View Single Post
Old 06-20-2021, 12:05 PM   #715
Carlin
Senior Member
 
Carlin's Avatar
 
Join Date: Dec 2011
Location: Canada
Posts: 2,813
Carlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud ofCarlin has much to be proud of
Default

While Zaev went to Sofia to (literally) beg, the response in Bulgaria has been intensified nationalist rhetoric.

URL:
https://telma.com.mk/2021/06/20/%D0%...8%D0%BA%D0%B0/

Засилена националистичката реторика во Бугарија

Дејствија против добрососедството и пријателството. Вака владата ги оцени провокативните пораки и националистичката реторика на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, како и во официјалниот спот на партијата ВМРО БНД, кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија. Велат дека, владите на двете земји со последната посета на премиерот Заев во Софија упатиле јасни пораки дека се посветени да градат позитивни односи и доверба, со цел надминување на разликите.

ГИ ОХРАБРУВАМЕ СИТЕ ФАКТОРИ ДА СЕ ДВИЖАТ ПО ПАТОТ НА ДИЈАЛОГОТ И ДОВЕРБАТА И ДА ПОМОГНАТ НА ДВАТА НАРОДИ И ДВЕТЕ ДРЖАВИ ПОБРЗО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОСАКУВАНОТО РЕШЕНИЕ. СИТЕ ДЕЈСТВИЈА НА КОЈ БИЛО ФАКТОР, КОИ ОДАТ СПРОТИВНО ОД ДИЈАЛОГОТ, ОД ГРИЖАТА ЗА ДРУГИОТ И ОД ГРАДЕЊЕТО НА ДОВЕРБА, СЕ ДЕЈСТВИЈА ПРОТИВ ДОБРОСОСЕДСТВОТО И ПРОТИВ ПРИЈАТЕЛСТВОТО.

Спотот, кој Џамбаски го промовираше на фејсбук, изобилува со скандалозни пораки и снимки од Скопје и од Охрид.

МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА. ФАКТ НА КОЈ НЕ МУ ТРЕБА ДОКАЗ. ФАКТ ШТО ЗОРАН ЗАЕВ ГО ЗАБОРАВА КОГА Е ВО СКОПЈЕ. И ТОЈ СЕ СЕЌАВА САМО КОГА ЌЕ ПОБАРА НЕШТО. БУГАРИЈА ОТСЕКОГАШ ЈА САКАЛА МАКЕДОНИЈА. НО, БУГАРИЈА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ УЦЕНУВАНА!

Речиси секоја објава на на фејсбук на европратеникот Џамбаски изобилува со навредливи и националистички пораки за Македонија. Тој е познат и по говорот на омраза кон Ромите во Бугарија.

Не заостанува многу зад него ниту претседателот на партијата, Каракачанов, кој пак, му префрли на Борисов затоа што зборувал за два народа и две нации, иако самиот Заев зборувал за еден народ. Тој го нарече и македонскиот национален тим репрезентација на другата бугарска држава.

Оваа реторика, што предизборно се очекува и да се засилува, влијае и на јавното мислење. Според неодамнешното истражување на Галуп во Бугарија, 70 отсто од испитаниците се против тоа, да се укине ветото за пристапување на Македонија во Европската унија.

Далиборка Демјанска Цветановска
Carlin is offline   Reply With Quote