Пред избори се Македонци, а потоа грци

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    Пред избори се Македонци, а потоа грци

    ФУНКЦИОНЕРИ ВО ЛЕРИНСKО ГИ KРИЈАТ KОРЕНИТЕ

    Пред избори се Македонци, а потоа грци


    Градоначалниците и кметовите со македонско потекло, за да ја задржат фотелјата, ги кријат корените и не го зборуваат македонскиот јазик, иако тоа им било билет да стигнат на функција, велат Македонците од грција

    Kако сте, ви треба ли нешто, ќе го направиме патот до селото. Со овие зборови, на македонски јазик, кандидатите за градоначалници во Леринско пред избори им се обраќаат на Македонците во Северна грција, одејќи од куќа до куќа. Штом ќе ги добијат нивните гласови и ќе дојдат на функција, следува друга песна. Не зборуваат на македонски, туку на грчки јазик и не сакаат да кажат дека се Македонци. Едноставно, забораваат на ветувањата што им ги дале на Македонците за да ги изгласаат.

    Ова, како што велат Македонци во грција, е стратегија што јужниот сосед ја практикува последниве 20-ина години.

    Градоначалниците и кметовите на селата каде што живеат Македонци, од страв да не ја изгубат позицијата, паѓаат во грчката стапица и го забораваат своето потекло. грција, пак, од своја страна, си го чисти образот пред меѓународните организации за човекови права, сакајќи преку поставувањето градоначалници со македонско потекло да прикаже дека не применува националистичка политика кон малцинствата.

    Македонците од грција велат дека грчките власти го следат секој чекор на ваквите функционери, кои тешко сфаќаат дека се злоупотребени од партиите.

    Kако пример го посочуваат актуелниот градоначалник на Лерин, Јоанис Воскопулос, братучед на Павле Воскопулос, лидер на партијата на Македонците во грција, Виножито. Тој лани во јули, на фестивалот на македонски ора во Овчарани, одржа говор во кој „патриотски“ зборуваше за грчкиот карактер на Македонија и нагласи дека Македонците имаат една татковина - грција. На насобраните им порача цврсто да се држат до хеленистичките вредности што ги поставиле предците. Иако дејствува согласно грчката кауза, на властите им пречело неговото потекло, па го обвинуваат за низа скандали.

    - Против него се водат десетици судски спора. Можеби навистина за дел од нив постои основа, но не е можно толку судски процеси да се водат против еден човек, кој инаку е под постојан мониторинг токму од властите. Проблемот е што за да ја задржат фотелјата, паѓаат во стапица на грчките власти и потоа се отфрлени. Неколкупати преку текстовите во весникот сме се обидувале да ги освестиме, да сфатат дека се искористувани - вели за „Дневник“ Димитриј Јоану, главен уредник на весникот на партијата на Македонците, „Нова зора“.

    Слична судбина имал и Трајанис Петканис, односно Трајко Петканов, кој пред неколку години бил избран за префект на Леринскиот регион.

    - Откако беше искористен од властите тука, по завршувањето на мандатот, Петканов беше буквално исклучен. Наместо како поранешен префект да биде распределен на друга функција, тој, едноставно, повеќе не им требаше - вели Јоану. Уште еден ваков случај е со Хараламбос Папатанасиу, по потекло од село Росен, Леринско. Во почетокот на 90-тите двапати бил поставуван како пратеник од Лерин во грчкиот парламент.

    - Тоа беше во време кога политичката сцена во грција беше хаотична, кога владите буквално паѓаа на неколку месеци. Папатанасиу беше поставуван два пати по 2-3 месеци. Но кога состојбата се стабилизира и веќе беше јасно дека се формира стабилна влада, наместо него, партијата си постави грк по потекло, кој беше изгласан и остана целиот мандат, објаснува уредникот на „Нова зора“. Тој вели дека не се знае точниот број на функционери со македонско потекло.

    izvor: http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8C33C9...AC2D8E124A91D9
Working...
X