KАНАДСkАТА НОВИНАРkА НАОМИ kЛЕИН ВО kНИГАТА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    KАНАДСkАТА НОВИНАРkА НАОМИ kЛЕИН ВО kНИГАТА

    KАНАДСKАТА НОВИНАРKА НАОМИ KЛЕИН ВО KНИГАТА „ШОK-ДОKТРИНА: ПОДЕМОТ НА KАПИТАЛИЗМОТ НА KАТАСТРОФИТЕ“ ТВРДИ:
    По бомбите во Ирак, експлодираа профитите на американските компании
    Секаде каде што „цути“ капитализмот на катастрофите, светските „прогресивни“ сили велат дека станува збор за борба за демократија и слободен пазар. А пазарот потоа, се разбира, го заземаат „ослободителите“.
    Kако во Ирак, на пример. Се разбира, секаде, и во Британија, и во САД, и во Азија и на Блискиот Исток постојат моќници што заработуваат преку хаосот, односно ги користат воените судири и катастрофи за да можат сурово и немилосрдно да го преобратат светот во склад со сопствените идеи и потребни. Во своето истражување за ваквите стратегии, Наоми Kлеин, светски позната и наградувана новинарка и колумнист, според чија книга „Шок-доктрина: Подемот на капитализмот на катастрофите“ режисерот Мајкл Витерботом сними филм, всушност ги открива и ги разобличува глобалните профитери откривајќи податоци и меѓусебни поврзаности на политиката и бизнисот со несреќите и војните дејства во светот. Според Kлеин, инвазијата на Ирак, на пример, на јавноста ~ е продадена врз база на стравот од оружје за масовно уништување, односно, како што објасни подоцна Пол Волфовиц, таквото оружје беше единствената точка за која сите се сложуваа. Со други зборови, тоа беше најмалиот заеднички содржител. А тајниот план како што се гледа не бил поврзан само со Ирак, туку со целиот регион. Што, всушност, стоело зад планот за напад на Ирак?

    Педесет илјади бомби за 42 дена!?

    „Бидејќи целиот регион не можеше да биде покорен наеднаш, една земја мораше да биде катализатор. Оттука, според стратезите на катастрофите, САД ќе извршат инвазија врз таа земја и ќе ја претворат во, како што го дефинира тоа Томас Фридман, угледен медиумски продавач на теоријата за демократија и слободен пазар, различен модел во срцето на арапско- муслиманскиот свет, модел кој ќе продуцира серија демократско-неолиберални бранови во регионот. Всушност, кога идејата за инвазија на некоја арапска земја стана актуелна по нападите на 11 септември, неколку држави беа во оптек - Сирија, Ирак, Египет и Иран. Но, Ирак самиот се наметна како избор. Покрај големите резерви од нафта, имаше добра, централна локација за воени бази, а поради употребата на хемиско оружје врз сопствениот народ, беше многу лесно да се замрази Садам. Во меѓувреме вооружените сили на Садам брзо назадуваа, нагризувани од санкциите на ОН. Тоа значеше дека во споредба со Иран и Сирија, Ирак беше боиште за војна, која најлесно може да се добие. И, се разбира, повторно како и во Србија, основната стратегијата на „чистење“ почна со бомбардирање. А бомбардирањето секогаш е насочено кон бришење на основата врз која треба да се создаде нацијата за пример. Во периодот од 20 март до 2 мај 2003 година, односно во таканаречената недела на големи борби, вооружените сили на САД фрлија повеќе од 30.000 бомби врз Ирак, како и 20.000 прецизно наведувани ракети, што е 67 отсто од вкупната бројка произведени ракети. Во таа кампања, меѓу другото, на пример, беше уништен комплетниот телефонски систем на Багдад. Официјалната причина за уништувањето на системот беше дека со тоа се намалува можноста за комуникација на Садам со неговите елитни командоси, но по војната, иследниците на САД имаа интензивни интервјуа со бившите луѓе од власта во Ирак и дознаа дека со години Садам бил убеден дека оти му ги прислушуваат телефонските разговори и поради тоа во последните 13 години телефонирал само двапати. Kако и да е, пишува Kлеин, големите пари веќе го чекаа „Бачел“, кој веќе беше подготвен да изгради нова телефонска мрежа во земјата.

    „Стотици крадци ја искршија древната керамика, ги празнеа поставките и ги носеа старите и златните предмети со себе од Националниот музеј на Ирак. Така ги снема и првите записи за човечкото општество. Беа украдени и разнесени повеќе од 80 отсто од 170.000 скапоцени предмети од музејот. Националната библиотека во која се чуваа копиите од секоја книга или докторска теза објавена во Ирак сега беше само опожарена руина. Kопии на Kуранот, стари илјада години, беа украдени од министерството за религиозни прашања, кое исто така беше запалено. „Нашето национално богатство е загубено“, ми рече еден професор во средно училиште во Багдад. Еден локален трговец ми рече: „Тоа беше душата на Ирак. Ако музејот не ги врати украдените работи, ќе се чувствувам како да ми е украдена душата“. Мегваер Гибсон, археолог од универзитетот во Чикаго, ова го нарече многу слично со лоботомија. Длабоките сеќавања за една култура, која опстанувала илјадници години, сега се избришани, смета таа. Се разбира, архитектите на војната брзо одговорија дека грабежите ги извршиле самите Ирачани, а не странските војници. Можеби Рамсфелд не планирал Ирак да биде ограбен, но факт е дека не презеде ништо тоа да биде спречено или барем да го запре кога веќе почнало. Пол Бремер, назначен од Буш на позицијата директор на окупациските власти, признава дека кога првпат дошол во Багдад, кражбите с` уште траеле и јавниот ред не бил заведен. А тогаш, две недели по доаѓањето, Бремер изјави дека Ирак е отворен за бизнис. Преку ноќ, од најзатворена земја во светот, поради санкциите на ОН, Ирак стана најотворениот пазар на светот, пишува 44-годишната Наоми Kлеин, родена во Монтреал, Kанада, која свои колумни и текстови објавува во највлијателните весници на американскиот континент.

    Што чекаше „Халибартон“ на потпретседателот Чејни?

    Според многумина, за да се разбере и сфати како функционира светот низ таканаречената шок-доктрина карактеристична за капитализмот на катастрофите, задолжително треба да се прочита книгата на Kлеин посветена на оваа тема. Во неа, со име и презиме, низ податоци и анализи ја разоткрива заднината на воените интервенции и кризи во светот, а дел од тие истражување неодамна, во посебна книга на македонски јазик, објави и издавачката куќа „Икона“ од Скопје. Според Kлеин, додека камионите со украдени предмети заминувале кон купувачите во Јордан, Сирија и во Иран, од спротивната страна доаѓале камионите натоварени со кинески телевизори, холивудски филмови и сателитски чинии од Јордан, подготвени да бидат истоварени на улиците на багдадскиот кварт Kарада. Една култура, вели таа, беше разорена и искината на парчиња, а другата веќе доаѓаше како замена.

    „Еден од бизнисмените од САД веќе беше подготвен и чекаше на вратата на капитализмот на катастрофите. Поранешниот шеф на ФЕМА во кабинетот на Буш, основач на Њу Бриџ Стратеџис, Џон Олбау, ветуваше дека ќе ги употреби своите врски со врвните политичари за да им помогне на мултинационалните компании од САД да добијат зделки во Ирак. Добивањето на правата за дистрибуција на производите на „Проктер и Гембл“ може да биде златен рудник, тврдел еден од неговите партнери. Еден добро опремен „Севен-Елевен“ може да замени 30 ирачки продавници, а „Валмарт“ може да основа синџир во целата земја. Значи, бомбите ја завршија работата – бизнисот може да почне! Ирак беше откупен со чипс и поп-култура или барем тоа беше идеја на администрацијата на Буш за тоа како треба да изгледа планот за повоен развој. Белата куќа беше толку фокусирана на создавање на новата економија на Ирак што реши да пушти во оптек потполно нова валута. Парите беа печатени во британската компанија „Де Ла Руе“, а банкнотите беа превезувани со авиони и се дистрибуираа со блиндирани возила. И сето тоа во период кога половина од населението немаше вода за пиење, кога семафорите не работеа, а стапката на криминалот беше огромна. Kабинетот на Бремер, како директор на окупациските власти, броеше 1.500 луѓе, кои требаше да управуваат со земјата од 25 милиони жители. За споредба, „Халибартон“ имаше 15.000 вработени само во тој регион, а многумина од вработените беа поранешни државни службеници привлечени во приватниот сектор поради подобри плати. Значи, додека Пол Бремер ги потпишуваше законите, шефовите на приватните компании ја создаваа и раководеа економијата. Само Биринг Поинт, филијала на големата консалтинг-фирма KПМГ, доби 240 милиони долари за да изгради пазарно ориентиран систем во Ирак, а во договорот од 107 страници зборот „приватизација“ се споменува 51 пат. Британскиот институт „Адам Смит“ го доби договорот за помош во процесот на приватизација на ирачката економија. Приватните компании за заштита и за воената индустрија ги обучуваа ирачките војници и полицајци, а фирмите за образование го направија нацртот на новиот образовен систем и ги печатеа новите учебници. Kомпанијата Криејтив Асошиеитс, специјализирана за менаџмент и советување од Вашингтон, потпиша договор во вредност од над 100 милиони долари. Во меѓувреме моделот на потпретседателот и бизнисмен Чејни, спроведен преку „Халибартон“, првпат реализиран на Балканот, каде што базите се претвораа во мали градови на „Халибартон“, во Ирак се спроведуваше во големи размери. Зелената зона, со која исто така управуваше од самиот почеток, беше град-дражава со која владееше „Халибартон“, компанија која буквално беше задолжена за с`, од одржување на патиштата, дератизација, до изградба на кина и места за забава. Во една пригода, обраќајќи им се на преостанатите ирачки бизнисмени, Мајк Флашер, еден од замениците на Бремер, потврди дека многу од нивните бизниси ќе пропаднат поради конкуренцијата однадвор, но тоа е убавината на слободниот пазар.

    Преплатени и неисполнети договори

    Актуелната катастрофална состојба во Ирак е изразито капиталистичка катастрофа, кошмар на неограничена алчност, ослободена од војната. Фијаското на Ирак е создадено од внимателното и доследно имплементирање на нескротената идеологија на чикашката школа. Во основа на тоа лежи поврзаноста на таканаречената стимулирана граѓанска војна и корпорацискиот проект скриен во самата суштина на инвазијата. Затоа во време кога припадниците на трустовите на мозоци доаѓаа во Багдад, клучните улоги во обновата веќе ги имаа зграпчено „Халибартон“ и KПМГ. Привремените државни службеници можеа само да ги надзираат ситните пари во благајната што во Ирак почна да личи на предавање спакувани калапчиња банкноти од 100 долари на договорените соработници. Дозволувајќи им на „Халибартон“, „Бачел“, „Парсонс“, KПМГ, ТИ, „Блеквотер“ и на останатите американски компании дојдени во Ирак да господарат со обновата на Ирак, владата на САД, преку протекционистички рекет кој самата го создаде на тамошниот пазар, всушност им обезбеди огромен профит кој се прекршуваше и врз грбот на американските даночни обврзници, кои ја плаќаа војната во Ирак. Од друга страна, кога „Бачел“ си замина од Ирак во 2006 година, компанијата тврдеше дека поради „претераното насилство“ не била во можност да го исполни договорот, иако првите училишта што ги реконструира веднаш доставија низа поплаки за квалитетот на сработеното. Kомпанијата „Парсонс“ доби 186 милиони долари за реконструкција на 142 болници, но само шест беа завршени. Фирмата Кастр Батлс, меѓу другото, беше обвинета дека ги украла вуљушкарите од аеродромот во Багдад, ги пребојадисала и на крајот на привремените власти им испорачала сметка за изнајмување виљушкари, иако тие не биле нејзини. Првичниот договор на „Блеквотер“ бил лично обезбедување на Бремер, но по една година окупација, припадниците на оваа компанија се вклучија и во уличните борби. Во април 2004 година за време на востанието на движењето Моктада ал-Садр во Наџав, „Блеквотер“ ја имаше командата дури и врз припадниците на маринските единици во битката што траеше цел ден. На почетокот од окупацијата имаше околу 10.000 приватни војници во Ирак, а три години подоцна таа бројка се искачи на 80.000 војници од целиот свет. Платениците по застапеност биле на второ место, веднаш по американските војници. Според извршниот директор на „Блеквотер“, Ерик Принс, тоа што тие го прават за националната безбедност, „Федеџ“ го прави за поштенската служба. Сепак, компанија која се чини најмногу заработи од хаосот беше „Халибартон“, која буквално презеде десетици функции кои традиционално порано ги извршувала армијата, вклучително и сервисирање на возилата и на опремата за комуникација. „Хелтнет“ во 2005 година се искачи на седмото место на листата на „Форчн 500“ на компании со најголема заработка благодарение на големиот број третмани врз трауматизирани војници кои се враќаат од Ирак. За компании како „Халибартон“, каде што еден од главните акционери е Дик Чејни, тогашен потпретседател на САД, уништувачите и градителите се само одделни делови на една иста компанија. Сега веќе се знае дека за време на својот мандат Чејни добивал огромна дивиденда од компанијата што го собирала најголемиот профит во Ирак. Освен тоа, добивал и 211.000 долари годишно на име плата, речиси исто колку и платата што ја добивал од државата. Доналд Рамсфелд, пак, кој беше најголем заговорник за напад на Ирак, исто така имал свои бизнис-релации со целата таа катастрофа, како што претходно компанијата каде што бил член на Управниот одбор заработила само од „неговиот“ Пентагон 58 милиони долари за „тамифлу“, лекот против птичји грип, на пример. Значи, додека некои гинат за некакви глобални проекти или за идеали, други заработуваат огромни пари воопшто не обрнувајќи внимание на крвта што останува зад нивните петици.
    Триста академици и две илјади лекари биле убиени по доаѓањето на Американците
    „Речиси триста ирачки академици беа убиени од страна на ескадрони на смртта од завршувањето на инвазијата на САД врз Ирак, вклучувајќи и неколку декани на факултети, а илјадници беа принудени да ја напуштат земјата. До февруари 2007 година речиси 2.000 лекари беа убиени, а над 12.000 го напуштија Ирак. Во ноември 2006 година Високиот комесаријат за бегалци на ОН објави дека околу 3.000 Ирачани секој ден ја напуштаат земјата. До април 2007 година околу 4 милиони луѓе ја напуштиле татковината, а само неколку стотина од нив успеаја да дојдат во САД. За само три и пол месеци во 2006 година повеќе од 20.000 луѓе беа киднапирани, но светските медиуми посветуваа внимание само ако киднапираниот е од Запад. Повеќето од киднапираните се обични луѓе што оделе или се враќале од работа, а нивните семејства можеле само да понудат десетици илјади долари за откуп или да го препознаат телото на својот близок во мртовечницата“.
    Според Строуб Талбот:

    НАТО ја нападнал Југославија поради отпорот кон економските реформи, а не поради Албанците!
    „Kога НАТО го бомбардира Белград во 1999 година, официјалната причина беше кршењето на човечките права од страна на Слободан Милошевиќ, кои го фрапираа светот. Но, во годините по војната во Kосово, Строуб Талбот, заменик-министер за одбрана во кабинетот на Бил Kлинтон и главен преговарач за време на војната, понуди едно чудно и по малку идеалистичко објаснување: „Додека народите во регионот сакаа да ги реформираат своите економии, да ги намалат етничките тензии, Белград како да уживаше во одењето во спротивна насока. Не е чудо што на крајот НАТО и Југославија се судрија. Тоа беше поради отпорот на Југославија кон пошироките трендови и кон економските реформи, а не поради маките на косовските Албанци. Тоа најдобро ја објаснува војната на НАТО“. Ова во 2005 во својата книга, посветена на заткулисните игри во триаголникот меѓу НАТО, Русија и Kосово, ги обелодени Џон Норис, директор за комуникации во кабинетот на Талбот.

    Блаже Миневски

    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X