Macedonian Truth Forum

Macedonian Truth Forum (http://www.macedoniantruth.org/forum/index.php)
-   Macedonian History (http://www.macedoniantruth.org/forum/forumdisplay.php?f=5)
-   -   The Bogomils (http://www.macedoniantruth.org/forum/showthread.php?t=4125)

Carlin15 02-17-2019 09:28 PM

[B]Кочо Рацин

Драговитските богомили[/B]

Богомилството е една од најсветлите, најзначајните и најинтересните појави на средновековното минато на Повардарјето. Наспроти официјалното христијанство, што е воведено одозгора, од страна на самите државни главари, и што е пренесено од Византија, со цел идејно да се зацврсти владавината на новата словенска феудална аристократија, богомилството никна од народот, ги зафати најшироките народни маси и во верско-опозициона форма го мобилизира народниот отпор против с поголемото феудално поробување. По тој начин, отпрвин како верско-опозициона секта, богомилството подоцна се претвори по вистинско социјално-реформаторско народно движење со отворени стремежи за промени на општествениот поредок. Во таа повисока фаза од својот развиток богомилството со своето високоморално сфаќање на средновековните културни проблеми, со својата народна, рационалистичка интерпретација на христијанството, како и со својата беспоштедна критика на сите негативни последици од феудалното устројство на општеството, што настанаа во време на првите симптоми од распаѓањето на феудализмот кај нас пројави таков порој од необично смели и напредни мисли за својата епоха, што со право го поставуваат во редот на значајните социјално-реформаторски движења во историјата. Веќе cо самото тоа богомилството би требало да се смета и како наше најсветло историско минато, што ги овоплотило нашите најдрагоцени културни традиции и ни оставило едно богато културно наследство.

На тоа наследство наидуваме насекаде во нашиот народен живот. Како една од најкрупните појави на јужнословенската историја",[1] богомилството со своето учење ги завладеа срцата на словенските народи на Балканот",[2] длабоко навлезе во духовниот живот на балканските Словени"[3] и при такви услови невозможно е да не влијаело силно врз нашиот народен живот, да не оставило подлабоки траги во нашите народни обичаи и преданија, но нашиот богат народен бит".[4] Нашата народна култура, нашиот богат народен фолклор, неисцрпната духовна ризница на нашиот народ низ многу мрачни векови на искушение повеќе се дело од влијанието на богомилството одошто од влијанието на православјето. Повеќе се во нив одразени немирот и трезноста на богомилството, одошто слепата вера и укоченост на православјето.

Full article here:
[url]https://www.marxists.org/makedonski/racin/dragovitski-bogomili.htm[/url]


[B]Кочо Рацин

Селското движење на богомилите во Средниот век[/B]

На нашите широки народни слоеви речиси и непознато им е големото средновековно народно движење на богомилите. Многумина и не претчувствуваат дека нивните одамнешни предедовци учествувале во тоа движење, станувајќи во одбрана на демократските преданија на својата старословенска задруга, против новите, словенски феудални и црковни властелини. Но уште е помал бројот на оние што знаат дека лулката на тоа движење му била меѓу Словените што живееле во Повардарјето, и дека од првата богомилска општина, меѓу племето Драговити, како зраци од светлина потекнало богомилското учење низ целиот свет", како што го вели тоа големиот хрватски научник Фрањо Рачки.

Кои биле тие наши храбри предеди, што во глувата доба на европскиот среден век ја запалиле таа светлина", и што барале тие?

Full article here:
[url]https://www.marxists.org/makedonski/racin/1939/selskoto-dvizenje-bogomili.htm[/url]

Кочо Рацин main page:
[url]https://www.marxists.org/makedonski/racin/[/url]

[B]БОГОМИЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ[/B]:
[url]https://www.youtube.com/watch?v=HjtfOtGD4hI[/url]

Carlin15 02-25-2019 02:57 PM

Images of abandoned Bogomil Graveyard near Ilidzievo (Илиџиево), Salonica area:
[url]https://www.atlasobscura.com/places/abandoned-bogomils-graveyard[/url]


All times are GMT -5. The time now is 04:40 PM.

Powered by vBulletin®
Copyright ©2000 - 2021, Jelsoft Enterprises Ltd.
Macedonian Truth Organisation