[A. Donski]: Кој сака да им ја ампутира античката ист

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    [A. Donski]: Кој сака да им ја ампутира античката ист

    КОЈ САКА ДА ИМ ЈА АМПУТИРА АНТИЧКАТА ИСТОРИЈА И ПОТЕКЛО НА МАКЕДОНЦИТЕ?

    “....За време на бившата Федеративна Југославија Македонците беа убедувани дека се "чисти Словени со потекло од зад Карпатите"....”

    Збирка на извадоци од дела на Александар Донски

    --------------

    Александар Донски

    КОЈ САКА ДА ИМ ЈА АМПУТИРА АНТИЧКАТА ИСТОРИЈА И ПОТЕКЛО НА МАКЕДОНЦИТЕ?

    Интересот за античките Македонци, како најдоминантни жители на Македонија во антиката, во нашава, до не така дамнешна историографија (посебно за времето на комунистичкото едноумие), беше речиси никаков. За време на бившата Федеративна Југославија Македонците беа убедувани дека се "чисти Словени со потекло од зад Карпатите" (секако поради дневно-политичките интереси на југословенските идеолози, кои се состоеја во тоа дека сите народи во Југославија треба да бидат "чисти Словени" за да можат подолго да живеат заедно).Дури во комунистичка Југославија свесно беа криени и негирани крвните и културни врски помеѓу припадниците на денешната македонска нација со славните антички Македонци и нивното истражување беше еден вид табу-тема, а за Грција, Бугарија и Албанија и да не зборуваме. Во југословенскиот комунистички период, во врска со етничкото потекло на античките Македонци, мазохистички и безрезервно беа пропагирани големогрчките хипотези дека античките Македонци биле "Грци". Со тоа на Македонците им беше нанесен голем удар во дооформувањето на нивното национално осознавање.

    И додека останатите балкански (но и подалечни) народи јавно се гордееја макар и ако Александар Македонски само стапнал во нивните земји, или ако таму оставал свои сонародници-Македонци,кои останале таму да живеат,приложувајќи ја својата крв и култура во тие народи - ние Македонците бевме лажани дека наводно немаме апсолутно никаква врска со античките Македонци!

    И не само тоа. Ниту еден македонски пројугословенски настроен историчар никогаш посериозно го нема оспорено правото на денешните Грци да се декларираат себеси како "чисти потомци" на античките Грци (иако добро знаеме дека денешната грчка нација е составена од бројни етникуми: Словени, Власи, Албанци,Македонци, Турци-маџири и т.н.), но кога стануваше збор за обидите на докажување на евентуалната врска на денешните Македонци со античките, тогаш токму овие "наши" историчари први реагираа, најчесто афективно нудејќи ни ги големогрчките антимакедонски хипотези, според кои, античките Македонци биле "Грци", со кои ние "Словените немаме никаква врска".

    Ваквиот злочин врз вистината од страна на бившите југословенски историчари придонесе до една траги-комична состојба. Со Александар Македонски се гордееја сите околни народи, само не и ние, денешните Македонци, иако античките Македонци отсекогаш живееле на истата земја во која денес ние живееме, се шетале по истите македонски полиња и планини, пиеле вода од истите македонски извори, се хранеле од истите плодови, се капеле во истите македонски реки и езера, се веселеле со звукот на шупелката, се жалеле на летните горештини, ја бранеле нашата татковина, се гордееле што се жители на Македонија и, конечно, нам ни ја дале на чување својата славна крв, култура и национално име. Тие всушност се славните антички предци на денешната македонска нација!

    Оваа страотна агресија што беше извршена врз колективната потсвест на нас Македонците преку убедувањето дека сме "чисти заткарпатски Словени" (со крајна цел: еден ден да бидеме - "чисти ЈУГО-Словени", и тоа "самоуправни"!), и денес, кога ги пишувам овие редови, тешко се отстранува. Античките Македонци подмолно ни беа прикажувани како толку далечни од нас денешните Македонци, небаре тие биле Кинези, Чилеанци или марсовци. Бевме убедувани дека со секого сме "браќа" (со Србите, со Хрватите, со Муслиманите, со Словенците, па дури и со "неврзаните" Етиопјани, Виетнамци или Тогоанци), но никако не смеевме ниту да ги спомнеме античките Македонци како наши крвни и културни предци. Нашите историчари како воопшто да не забележуваа дека, на пример, денешните Египјани со гордост се фалат пред светот со старата египетска култура како со своја, и истата ја чуваат како зеница во окото. А ние? Ние, според "нашите" едноумни историчари ние би требало како зеница во окото да ги чуваме мочуриштата зад Карпатите, за кои, патем да спомнам, веќе поголем број сериозни археолози тврдат дека не постојат никакви материјални наоди за знаци на словенска култура од пред Големата преселба на народите, а ова во нашата официјална историографија се уште се премолчува (небаре се плашиме да не ни избегаат мочуриштата). Единствено, тука и таму, по некој историчар за време на едноумието срамежливо ќе спомнеше дека и "староседелците на Балканот" биле "претопени од Словените", со што индиректно се ставаше до знаење дека и тие се дел од нашата крв и култура, но се се завршуваше само со една таква реченица. И не само тоа. Дури и обичната историја на античка Македонија недозволено беше запоставувана, потценувана и омаловажувана. Небаре се работи за историја на Тунгузија. Така, на пример, во книгата "Историја на македонскиот народ" (Скопје, 1988 год.) од сите 380 страници, верувале или не, историјата на античка Македонија е застапена на само нецели 10 (десет) страници!

    Понатаму, за сите овие децении на слободен развој на историската наука во вардарска Македонија досега е промовиран само еден единствен доктор на науки на тема за античките Македонци (Д-р Наде Проева), а до неодамна немаше дури ни посебен предмет на факултетите за изучување на историјата на античките Македонци (додека за застапеноста на оваа тема во средните и во основните училишта и да не зборуваме).Не знам дали постои друг ваков пример на глупост во светот - еден народ толку да си ја омаловажува сопствената античка историја. Замислете си во некоја книга за египетската историја, објавена на триста и осумдесет страници во Египет, само десет странички да му бидат посветени на древното Египетско царство, на фараоните и на пирамидите. Дали е тоа можно? Или дали е истото можно да се случи во Италија во однос на Римското Царство? Или во Грција во однос на античка Грција? Секако дека не. Тоа можеше само кај нас.

    Ваквата сосема погрешна политика, водена од "нашите" едноумни историчари и од нивните ком-партиски наредбодавци, им се најде добредојдена и на странските пропаганди во и околу Македонија. Така, на пример, во последно време од екстремните застапници на големоалбанската пропаганда честопати слушаме (кај нас, но и пред светот!) дека ние денешните Македонци сме "новодојденци на Балканот", за разлика од нив кои се "староседелци" и дека затоа треба да се "вратиме зад Карпатите"(!?). Големобугарските пропагандисти, пак, дури одат до таму што (користејќи ја неинформираноста на поедини наши предци од 19. и 20. век) се обидуваат да не убедат дека немаме никаква врска со античките Македонци (иако тие живееле на истата оваа земја, како и ние денес!), туку наместо тоа, дека сме по потекло од турко-монголските азиски Бугари на хановите: Кубрат, Токту, Телец, Телериг, Паган, Омуртаг, Аспарух и другите како нив, без да водат сметка дека мнозинството од овие Бугари никогаш во животот немале ниту стапнато во Македонија и без да водат сметка дека турко-монголските Бугари (кои денес во Бугарија се слават како првите етнички предци на денешната бугарска нација) и припаѓале на жолтата раса, та ако ние Македонците порано сме биле "етнички Бугари", денес би имале антрополошки црти на луѓе од жолтата раса. (До колку некој упати забелешка дека и денешните Бугари во Бугарија се припадници на белата раса, тогаш нека ги праша бугарските историчари да му објаснат: како е можно припадници на белата раса да признаваат луѓе од жолтата раса како свои етнички предци? Нели е тоа смешно? А дека нема никакво сомнение оти турко-монголските Бугари и припаѓале на жолтата раса сведочат нивните директни потомци, кои и денес живеат на границата помеѓу Европа и Азија и себеси исто така се декларираат како потомци на Бугарите на хан Кубрат. Тоа се денешните казански Татари и Чуваши, кои и припаѓаат на жолтата раса и кои веќе се погласно бараат враќање на своето бугарско етничко име).

    Но, и за приливот на странските пропаганди индиректно се виновни "нашите" едноумни историчари, кои подмолно извршија ампутација на нашата античка историја, со што автоматски им го отворија патот на странските шовинисти, во темелите на нашето етничко постоење да се обидат да внесат туѓи етникуми. Во книгата што ја подготвувам под работен наслов "Античко-македонското наследство во денешната македонска нација" за првпат ќе бидат обелоденети несоборливи аргументи за крвното и културно наследство на античките Македонци, со што ќе се отвори патот за натамошните истражувања во тој правец, за конечно да се пополни и оваа последна празнина во нашата етногенеза, која странските шовинисти и нивните домашни слуги толку се обидуваат да ја забошотат.



    Написи објавени во весникот „Македонско сонце“:

    Пра-Бугарите имаат Турско-Монголско потекло

    БАЛИСТИЧКИТЕ ЅВЕРСТВА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

    МАКЕДОНСКОТО САМУИЛОВО ЦАРСТВО

    ПАРТИЈАТА "ВИНОЖИТО" - СТОЛБ НА МАКЕДОНСКИОТ НЕПОКОР ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

    МАЈКАТА НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЦИЈА, САРЅЕТАКИС, БИЛА ЕТНИЧКА МАКЕДОНКА!

    ЗАБЛУДИТЕ НА ЃОРЃИ МЛАДЕНОВ

    ЕГЕЈСКИТЕ МАКЕДОНЦИ СИ ГИ БАРААТ НАЦИОНАЛНИТЕ ПРАВА!

    МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ГЕНИЈ СЕ ИНСПИРИРАЛ ОД НАШИТЕ ПРЕДЦИ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

    АНТИЧКО-МАКЕДОНСКО ЧУВСТВО ИМАЛО И ВО ВМРО НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ!

    И ВРХОВИСТИТЕ СЕ БОРЕЛЕ ЗА СЛАВАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА!

    МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ НА БУГАРСКАТА КУЛТУРА

    ГРКОТ ПЛУТАРХ ГИ НАРЕКОЛ МАКЕДОНЦИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ!

    И РУСИТЕ И ТУРЦИТЕ ГО СЛАВЕЛЕ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ!

    МАКЕДОНИЈА ГРАНИЧЕЛА СО ГЕРМАНИЈА!

    И СПОРЕД БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ - АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ!

    ПРЛИЧЕВ СЕ ВОСХИТУВАЛ ОД СЛАВАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

    КРВТА ОД МОЈОТ ВРАТ МУ ГИ ИСПЛИСКА ОЧИТЕ НА ТУРЧИНОТ КОЈ САКАШЕ ДА МЕ ЗАКОЛЕ!

    НЕ ЗНАМ НИШТО ЗА СОПСТВЕНИОТ ДЕДО!

    ЌЕ ГО ЗЕМАМ ВО ЗАШТИТА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

    АНТИБУГАРСКОТ КАРАКТЕР НА КИРИЛО-МЕТОДИЕВАТА МИСИЈА

    АЛЕКСАНДАР КАРАЃУЛЕ ОХРИДСКИ Е УБИЕН ОД БУГАРИТЕ!

    ЕВРОПСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ПРОТИВ САНСТЕФАНСКА БУГАРИЈА!

    ЗОШТО МАКЕДОНЦИТЕ МУСЛИМАНИ СЕ НАШИ КРВНИ БРАЌА?

    И ХИТЛЕР ЈА ПРИЗНАВАЛ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА!

    АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ПЛАНИРАЛ ДА ЈА ОСВОИ И ТЕРИТОРИЈАТА НА ДЕНЕШНА ШПАНИЈА!

    КОЈ САКА ДА ИМ ЈА АМПУТИРА АНТИЧКАТА ИСТОРИЈА И ПОТЕКЛО НА МАКЕДОНЦИТЕ?

    Last edited by indigen; 09-22-2009, 02:02 AM.
  • Jankovska
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1774

    #2
    I think if Donski wants to help Macedonia should really just take a break from writing, maybe book a long holiday.

    Comment

    Working...
    X