Македонците од Голо Брдо, со Петиција до а

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Vesnik Makedonium
    Junior Member
    • Dec 2012
    • 12

    Македонците од Голо Брдо, со Петиција до а

    Македонците од Голо Брдо, со Петиција до албанските институции бараат изучување на македонскиот јазик
    Во организација на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо собрани се 45 потписи од родители Македонци од Требиште, со кое се бара воведување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште, Голо Брдо.
    На иницијатива на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо, собрани се 45 потписи од родителите на децата што учат во основносто училиште “10 покојници” во Требиште, Општина Требиште, Голо Брдо.
    Овие потписи заедно со барањето на македонското друштво “МОСТ” на 11 јануари 2013 година се доставени до Канцеларијата за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Mинистерството за образование на Република Албанија.
    Во барањето на македонското друштво “МОСТ” стои:
    “Друштвото “МОСТ”, со седиште во Требиште, Општина Требиште, е регистрирано во Окружниот суд во Тирана на 21.12.2011 година, и негова мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Голо Брдо, како и заштита на јазикот и образованиете на македонски јазик во Голо Брдо.
    Македонците кој живеат во Голо Брдо беа признаени од Албанската држава од 1945 до 1949 година, ова го потврдуваме со изводите од тоа време каде ни беше запишана националноста Македонец, како и училиштата што се отворија на македонски јазик во тој период, со македонски учители од Македонија.
    Мајчиниот јазик кој што се зборува во Требиште, Голо Брдо е македонскиот јазик, децата до 7-та години незнаат албански јазик и него почнуваат да го изучуваат во училиште.
    За ова, здружението “МОСТ” во име на 45 родители кој потпишаа петиција за воведување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште, бара да се воведи предмет за изучување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште.
    Ова петиција на родителите е врз основа Уставот на Република Албанија, Законот за образование на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, условот што е поставен на Албанија за исполнување на 11-та препорака на Европската комисија за почитување на правата на малцинствата, за добивање на кандидатски статус на земја кандидат за членство во ЕУ, и други конвенции и закони што нашата држава ги има потпишано за правата на човекот и на малцинствата.
    Се надеваме дека ова петиција на родителите на децата од училиштето “10 покојници”, ќе биде прифатено, бидејки со вработување на еден наставник по македонски јазик ке се реши ова барање.
    Во прилог ви испракаме 45 потписи од родителите од с.Требиште, Општина Требиште”- стои во барањето на македонското друштво “МОСТ”.
    Претседателот на македонското друштво “МОСТ”, Бесник Хасани кој е главниот иницијатор на ова петиција за Весникот Македониум изјави дека ќе чекаат да се произнесат надлежните институции на нивното барање и доколку не добијат позитивен одговор, решени се да се жалат кај сите албански и меѓународни институции и ке ги употребат сите легитимни средстава за реализирање на ова нивно легитимно право.
    Од македонското друштво “МОСТ” најавуваат дека ќе продолжат со собирање на потписи за воведување на македонскиот јазик и во Општините Стеблево и Острени во Голо Брдо.
    Областа Голо Брдо во Албанија административно поделена е на три општини Требиште, Острени и Стеблево, опфаќајки 20-на села населени со Македонци.
    Тука Македонците не се признати од страна на албанската држава и немаат право да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, иако го зборуваат.
    Единствено кој се признаваат во Албанија се Македонците во Мала Преспа кој имаат минимални права и го изучуваат во училиштата македонскиот јазик.
    Албанскиот премиер Сали Бериша при ланската посета на Македонија, на зедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Никола Груевски, на прашање на новинарите за правото на Македонците да се образуваат на мајчин јазик изјави дека: “Ве уверувам дека Македонците и секој граѓанин на Албанија имале, имаат и ке имаат неоспорно право да се образуваат на јазикот на кој што сакаат. Земјата ги има најдобрите стандарти според меѓународните документи за образување на малцинствата”. – истакна Бериша.
    Политиката на Албанија кон Македонците и другите малцинствата е двозначна. Од една страна не се почитуваат правата на малцинствта во Албанија, иако Албаниија е потписник на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, додека од друга страна многу гласно се жали за правата на албанското малцинство во соседните земји.
    Останува да се види дали петицијата на Македонците од Голо Брдо ќе најде на одобрување од страна на албанските институции. (Македониум)


    Во организација на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо собрани се 45 потписи од родители Македонци од Требиште, со кое се бара воведување на македонскиот јазик во основното училиште “10 […]
Working...
X