Македонците од Албанија опишани како код

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Македонците од Албанија опишани како код

    Македонците од Албанија опишани како кодоши и шпиони од страна на ИНА
    YouTube - Македонците од Албанија опишани како кодоши и шпиони од страна на ИНА
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    Interesting. Meanwhile the ethnic Albanians in Macedonia are described as "freedom fighters".
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    • George S.
      Senior Member
      • Aug 2009
      • 10116

      #3
      RTG it should be Freedom fighters for the greater albania cause.
      "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
      GOTSE DELCEV

      Comment

      • Јован Кукузел
        Member
        • Nov 2010
        • 103

        #4
        Скандал во македонската амбасада во Турција
        [Скандал во македонската амбасада во Турција]

        По навредите упатени од вработена во амбасадата на Македонија во Турција дека се шпиони, триесетината игроорци од Мала Преспа се на мета и од дел од албанските медиуми.

        Тие ја поддржале Сухена Ќерими Балиу, продолжиле со хајката и навредите дека Македонците од Мала Преспа се шпиони, се жалат од фолклорното група во писменото соопштение до медиумите.


        -Се прашувам каде е моралот и етиката на албанските медиуми и колку тие ги почитуваат новинарските начела за објективност при информирањето. Ја злоупотребуваат положбата за дискредитација на Македонците од Мала Преспа кои се лојални граѓани на Албанија, вели Васил Стерјовски. Најавија тужби за албанските медиуми кои ја извртеле вистината

        Игроорците од Пустец која учествуваа на Балкански фолклорен фестивал Измир 2010 бараат извинување и од Балиу која како трет секретар во амбасадата во Анкара ги дискредитирала и навредувала затоа што зборувале македонски, а не албански и зошто играле македонски ора.

        Со остар тон им се обратила: Зошто сте вие тука? Вие не ја претставувате албанската култура? Зошто зборувате Македонски јазик, а не Албански? Вие сте Албанци и сл.

        -Нас ни сметаа навредите кои ни ги упати како официјален претставник на Македонија и за тоа реагираме и бараме јавно извинување, вели Васил Стерјовски, водич на фолклористите.

        Од МНР велат дека се запознаени со случајот и го испитуваат. Побарале дополнителни информации од амбасадите во Анкара, во Тирана и од претставниците на културното уметничко друштво.
        Канал 5 телевизија како една од водечките телевизиски куќи во Македонија, од 1998 година на малите екрани до гледање онлајн денес, известува за најновите вести од Македонија, регионот и светот.

        Comment

        • Јован Кукузел
          Member
          • Nov 2010
          • 103

          #5
          Медиумите во Албанија ќе добијат кривични пријави од страна на Македонците во Албанија

          YouTube - Медиумите во Албанија ќе добијат кривични пријави од страна на Македонците во Албанија

          Comment

          • Јован Кукузел
            Member
            • Nov 2010
            • 103

            #6
            МНР го анализира скандалот со дипломатот

            МНР испитува дали имало несоодветно и скандалозно однесување на македонскиот дипломат во амбасадата во Турција Сухена Керими кон членовите на македонската фолклорна група од Пустец Албанија.

            Министерството дури денеска ги добило побараните дополнителни информации од амбасадите во Анкара и Тирана како и од играорците.

            Откако ќе направеле проверка и анализа ќе излегле со официјален став.

            Според директорот на телевизијата на Македонците во Корча Васе Стерјовски кој исто така бил дел од групата во Измир, Керими без никаква причина вербално започнала да ги навредува Македонците од Мала Преспа, кои на фестивалот ја претставувале Албанија.

            -Таа дојде кон нашата група и се упати со зборовите, што барате вие тука, вие ја претставувате Албанија, вие играте на македонски и зборувате на македонски, вие сте Албанци, а доаѓате тука и играте други ора. Затоа ние се почувствувавме навредени, вели вели Васе Стерјовски, директор на телевизијата на македонците во Корча.

            Стерјовски е запрепастен бидејки скоро сите албански медиуми пред неколку дена ја извртеле приказната од инцидентот во полза на дипломатот Керими.

            -Целата група се споменува како шпиoни на Македонија, дека сме соработници на Македонија и сме отишле таму да ја кодошиме неа, само затоа што е македонски Албанец и дека била внук на некој си учител, вели Васе Стерјовски, директор на телевизијата на Македонците во Корча.

            И покрај обидите не успеавме да стапиме во контакт со секретарот во амбасадата во Анкара.

            Што точно се случувало во Измир имало или немало скандал треба за неколку дена да утврди МНР.

            Comment

            • Јован Кукузел
              Member
              • Nov 2010
              • 103

              #7
              МНР го испитува скандалот во македонската амбасада во Турција
              [МНР го испитува скандалот во македонската амбасада во Турција]
              Шефот на дипломатијата Милошоски да ја разреши Сухена Керими, трет секретар во амбасадата во Анкара поради омаловажување и навредување на игроорците од Мала Преспа, побара ВМРО Народна Партија.

              Навредата е уште поголема затоа што доаѓа од официјален претставник на Македонија и е директно упатено до македонскиот народ во Албанија велат од партијата.

              Одговорност и јавно извинување бараат и од фолклорната група затоа што како што рекоа Керими ги омаловажувала затоа што зборувале македонски и играле македонски ора на Фестивалот во Измир наместо да ја преставуваат албанската култура

              -Ние бараме да преземе мерки министерството. Како ќе реши министерството тоа е нивна задача и тука ние не можеме да се мешаме. Ние бараме да ни се извини за навредите што ни ги упати, рече во телефонски разговор за Канал 5, Васил Стерјовски, водич на фолклорното друштво Мала преспа.

              Она што го преживеале од македонскиот дипломат во Измир игроорците го пишале во информацијата до МНР. Реакција до министерството испратила и партијата на Македонците од Мала Преспа, вели Стерјовски.

              Според информациите на Канал 5 известувањата кои пристигнале во кабинетот на Милошовски од амбасадите во Анкара, Тирана и фолклорното друштво биле контрадикторни. Сега МНР ќе испитува чија верзија е вистинита, по што велат ќе излезеле со став.

              Во македонската амбасада во Турција и денеска никој не креваше телефон. Керими веќе дала изјави за албанските медиуми кои ја извртеле вистината, вели Стерјовски

              -Тие ја извртеа информација на насловни страни, пишува Македонците од Мала Преспа ја навредуваа дипломатката затоа што зборела албански. Плус викаат овие се шпиони на Македонија да ја кодошат неа, вели Стерјовски.

              Стерјовски вчера најави тужби за дел од албанските медиуми.
              Канал 5 телевизија како една од водечките телевизиски куќи во Македонија, од 1998 година на малите екрани до гледање онлајн денес, известува за најновите вести од Македонија, регионот и светот.

              Comment

              • Јован Кукузел
                Member
                • Nov 2010
                • 103

                #8
                Пописот во Албанија ги поткрева тензиите

                Информацијата која ја пласира македонската телевизија ТВ „Сонце“ од Албанија, за скандалозното однесување на третиот секретар од македонската амбасада во Турција, Сухена Керими Балиу, кон Македонците од Албанија кои учествувале на фолклорниот фестивал во Измир, Турција, од 23-ти до 29 декември 2010 година, предизвика низа реакции во медиумите како во Македонија така и во Албанија.

                Основната причина за реакција на македонските играорци од Мала Преспа, општина Пустец, Албанија, била заради неприфатливото однесување на еден официјален преставник на македонската амбасада во Турција, кој ги навредил македонските играорци бидејќи играле македонски ора и зборувале на македонски јазик. Поточно Сухена Керими им се обратила со зборовите: "Зошто сте вие овде? Вие не ја претставувате албанската култура! Зошто зборувате македонски јазик, а не албански? Вие сте Албанци!"

                За ваквото однесување на секретарот на македонската амбасада во Турција, преставниците на фолклорното друштво од Мала Преспа. го известиле Министерството за надворешни работи и претседателот Иванов. И додека медиумите во Македонија ја пренесуваа разочараноста на македонските играорци од ваквото однесување од преставник на Македонија, дотогаш пак новинарската агенција „Илирија“ застана во нејзина одбрана, притоа обинувајќи ги Македонците од Албанија дека се шпиони или кодоши на Македонија.

                Според оваа албанска новинска агенција, природно било Сухена Керими како припадник на албанската заедница во Македонија да го штити албанскиот јазик и да комуницира на мајчиниот со државјани на Албанија. Отука тие се прашуваат „дали преставниците на Македонската држава, МНР и претседателот Ѓорѓи Иванов треба да му веруваат на Сухена Керими или пак на кодошите и шпиуните во конкретниот случај Васил Стерјовски и слични на него.“

                Согледувајќи ги сите овие презентирани информации во македонските и албанските медиуми, неизбежно ни се наметнува прашањето што би се случило кога улогите би се измениле, кога наместо фолклорната група од Мала Преспа, би била некоја албанска фолклорна група од Тетово, а во албанската амбасада би бил секретар етнички Македонец кој би си го штител јазикот на матичната земја, опоменувајќи ја притоа групата дека не смее да игра албански ора или пак да зборува на албански јазик бидејќи ја преставуваат Македонија. Се прашуваме како би реагирала тогаш албанската јавност доколку би се пожалиле нивните собраќа, етничките Албанци од Македонија. Во секој случај многу побурно од македонските медиуми и сигурно пропратено со демонстрирање, а во краен случај и со палење на македонското знаме, што не би било прв пат.

                За разлика од Албанија, Македонија одамна ги има прифатено и го почитува правото на малцинските заедници, како општоприфатени светски норми, дека никој нема право да ги спречува етничките малцинства да ја негуваат и презентираат својата традиција и култура, како дел од основните човекови права. Но тоа за Албанија, каде ни ден денес не се почитуваат овие права, не ништо ново. Да се потсетиме дека само Македонците во Мала Преспа имаат некакви права, за разлика од оние од Голо Брдо или во другите делови од земјата, каде се прават секакви притисоци и не им се дозволува да учат на мајчин јазик, да ја негуваат својата традиција и култура.

                Од сето ова произлегуваат две прашања. Колку Република Македонија внимава кога ги назначува своите дипломатски преставници и зошто сега неколку месеци пред пописот се зголемуваат меѓуетничките тензии во Албанија. Иначе Сухена Керими, третиот секретар во македонската амбасада во Турција е внука на познат албански учител, кој одиграл значајна улога за образованието на албанскиот народ, а бил убиен од УДБа во селото Житоше во 1954 година.

                За да се надоврземе на претходниот случај и ако ја согледаме сегашната состојба во албанија ќе видиме дека нервозата осетно се зголемува пред најавениот попис во април. Македонците и останатите малцинства, кои според податоците се скоро една третина од мултиетничка Албанија, бараат барем еден член во Комисијата за попис, како и учество во пребројувачките групи и евидентичарите на терен. Под притисок на малцинствата, Албанскиот Државен завод за статистика ИНСТАТ, иако не му е по воња попушта пред меѓународната јавност за формуларите кои би биле во употреба, а во кои ќе можат малцинствата да се изјаснат.

                Сепак тоа се само декларативни заложби на официјална Тирана. Притисоците и понатаму продолжуваат. Македоците во Албанија информираат дека на терен постојано имаат притисок од државата, како врз курсевите за македонски јазик, така и врз определувањето на луѓето на кој етникум му припаѓаат. Отука настанот на фолклорниот фестивал во Турција е дел од активностите пред пописот за да се замолчи македонскиот медиумот во Албанија ТВ „Сонце“, а за тоа е потребно да се испровоцира и дескредитира Васил Стерјовски како негов директор.

                Според неформални податоци од 2007 година, Албанија има 3.190.000 жители од кои Албанци (Геги) 605.000, Албанци(Тоски) 1.741.000, Срби 301.000, Власи 302.000, Грци 101.000, Роми 86.000, Црногорци 11.000, Македонци 35.000 и др. Од нив 20% се православни, 10% католици а останатите по вероисповед се муслимани. Самото население овие податоци не ги признава, а Македонците говорат дека се неколку пати повеќе, но не сакаат да шпекулираат со бројките. Чекаат да видат што ќе покаже пописот во април. Оставени сами на себе Македонците неможат многу да направат. Меѓутоа со помош на матичната земја и меѓународната заедница може многу да им се помогне.

                Информацијата која ја пласира македонската телевизија ТВ „Сонце“ од Албанија, за скандалозното однесување на третиот секретар од македонската амбасада во Турција, Сухена Керими Балиу, кон Македонците од Албанија кои учествувале на фолклорниот фестивал во Измир, Турција, од 23-ти до 29 декември 2010 година, предизвика низа реакции во медиумите како во Македонија така и во Албанија.

                Comment

                • Јован Кукузел
                  Member
                  • Nov 2010
                  • 103

                  #9
                  ВМРО НП Да се смени третиот секретар во Македонската амбасада во Анкара

                  YouTube - ВМ*О НП Да се смени третиот секретар во Македонската амбасада во Анкара

                  Comment

                  • Prolet
                    Senior Member
                    • Sep 2009
                    • 5241

                    #10
                    Risto, Why is it when the thread topic is written in Macedonian Cyrillic its cut off and doesnt allow it to go any further?
                    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.

                    Comment

                    Working...
                    X