Македонија преку барата

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Bratot
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 2855

    Македонија преку барата

    Македонска нација“ не е орган на политичка партија, друштво, или организација, туку е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. На македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност.


    Во државата Охајо, во САД, постои еден мал “град“ наречен – Македонија. Но, за разлика од нашата Македонија која се наоѓа на Европско тло, Македонија во Охајо е основана во 1824 година и брои околу 10 илјади жители.

    Википедија наведува точно шест помали места низ САД кои што го носат името
    Македонија. Градови кои што го носат името Македонија, освен во Охајо,
    има и во сојузните држави Алабама, Џорџија, Илиноис, Индијана и Ајова.

    Најмалата Македонија во големата Америка е онаа во Илиноис. Има само 51
    жител. На Македонците во Европа најблиски им се нивните соименици од Ајова. Во Македонија, во сојузната држава Ајова 14,5 % живеат под линијата на сиромаштија. Македонците од Европа, овде имаат соименици од Хиспано и Латино потекло.

    Најмултикултурна е Македонија воАлабама. Во неа сложно живеат Афро – Американци (97,5 проценти) Бели Американци (6,95 проценти) и 1,3 проценти домородни Американци - Индијанци.
    Македонија во Џорџија(САД) не е ни град, ни село, ни бутур. Ниту автономна област, ниту покраина која што порано се викала Северна Грција. Па што е тогаш?

    Нешто што во англо – саксонското право се нарекува unincorporated
    community. Тоа се региони кои што се управувани од поголеми
    територијални единици како на пример парохија, кантон, провинција,
    околија…Македонија, во овој случај се простира на автопатот број
    дваесет во Џорџија. Македонците им плаќаат данок на Чироките, затоа што нивната матична територијална единица се вика Областа на Чироките(Cherokee County). Овие Македонци си ја имаат мааната на европските Македонци. Поделени се.

    Еден дел припаѓаат кон поштенскиот број на гратчето Ball Ground, а другиот дел го делат својот поштенски број со градот Canton, кој што има 7709 жители. Македонците овде не се делат според политичките убедувања, туку врз основа на положбата што нивната куќа ја зазема покрај автопатот.
    Некаде околу 1835 година локалното население на една тазе никната населба во Охајо, ги замолило студентите од блискиот теолошки колеџ в недела да доаѓаат кај нив за да
    им проповедаат. Младите теолози, одговарајќи на повикот, при исполнувањето на својата пастирска должност почнале да го употребуваат цитатот од Библијата: “Дојди во Македонија и помогни ни!”
    Така, тие го добиле името Македонија, име кое што градот го носи и денес.

    Како и да е, до денешен ден ние не сме чуле дека Грчката Амбасада во САД поднела протестна нота и побарала смена на името на гратчето Македонија во државата Охајо.
    Претпоставувам дека вакво хипотетичко барање би било веднаш одбиено од страна на Американските власти.

    Наведените примери, само ја потврдуваат исправноста на Американската одлука и на мнозинството на земји членки на ООН, за признавање на Македонија под нејзиното уставно име, име кое што таа самата си го избрала, повикувајќи се на непишаното правило, дека секоја заедница го поседува правото да се нарекува онака како што сака.

    Со блокирањето на влезот во НАТО под референцата која се употребува во ООН, Атина ја прекрши спогодбата потпишана во Њујорк од 13 Септември 1995, меѓу министрите на Папуљас и Црвенковски.
    Прекршувањето на членот 11 од оваа спогодба значи и прекршување на фундаменталното правило во меѓународното право Pacta sunt servanda односно „Договорите мора да се исполнат“
    Затоа за поздравување е нашата позиција која не беше скршена или свиткана, која ја заслужува сета наша поддршка во разрешувањето на случајот кој Македонија го покрена во Јули 2009 пред меѓународниот суд против Грција.


    The purpose of the media is not to make you to think that the name must be changed, but to get you into debate - what name would suit us! - Bratot
Working...
X