Васил Иљов: За Александар и за

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • indigen
    Senior Member
    • May 2009
    • 1558

    Васил Иљов: За Александар и за

    ....македонската фаланга.

    На 10 или на 13 јуни 2010 година се навршуваат 2.333 (2,332) години од смртта на најголемиот војсководец на сите времиња, македонскиот генералисимус Александар Трети Македонски (356 - 323 г. пр. н.е.),

    ----------------

    За Александар и за македонската фаланга

    Васил Иљов

    Скопје, 12 јуни 2010 (МИМ)
    На 10 или на 13 јуни 2010 година се навршуваат 2.333 [2,332] години од смртта на најголемиот војсководец на сите времиња, македонскиот генералисимус Александар Трети Македонски (356 - 323 г. пр. н.е.), најлегендарната личност на изминатите илјадалетија, и е присутен во литературите на повеќе од 80 народи на светот. Тој ни ја остави неуништливата филозофија на космополитизмот, т.е. на зближувањето на народите, митологиите, културите, религиите...

    Најславната македонска епопеја од времето на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски, која го прослави името на Македонија и на Македонците, и денес е меѓник на вечноста и зрачи надеж и светлина за сите што се Македонци и што се чувствуваат како Македонци.

    Филип Втори Македонски, по блескавата победа кај Херонеја, успеал да ги натера сите градови-државички од Атика и од Пелопонез, освен Спарта, да ја признаат хегемонијата на Македонија. По неговото подло убиство во 336 г. пр.н.е., неговиот син Александар Трети Македонски, најенергично интервенирал против сите суети на таканаречените „елински“ градови-државички, штитејќи го интегритетот на македонската власт и зацврстувајќи го престолот на Македонското Царство во Пела.

    Завршувајќи го Македонскиот универзитет во Стагира, тој добил извонредни знаења од македонскиот филозоф и научник Аристотел и со својата неизмерна генијалност, итрина, умност и стратегиска даровитост создал најмодерна војска во светот. Оставајќи 12.000 пешадинци и 1.500 коњаници да ја чуваат македонската држава со престолнина во Пела, пролетта 334 г. пр.н.е. Александар Трети Македонски со 30.000 пешадинци и околу 5.200 коњаници се истоварил во Мала Азија, освојувајќи ја, како и Сирија, Египет и Персија, стигнувајќи до Инд и создавајќи Македонско Царство со територија од 3,8 милиони квадратни километри, раселувајќи околу 2.000.000 луѓе од Македонија и Македонскиот Полуостров во новоизградените околу 70 Александрии во кои го засеал семето на македонската традиционална култура и цивилизација. Воените аналитичари тврдат дека Александар Трети Македонски е претставник на методичната и уништувачка стратегија, кој во областа на тактиката користел содејство на коњаницата и пешадијата - непобедливата Македонска фаланга. Тој секогаш се чувствувал како Македонец и, како што тврдат изворите, изјавил: „Јас светот го освојувам за Македонците“.

    Во периодот на тропски дождови Александар Трети Македонски го продолжил своето освојување и истражување на Пенџаб, меѓутоа исцрпената македонска војска првпат му откажала послушност со пасивно однесување, кое се заканувало да се претвори во отворен бунт, та затоа наредил повлекување назад кон татковината.

    Воспоставувајќи го својот авторитет со преземање енергични мерки, Александар Трети Македонски пристапил кон огромни подготовки за поход на Арабија, за да ги поврзе своите најбогати покраини, Вавилон и Египет. Војската и флотата веќе биле подготвени за поход, но, според едни извори, на 10 јуни, а, според други извори, на 13 јуни 323 г. пр. н.е. Александар Трети Македонски умрел во Вавилон, како последица на болест или на постепено труење.

    Тој е заслужен за ширење македонска и македонистичка култура по источните земји, за преку огромното Македонско Царство да ги обедини мноштвото народи, раси и култури. Создал нова ера за историјата на човештвото, обидувајќи се да ја обедини западната, т.е. македонската култура со источната, создавајќи нова епоха на македонство и македонизам, каде духовното и интелектуалното наследство на Македонија навлегло и ги надживеало сите облици на римскиот живот и култура, поставувајќи ги темелите не само на новата западна цивилизација, туку и на целиот цивилизиран свет.

    Денес нас, Македонците, осведочениот македонски праисториски и историски континуитет нé задолжува да ги следиме и соодветно да реагираме на сите понижувања, притисоци, закани, блокади, наметнати обезличувања, агресивни настапи и настани на домашни и странски антимакедонисти, бидејќи имаат поставена цел: постепена федерализација, кантонизација, а тоа ќе рече растурање и крајно приграбување или уништување на македонската држава. Должни сме, заедно со сите наши пријатели и почитувачи, да најдеме начин и оптимални решенија да го спречиме остварувањето на сите фашизоидни сценарија за геноцид и „црвени линии“.

    Упорниот обид на ЕУ и на НАТО да го реализираат дамнешниот македонски епохален концепт за глобално политичко, економско, културно и секакво друго заедништво на народите, некои буквално го сфатиле како „снемување“ на Македонија, Македонците, македонството и на сé што е македонско.

    И покрај сите пропаганди, зла, песимистички прогнози, Македонија опстоила, постои и ќе постои, како татковина со палеолитски наследен суверенитет на македонскиот народ, како благодатно тло за сите нејзини лојални граѓани, како непобедлива македонска фаланга против сите бивши, сегашни и идни антимакедонисти, кои се плашат и од нашата колективна меморија, Александровото име, па дури и од самата сенка на споменикот на Александар во Скопје.

    Авторот е советник-конзерватор



    ------------

    NB: There is no year zero and thus in calculating anniversaries one needs to sum the BC and AD years and subtract 1 from the total! Macedonians (and they are not the only ones, too!) are ALWAYS getting their anniversaries WRONG!

    Example: Since Aleksandar Makedonski died in 323 BC and we are now, 2010 AD, the math equation would be as follows:
    323 + 2010 - 1 = 2,332
    Last edited by indigen; 06-16-2010, 06:17 AM.
Working...
X