормален развој ниту на Македонија ниту на регионот. Регионот не е се уште во финалната фаза на преструктуирање, по распадот на Југославија, и се уште може да се очекуваат изненадувања. Тој период мора да се преживее. Кога - тогаш, да се надеваме и да работиме тоа што поскоро да се случи, ама и Брисел и Вашингтон ќе мора да сфатат дека оваа Македонија, во денешните граници и таква каква што е, е најдобро решение за сите во регионот. Дека сите обиди за разнебитување на Македонија и правење на некоја голема Албанија се утопии кои нема да придонесат за мир и стабилност во регионот, туку ќе донесат нови војни, нови крвопролевања, а нив никој не ги сака.

    Имам впечаток дека вистинската кочница се наоѓа кај нас?
    Кочницата не е кај нас, ама силно не хендикепира поделеноста во државата. Разликата која постои меѓу власта и опозицијата, во македонскиот блок, е толку длабока, што се освен тесниот партиски и личен интерес ништо друго не доаѓа до израз. Знаете, се додека е некој подготвен да го витка 'рбетот, сите играат на негова карта. Тоа е нормално, тактички, стратегиски, политички. Нам треба да ни биде јасно дека не можеме за надвор да бидеме едно, а за дома друго. Има една приказна која го објаснува тоа. Вели: ако се намачкаш целиот со разни бои, ти остануваш истиот за себе, но за другите си кловн. И покрај тоа што за себе остануваш истиот, бистар, мудар, паметен, другите те гледаат како кловн.

    ОДНОСОТ НА ГРЦИЈА ПРОТИВ НАС Е ПОБЛАГ ОТКОЛКУ ПОЛИТИКАТА НА БУГАРИЈА
    Од каде излезе Бугарија одеднаш, ги испровоциравме ли со Трето полувреме?
    - Филмот може да биде само конкретен повод, колку да помогне да се покаже правото лице. Инаку, ваков став на Бугарија се гради со децении и беше очекуван. Всушност, односот на Грција против нас е во основата поблаг отколку политиката на Бугарија. За Грците ние не сме прифатливи како Македонци, тие го бараат брендот Македонија и монополот врз античките Македонци и заради тоа сакаат да не прекрстат. Не негираат дека сме одвоен етникум, со посебен јазик... Само да не се нарекуваме - македонски. Ако се прекрстиме, тие веднаш најшироко ќе не поддржат. Бугарите, од друга страна, пак, велат вие не сте Македонци, вие сте Бугари, вашиот јазик е бугарски дијалект... Негираат се што имаме и не посвојуваат.



Working...
X