Кој и зошто им дозволи влез и фотографирање на Бујар Османи и Неџати Јакупи на Инфективна?
URL:
Вчера бев дежурен на Клиника. Џафери не е позитивен на корона, одговори Османи на прашањето – во кое својство бил на Инфективната клиника и дали се дозволени посети и фотографирање во екот на епидемијата со ковид-19
Кој и зошто им дозволил влез и фотографирање на Клиниката за инфективни болести на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и на директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи, е прашањето кое се отвори во јавноста откако Османи вчера на “Фејсбук” објави фотографија со претседателот на Собранието, Талат Џафери, хоспитализиран во болничка соба.
Османи, кој е и хирург на Дигестивната клиника, за „360 степени“ вели дека бил дежурен на работа. На прашањето во кое својство бил на Инфективната клиника и дали се дозволени посети и фотографирање, тој вели дека Џафери е негативен на ковид-19.
Османи избегнува директен одговор за тоа кој му дозволил влез на Инфективна и дали се дозволени посети, макар и од доктори на други клиники, а не се осврнува ниту на делот од прашањето за фотографирањето со хоспитализиран пациент.
Од почетокот на пандемијата, болничките посети се забранети и строго регулирани во сите болници низ државата. „360 степени“ се обиде да стапи во контакт и со директорката на Инфективната клиника, Милена Стефановиќ, која не одговори во кое својство Османи и Јакупи биле во посета на Џафери, кој им го дозволил тоа, а дополнително и кој им дозволил да фотографираат и јавно да објават фотографија?
Инаку, на објавата под фотографијата пишува „Еднаш борец, секогаш борец“.
Џафери е сместен на Инфективната клиника од 24 јули. Тој беше примен со повеќе симптоми кои укажувале на присуство на коронавирусот, имал и пневмонија, но досегашните тестови за ковид-19, според информациите од неговиот кабинет, се со негативен резултат.
Од кабинетот на Џафери вчера информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна, но потребен му е одмор, со оглед на набиената агенда во изминатиот период за време на изборите.
Русија тврди дека прва ќе има вакцина против коронавирус и тоа многу брзо
URL:
Русија планира да биде првата држава во светот што ќе одобри вакцина против коронавирусот. Тие планираат да го сторат тоа за помалку од две недели и покрај загриженоста за нејзината безбедност, ефективност и околу тоа дали Русија пропуштила да одработи некои есенцијални делови во нејзиниот развој, дознава Си-ен-ен.

Comment