ОН - Во Грција има Македонци

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    ОН - Во Грција има Македонци

    Комитетот за елиминација на расната дискриминација и' препорача на Грција да признае македонско и турско малцинствоГрција повторно била на тапет во Обединетите нации поради непочитување на правата на малцинствата, при што од Атина е побарано да признае македонско и турско малцинство, односно да им овозможи да ги остваруваат сите свои загарантирани права. Ова е еден од заклучоците на Комитетот за елиминација на расната дискриминација кој од 3 до 28 август годинава во Женева ги разгледуваше Периодичните извештаи на неколку земји, меѓу кој и тој на Грција.


    Комитетот изрази загриженост поради пречките што грчката влада им ги поставува на етнички групи за прашањето за слобода на здружување и во тој контекст обрнува внимание на информациите за присилно затворање и одбивање да регистрираат здруженија на малцинствата како, на пример, на турското или на македонското.

    Шест години Македонците од Лерин со партијата „Виножито“ не можат да го регистрираат Домот на македонската култура.

    „Комитетот и' препорачува на земјата-членка (Грција) да донесе мерки со кои ќе се обезбедат лицата што и' припаѓаат на која било заедница или група ефективно да го уживаат правото на слободно здружување и на нивните културни права, вклучувајќи ја и употребата на мајчините јазици“, се вели во препораката на Комитетот.

    Експертите вчера коментираа дека ова повикување Атина да го применува членот 5 од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства е многу значајно и дека тао била истакнато и во извештајот од независната експертка на ОН, Геј Мекдугал. Тоа значи дека не држи аргументот на Грција да признае само „муслиманско малцинство“ на што таа се повикува според Договорот од Лозана од 1923 година.

    Комитетот и' препорача на Грција да спроведе истрага заради ефикасно да направи процени за инцидентите базирани на расна основа и особено на случаите на дискриминација на национална или етничка основа и според тоа да донесе специфични мерки што ќе ја елиминираат таквата дискриминација.

    Павле Воскуполос е донекаде задоволен од извештајот и од препораките на Комитетот.

    - Сега можеме и покрај шумата да ги видиме и дрвата, што не беше случај пред седум години, кога се разгледуваше Извештајот за Грција. Јасно е дека поагресивно се поставуваат прашањата за положбата на малцинствата во Грција отколку порано. Сепак, жално е што Грција како членка на ОН плука по Универзалната декларација за човекови права на ОН и тоа по фундаменталните права - изјави за „Дневник“ Воскопулос, член на раководството на „Виножито“, партијата на Македонците во Грција.

    Атина имаше свои забелешки за Извештајот и за употребата на терминот „македонско малцинство“ за што таа вели дека е тоа термин што го користат само „неколку невладини организации“.

    „Фактот што во северна Грција без никакви пречки малкумина покрај грчкиот го користат и словенскиот јазичен идиом, во семејствата или во секојдневна употреба, не индицира дека постои и национално малцинство“, коментира Атина и истакнува дека „тие луѓе никогаш не се сметале дека се со посебен национален идентитет“.

    Васкопулос на овие забелешки на Грција вели дека е тоа ноторна лага, прашувајќи што значи изјавата на Атина дека во Грција живеат 2,5 милиона Македонци.

    - На кои Македонци мисли Грција, на тие што се од Мала Азија, од Кападокија, на оние со ерменски презимиња. Не знам. Јас повторно предлагам таа дилема да се реши на попис - да, ајде да спроведеме попис па да видиме кој ќе се изјасни како Македонец - вели Васкопулос.

    Христо Ивановски

    izvor:


  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    - На кои Македонци мисли Грција, на тие што се од Мала Азија, од Кападокија, на оние со ерменски презимиња. Не знам. Јас повторно предлагам таа дилема да се реши на попис - да, ајде да спроведеме попис па да видиме кој ќе се изјасни како Македонец - вели Васкопулос.
    Pavle does have some "pearler" moments of clarity!
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    Working...
    X