Macedonian Truth Forum

Macedonian Truth Forum (http://www.macedoniantruth.org/forum/index.php)
-   General Discussions (http://www.macedoniantruth.org/forum/forumdisplay.php?f=2)
-   -   Albanianization in Macedonia (http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?t=4837)

lavce pelagonski 11-27-2012 03:02 AM

Албанска тетоважа на Македонија
 
Албанското знаме, кое во исто време е и национално знаме на Албанците (а неговата употреба во РМ ја искомплицира онаа наша комедија од Уставен суд), но и знаме на Република Албанија, не мора, но и може да предизвика посериозни проблеми. Со него не сакаме да провоцираме, вели Али Ахмети. И тоа и не мора да е лажна изјава. Едно знаме, само по себе, не може да претставува провокација



Денес, младите мислат дека тетовирањето е некоја нова мода, што не точно. На пример, уште пред неколку децении, во бившата ни држава, многумина на внатрешниот дел од својата подлактица ги тетовираа буквите ЈНА и годините кога служеле во некогашната наша армија. Имаше и такви што тетовираното го ставаа во срце и тоа е загадочниот дел од приказната. Зошто да ставиш во срце нешто што ти одзело година или повеќе од твојот живот? Работите стануваа појасни кога потоа ќе се сфатеше дека обично тоа се луѓе за кои ЈНА навистина нешто направила во животот. На пример, имаше еден Босанец, кој првпат се беше симнал од планината каде што живеел со своите овци, тогаш кога тргнал кон касарната. Еден Красниќи од Косово целиот бил во чудо кога во возот сретнал луѓе што зборуваат туѓ јазик. Ха, постоеле и такви? На некои таа ЈНА им овозможуваше првпат да видат голо женско тело, во изгужваните од употреба часописи скриени во душеците на постарите војници. Така што, со текот на времето, и срцето околу ЈНА добиваше своја смисла. Некому смешна, некому трагична, но сепак, и тоа беше некаква смисла.

Возачите на камиони беа следни на листата на тетовирани. Кај нив главно беше на раката да се најде името на некоја Германка, која ја собрале попат, додека таа ги искусувала авантурите низ државата, која го сакаше истокот, ама гледаше и кон западот. Во реалноста, Германката обично беше некоја ниска, дебела и бубуљичава девојка, но во фалбаџиските шоферски раскажувања пред локалната кооперација, со пиво и посебна салама, секогаш словенечка, распослана на замастена хартија што претходната вечер во магацинот почнале да ја нагризуваат глувци, таа секогаш личеше на Брижит Бардо. Потоа, за некоја година Бардо стануваше Силвија Кристел (нека ѝ е лесна земја), за на крај, чекор по чекор, да се стигне до Клаудија Шифер и Хајди Клум.

Се разбира, приказните си се приказни, тетоважата си е тетоважа. И обично со тоа никој немаше проблем. Освен Венцо, шофер од Драчево, кому веќе вториот ден по пијаната свадба на која се испило буре вино и десетици литри домашна ракија, до вчера милата и тивка девојка, сега сопруга, не му побарала итно да ја симне Герта од раката. Што ќе кажеле роднините, комшиите? Кој сега командува во неговата куќа: таа или Герта?

Така, Венцо се најде на мака, оти тие тетоважи не беа налепници. Па, човекот секогаш кога ќе се напиеше (што не беше така ретко), во моментите пред главата да му падне на масата меѓу шишињата пиво и чашата со баделов бренди, кој и денес го нарекуваме коњак, обично на музика на Тома Здравковиќ, се обидуваше да ги отстрани буквите горејќи си ја раката со запалена дрина без филтер.

Денес е друго време. Младите во светот се тетовираат, но со поинакви знаци. Девојки, на пример, си исцртувале стрелка, за потоа да сфатат дека во некои случаи тоа не им го решава проблемот, бидејќи најпрвин треба да дадат упатство како да се стигне до стрелката. Машките си тетовирале други работи, зависно кој каква мака си има.

Кај нас, изгледа дека оваа мода ќе ја унапредиме. Ние ќе почнеме да си тетовираме знамиња. Албанско, македонско, од Вергина, орел, лав, сонце. Оти за тие знамиња, како што стојат работите, ќе се исколеме, откако веќе еднаш тоа започнавме да го правиме.

Сепак, работите со знамињата се чини се малку посериозни од тетоважите на ЈНА и имињата на Германки. Во принцип, секое знаме е парче ткаенина што не би требало да предизвикува којзнае какво внимание. Но, истовремено, знамето, особено ако е израз на државност или нешто слично, е и симбол. Животните ја обележуваат територијата што ја сметаат за своја со мокрење. Луѓето тоа го прават така што на нивното парче земја забодуваат знаме.

Оттука, албанското знаме, кое во исто време е и национално знаме на Албанците (а неговата употреба во РМ ја искомплицира онаа наша комедија од Уставен суд), но и знаме на Република Албанија, не мора, но и може да предизвика посериозни проблеми. Со него не сакаме да провоцираме, вели Али Ахмети. И тоа и не мора да е лажна изјава. Едно знаме, само по себе, не може да претставува провокација. Како што и оние простории за туширање во нацистичките логори, сами по себе, не значеле опасност. Тие стануваат проблем кога во нив ќе се внесат луѓе и кога низ отворите ќе се фрли отров. Така што, во случајов, не е проблем албанскиот орел на црвена подлога, туку начинот на кој Албанците ја отвораат својата прослава.
Не треба многу ум за да се сфати дека наспроти смирувачките тонови од нивните официјални политички лица, тие оваа пригода ја користат за да ја тетовираат, за да ја маркираат територијата што ја сметаат за своја, за албанска. Тоа за нив не е територија на Македонија на која, меѓу другите, живеат и Албанци, туку тоа е ексклузивно нивна територија на која во исто време е забодено копјето со симболот на сите Албанци, но и копјето со симболот на Република Албанија. Додајте ги кон тоа сите палења на македонски знамиња на Косово и во Албанија, нетрпеливоста што Албанците константно ја манифестираат не само кон Македонците туку и кон сите други националности, и нивното чувство дека сѐ што сакаат можат да постигнат со насилство, потоа нападното и агресивно практикување дури и на вакви бенигни настани каков што е Денот на албанското знаме, кои ги користат за да испратат јасна порака за нивните намери во иднина. Сето тоа заедно создава доста вознемирувачко чувство кај преостанатите, што порано или подоцна, ќе предизвика некаква контрареакција. Да не зборуваме за тоа дека веќе стана досадно да се повторува дека речиси секој ноември нам ни се случува некое сценарио, а во низа од тие сценарија македонските Албанци постојано биле во игра.

Автор: Дарко Јаневски
[url]http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112612855547&id=13&prilog=0&setIzdanie=22739[/url]

MKPrilep 11-27-2012 03:58 AM

Kumanovo or should I say KumanovA

[url]https://www.youtube.com/watch?v=2fT4qX843MI&list=PL8TbslKPbssHZU4ENx-qHyPNdt6Rh3dPc&index=70&feature=plpp_video[/url]

[url]https://www.youtube.com/watch?v=7IZCSi6de0s&list=PL8TbslKPbssHZU4ENx-qHyPNdt6Rh3dPc&index=69&feature=plpp_video[/url]

[URL=http://imageshack.us/photo/my-images/22/87744935640406656931051.jpg/][IMG]http://img22.imageshack.us/img22/9169/87744935640406656931051.jpg[/IMG][/URL]

momce 11-27-2012 05:47 AM

Well this is just part of the neo-Ottoman policy in the Balkan. No one in the big decision making centres cares about who is right in history, origins etc blah blah just what are the demographics and the realities now.

lavce pelagonski 11-27-2012 05:49 AM

[url=http://www.youtube.com/watch?v=5EWw3Rz9pcQ&feature=g-all-u]Св. Илија (26/11/12) - YouTube[/url]

lavce pelagonski 11-27-2012 06:19 AM

How times have changed
[url=http://www.youtube.com/watch?v=PFaE6auCHKQ]Инциденти во Гостивар 9 јули 1997 - YouTube[/url]

DedoAleko 11-27-2012 07:49 AM

Because of the incidents president of RoM Ivanov canceled his visit to Albania:

[url]http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=100113[/url]

TREBALO DA ODE TAM I DA MU GO NABUTAT U GAZO SHIPTARTO

Risto the Great 11-28-2012 04:01 AM

Ivanonv prefers to stay home and see the real Albanian celebrations in Macedonia.

Stojacanec 11-28-2012 05:57 AM

The more goodwill the Macedonian government shows the shiptar albanians, the bigger the Albanian zname gets in Macedonia.

It's about time the Macedonian government realises this trend and takes corrective action.

Risto the Great 11-28-2012 06:23 AM

[QUOTE=Stojacanec;137160]It's about time the Macedonian government realises this trend and takes corrective action.[/QUOTE]

There is no Macedonian government.

Niko777 11-28-2012 02:05 PM

[COLOR="Red"][SIZE="6"][B]Albanian PM openly calls Preveza, Preshevo, Skopje, and Podgorica [U]"Albanian territories"[/U]! [/B][/SIZE][/COLOR]

[IMG]http://www.b92.net/news/pics/2009/10/15867505454acca0169c45e434742171_MidCol.jpg[/IMG]

source: [url]http://www.mkd.mk/79062/makedonija/i-avramopulos-ne-otide-vo-tirana-berisa/[/url]


[SIZE="5"][COLOR="Red"][B]Macedonian Army will march in Tirana to celebrate 100 years Albanian Independence[/B][/COLOR][/SIZE]

[IMG]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/36/Flag_of_Albania.svg/125px-Flag_of_Albania.svg.png[/IMG][IMG]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/thumb/0/0c/ARM-Logo-image.jpg/320px-ARM-Logo-image.jpg[/IMG][IMG]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/36/Flag_of_Albania.svg/125px-Flag_of_Albania.svg.png[/IMG]

Source: [url]http://puls24.mk/index.php/makedonija/vesti/8090-makedonski-oficeri-ke-marsiraat-po-povod-albanskata-nezavisnost[/url]


All times are GMT -5. The time now is 10:05 PM.

Powered by vBulletin®
Copyright ©2000 - 2022, Jelsoft Enterprises Ltd.
Macedonian Truth Organisation