СЛАБА ИНИЦИJАТИВНОСТ ВО ОВЧАРАНИ, ЛЕРИН
Сакaат да учат македонски во грчки училишта, но кој да ги собере потписите
За две и пол години иницијативата за воведување на македонскиот јазик во училиштето во Овчарани ја потпишале само 150 Македонци, а потребни се 200 потписи. Kметот на селото, Аршлаков, вели дека потписите тешко се собираат оти селаните се плашат
Речиси две и пол години Македонците во Овчарани, Леринско, собираат потписи за да можат да се изборат во училиштата да се учи на македонски јазик. Досега, од околу 1.500 жители во село, иницијативата ја потпишале само 150, а според законскиот минимум, за да се достави до леринската општина, потребни се 200 потписи.
Македонските активисти во Грција се жалат дека кметот на Овчарани, Панде Аршлаков, досега требаше не само да собере потписи, туку и целата процедура да ја заврши. Велат, не си го исполнил предизборното ветување што им го дал на соселаните.
- Сакаме да направиме нешто - ама не мрднуваме. Ако не побараш, нема ни да ти дадат. И како можеме пред Европа да зборуваме дека ни се загрозени правата, а самите не правиме ништо за да ги добиеме - велат тие. Сепак, тие немаат одговор зошто преку партијата на Македонците во Грција, Виножито, не се направил поголем напор да се соберат потписите.
Kметот на Овчарани се брани дека вината не била во него. Вели дека имало силни причини зошто досега не се собрани потписите, ама не сакаше да ни ги објасни. На прашањето дали имаат притисоци за да не успее собирањето потписи, кратко ни одговори дека се потпишале само најхрабрите.
- Лесно е да се каже за колку време требало с` да се заврши, ама до пред некое време на луѓето им беше страв и да зборуваат македонски. Досега се потпишаа тие што не се плашат. За една-две недели ќе ја собереме потребната бројка и јас, како советник, ќе ја доставам иницијативата до општина Лерин - објаснува Аршлаков.
Според последните измени во Законот за локална самоуправа, од 2010 година, во Грција избраните кметови во селата истовремено се и советници во општините. Оттука произлегува и револтот кај Македонците во Грција зашто, како што велат, од 2010 година, кога бил избран за советник, до денеска, Аршлаков имал доволно време искористувајќи ја својата советничка позиција, да собере потписи и да ја достави иницијативата. Потоа, општина Лерин треба да ја испрати до грчкото Министерство за образование.
- Очекувам да ни одговорат за 2-3 месеци. Ако одговорот биде негативен и министерството не одбие, нема да застанеме. Продолжуваме пред европските институции, ќе одиме до Стразбур. Таму ќе ја бараме правдата. Според европската легислатива имаме законско право - кај што има мнозинско македонско население да учат на својот јазик - вели Аршлаков.
Искра Kоровешовска

Comment