Грчкиот конзул го погрчи реонот на Корча

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    Грчкиот конзул го погрчи реонот на Корча

    Грчкиот конзул го погрчи реонот на Корча

    Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција смета дека конзулот прави асимилација на Албанците, Македонците, Власите и Ромите во Албанија

    Тирана остро го нападна грчкиот конзул во Корча, кој оцени дека сите граѓани во оваа околија се Грци и ги повика така да се изјаснат и на претстојниот попис.

    - Грци, не треба да се плашите да ја регистрирате својата националност, а вие кои сте во дилема, треба да погледнете подлабоко во минатото и ќе откриете дека сте Грци. Одете на гробишта и погледнете ги натписите на надгробните плочи, ќе видите дека се напишани на грчки јазик бидејќи ова е северен Епир - изјавил грчкиот конзул Теодорос Иконому на свеченоста по повод 20-годишнината од постоењето на грчкото здружение „Омонија“.

    Изјавата на грчкиот дипломат предизвика лавина реакции во Тирана, каде што се толкува како закана за албанскиот национален идентитет. Особено голем гнев предизвика тоа што Иконому јужниот дел на Албанија го нарече „северен Епир“, што во Тирана се доживува како територијална претензија. Парламентарната комисија за надворшена политика во Тирана побарала конзулот да биде прогласен за персона нон грата.

    Медиумите првпат пренесуваат и став и на Македонците во Албанија. Весникот „Шќип“ под наслов „Грците се обидуваат да н` асимилираат“ пренесува изјава на Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција, кој е и директор на македонската телевизија „ТВ Кристал“ во Корча.

    - Изјавите на грчкиот конзул се неприфатливи и се на штета на сите малцинства во Албанија. Грчкиот конзул навлегува во внатрешните работи на Албанија и прави асимилација на Албанците, Македонците, Власите и Ромите тука. Реален попис е единствен начин да се избегнат овие напори и во пописниот формулар да се наведени сите признати малцинства од албанската држава, Македонци, Власи, Грци, Србо-Црногорци и Роми. На тој начин можи да се острани манипулацијата од страна на Грција - смета Стерјовски. Според него, грчкиот конзул требало да си замине многу порано затоа што не му е првпат да провоцира.

    - Требаше да си замине уште кога го финасираше уништувањето на македонските гробишта во Бобоштица - изјави Стерјовски.

    Потпретседателот на Високиот совет за правда, Крешник Спахиу, упати апел до граѓаните да не ја „продаваат“ националноста.

    - Повеќе од 2.000 граѓани за кус период ја сменале националноста и верската припадност во судовите во Ѓирокастро и Пермет. Во опасност сме од асимилација на нацијата - изјавил Спахиа.

  • Јован Кукузел
    Member
    • Nov 2010
    • 103

    #2
    Vasil Sterjovski - "Grcite se obiduvaat da ne asimiliraat"
    YouTube - Vasil Sterjovski - Grekët po përpiqen të na asimilojnë

    Comment

    Working...
    X