Македонците ќе станат посебен народ во Во

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Dimko-piperkata
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 1876

    Македонците ќе станат посебен народ во Во

    Амандманот со кој македонското малцинство треба да се запише како посебен народ во Војводина е прифатен со новиот статут на покраината, вели Живко Стојановски, водач на Националниот совет на македонската заедница во Војводина

    Македонското малцинство во Србија првпат ќе биде запишано како посебен народ со новиот Статут покраината Војводина. Живко Стојановски, претседател на Националниот совет на македонската заедница во Војводина и потпретседател на Националниот совет на Србија, изјавува дека ова е од историско значење за македонската заедница во оваа држава.

    - Јавната расправа за новиот статут веќе е завршена и е прифатен нашиот амандман Македонците да бидат регистрирани како посебна нација, со своето име. Тие се дел од овој документ на покраината и имаме целосна поддршка од владејачката Демократска партија на Борис Тадиќ, од Владата на Војводина, а особено од премиерот д-р Бојан Пајкиќ. Остануваат само уште формалностите за усвојувањето - изјавува Стојановски.

    Тој смета дека ова е еден од најзначајните успеси на заложбите на македонската заедница, бидејќи најголемиот број Македонци што живеат во Србија се населени токму во Војводина. Според официјалните бројки, има 27.000 Македонци, но неофицијално нивниот број достигнува 170.000. Тие најмногу се сконцентрирани во Јужен Банат, а 80 проценти од нив потекнуваат од Кривопаланечко, како и Стојановски, чии родители во 1946 година се иселиле од кривопаланечкото село Градец. Тој е роден во општина Пландиште, а во Скопје завршил Факултет за безбедност и често навраќа во својот роден крај.

    Следна приоритетна задача на Македонците се воведувањето на македонскиот јазик како службен јазик во Војводина и враќањето на македонскиот јазик во училиштата.

    - До 1991 година имаше македонски училишта во Јабука и во Качарево кога беше укинат. Сега, по очекуваното регистрирање како посебен народ со Статутот на Војводина, ќе се создадат можности својот мајчин јазик одново да го вратиме во училиштата и тој да биде службен јазик во локалните заедници каде што живеат Македонци. Ние овде сме дојдени заради организираното населување на овие простори и затоа мора да ни бидат овозможени нашите права. Ние сме лојални граѓани на Србија, но нашата татковина е Македонија и се грижиме за положбата на македонското малцинство - нагласува Стојановски.

    Македонската заедница во Србија е ангажирана за воспоставување контакти со македонските општини од каде што потекнуваат нашите иселеници. Македонската заедница од буџетот на Србија годишно добива по 150.000 евра, а од Покраинскиот совет на Војводина месечно се издвојуваат по 7.000 евра. Стојановски истакнува дека имаат одлична соработка со локалните самоуправи во кои живее македонско население и дека ја добиваат нивната поддршка.

    Без последици од признавањето на Косово

    Убеден сум дека реакциите со кои од Србија е дочекано признавањето на Косово како независна држава од страна на Македонија нема да влијаат врз нашиот статус. Ние сме граѓани на Србија и политичките релации нема да се одразат на тоа што го очекуваме. Деновиве бев на многу средби и на ниту една немаше лоши реакции за постапката на македонската влада, вели Стојановски.


    ajde gercija ti si sega na red
    1) Macedonians belong to the "older" Mediterranean substratum...
    2) Macedonians are not related with geographically close Greeks, who do not belong to the "older" Mediterranenan substratum...
  • Risto the Great
    Senior Member
    • Sep 2008
    • 15658

    #2
    What bizarre timing.
    Risto the Great
    MACEDONIA:ANHEDONIA
    "Holding my breath for the revolution."

    Hey, I wrote a bestseller. Check it out: www.ren-shen.com

    Comment

    Working...
    X