ДПМНЕ и ДУИ ја запираат лустрацијата!!

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • DedoAleko
    Member
    • Jun 2009
    • 969

    ДПМНЕ и ДУИ ја запираат лустрацијата!!

    ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја запираат лустрацијата

    Македонската лустрација, процес кој почна пред седум години за откривање на соработниците на тајните служби од идеолошки, политички и лични причини, треба да заврши до 1 септември. Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера во Собранието поднесоа предлог да престане да важи законот за определување услов за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност. Предлогот доаѓа само по две недели откако во листата на приоритети кои еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ни ги достави за надминување на политичката криза и за продолжување на евроинтеграцискиот процес, беше вметнато и ова прашање. Владејачките партии, особено ВМРО-ДПМНЕ, до последен момент цврсто го бранеа и го форсираа лустрацискиот процес како услов за демократијата во државата.
    - Да се адресираат сериозните недостатоци и да се ревидира/повлече Законот за лустрацијата и неговото спроведување (особено имајќи го предвид amicus curiae мислењето на Венециската комисија) во однос на временските ограничувања, заштитата од политички, идеолошки или партиски причини, кои се користат како основи за лустрација; исклучување лица на приватни или полуприватни позиции и посилна заштита на идентитетот на субјектите до конечната судска одлука – беше препораката на Хан за лустрацијата како дел од реформите за владеењето на правото и судството, а по која постапува сега власта.

    Предлогот е потпишан од Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери, координатор на ДУИ, и Рафис Алити, пратеник на ДУИ.

    - Kомисијата за верификација на фактите, која почна и го водеше процесот на лустрација, досега утврди соработка со органите на државната безбедност на над 300, а провери повеќе од 30.000 лица – поранешни и сегашни носители на јавни функции, вршители на јавна дејност или со јавни овластувања, како и кандидати за овие функции. Меѓу лустрираните се најдоа професори, писатели, поранешни министри, политички функционери, јавни личности. Лустрацијата во Македонија одбележа еден историски процес. Задачата на Kомисијата не беше оспорување на делата или општествениот придонес на лустрираните, туку обелоденување на нивната соработка и напредок во кариерата или личниот бенефит кој го имале на сметка на таквата соработка, која во најголемиот дел од комунистичките земји се обелодени и заврши успешно – пишува во предлогот за престанок на Законот за лустрацијата.

    Според предлогот, досегашниот Закон за лустрацијата ќе продолжи да важи само за оние случи за кои Kомисијата донела решение до 1септември 2015 година, а кое с` уште не е конечно. За сите останати започнати постапки, процесот ќе запре. По завршувањето на оваа обврска, ќе престане и мандатот и постоењето на комисијата за лустрација. Целата документација ќе се предаде во Државниот архив на Македонија.

    Процесот на прочистување во Македонија започна една деценија откако речиси заврши во останатите поранешни комунистички држави. Првпат закон за лустрација беше донесен во 2008 година. Нов закон, во кој беа опфатени и наредбодавците, но и за јавно објавување на имињата на лустрираните и нивните досиеја, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, како и проширување на опсегот на проверка и по независноста на државата, беше донесен во 2012 година. Противниците на законот, токму во продолженото важење на лустрацијата и по независноста, и покрај очигледното постоење политички досиеја (на пример, „Темел“ за ВМРО-ДПМНЕ, водено во времето на Слободан Чокревски и Љубомир Фрчковски) видоа кршење на човековите права. Нелустрирани останаа новинарите и претставниците на верските заедници, на кои, според последниот закон, беше оставена проверката да се прави на доброволна основа. Законот за лустрацијата, особено составот на Kомисијата, но и самиот процес, беше оспоруван и од опозицискиот СДСМ.

    Забраната за вршење јавна функција ќе трае пет години

    Забраната за вршење јавна функција за оние лица за кои комисијата за лустрација утврдила дека е соработник на тајните служби ќе трае пет години откако станало конечно решението со кое се утврдила соработката. Ова е дел од предлогот за престанок на законот за лустрација. Временското ограничување на дополнителниот услов е на барање на Венециската комисија. Имено, како што пишува во објаснувањето на предлогот Венециската комисија, во своето последно мислење забележува на тоа што актуелниот закон нема фиксен период на времетраење на секоја поединечна, односно индивидуална мерка за лустрација, односно дека сите сите индивидуални мерки (забраната за вршење јавна функција) ќе завршат во исто време – десет години по формирањето на Kомисијата. Тоа, според експертите на Венециската комисија, можело да доведе до дискриминација.

    Аџиев: Лустрацијата е главно заокружена

    Kомисијата за верификација на фактите веднаш штом ќе биде донесен законот со кој ќе престане да важи Законот за лустрацијата, ќе подготви извештај со анализа во кој ќе се утврдат бројот и водот на досега спроведените лустрации во Македонија, потоа кои предмети се почнати и ќе треба да завршат по престанокот на законот, колку од нив се во судска процедура, но и точна евиденција колку од решенијата што ги донела Kомисијата не биле спроведени од институциите во кои биле избрани или именувани лица за кои било утврдено дека се кодоши. Ова за „Дневник“ го потврди и првиот човек на комисијата за лустрација, Томе Аџиев. Според него, иако можеби некои постари досиеја останале непроверени, лустрацијата во Македонија е главно заокружен процес.

    - Лустрацијата е главно заокружен процес. Веројатно, останале непроверени некои постари досиеја, но тоа нема битно да влијае на лустрацијата и демократските процеси денес. Она што е битно е дека сите носители на јавни функции и вршители на јавни овластувања во институциите се поминати и не остана непроверена институција – ни изјави Аџиев.

    Според предлогот за престанок на Законот за лустрацијата, ваквата информација Kомисијата треба да ја достави до Собранието во рок од 10 дена од стапувањето во сила.

    izvor: http://www.dnevnik.mk/default.asp?It...FA785850C48D8D
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    #2
    We had reprts of this before its getting beyond a joke.Its a forgone conclusion .
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV

    Comment

    Working...
    X