ИДЕЈАТА ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • George S.
    Senior Member
    • Aug 2009
    • 10116

    ИДЕЈАТА ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

    ИДЕЈАТА ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

    Дрон лебди над половина Македонија

    Знамето на „голема Албанија“ на белградскиот стадион уште еднаш н` потсети дека таа идеја не е замрена, туку се негува, поттикнува и никој не може да гарантира дека во некоја блиска или далечна иднина, на некоја светска сила нема да ~ затреба таа да се реализира. Може само да претпоставиме што ќе значи тоа во регионов ако некој се осмели да го исполни тој долгогодишен големоалбански сон. Kартата ја опфаќа и половина Македонија, а тоа не ни дава за право да бидеме неми набљудувачи, туку треба да се изгради долгорочна стратегија за соочувување на територијалниот интегритет и суверенитет.

    Јасно е дека идејата сите Албанци во една држава може да се реализира само со поддршка од голема светска сила, односно САД. Прашање е колку беше случајност тоа што сонот на голем број Албанци го видовме ден-два пред посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград? Не може иницијаторите да не знаеле каков ефект ќе предизвика дрон со развиорено знаме на „голема Албанија“ на албанско-српскиот фудбалски дуел на белградскиот стадион.

    Додека Путин ја прославуваше 70-годишнината од ослободувањето на Белград од фашистичка окупација, на Си-ен-ен главна вест од Европа беше инцидентот со албанското знаме, поточно, изјавата на братот на Еди Рама, Олси, кој патем е американски државјанин, дека тој не го организирал инцидентот и не управувал со дронот.

    Тоа што Си-ен-ен нема да ~ даде важност на посетата на рускиот претседател на Белград, а ќе му даде на Олси Рама, не го менува фактот дека Путин од ден на ден успешно работи на разбивање на американскиот хегемонизам и создавање мултиполарен свет. Тој ја спроведува својата агенда да ги обедини сите што се противат на американскиот униполизам. Со формирање на Банката за развој на членките на БРИkС, ММФ и Светска банка во перспектива ќе го загубат монополот, а САД една од најважните алатки за зависност на државите од финансиите на Западот. Путин ја формира Евроазиската унија, а на мапата на овој сојуз, како потенцијална членка е ставена и една Бугарија која е дел од ЕУ и НАТО.

    Досега Путин ги спроведува своите планови. Не успеа цела Украина да биде дел од неговиот сојуз, но не седеше ниту на страна кога Западот си ја реализира целта. Со kрим, и другите области, се обиде и уште се обидува да ги одбрани руските интереси.

    За разлика од Украина во времето на Јанукович, Србија не се откажува од евроинтеграциите за да му даде повод на Западот причина за интервенција во која било форма. Но, српските власти не сакаат да ги расипат и долгогодишните врски со Русија со тоа што по наредба на Брисел и Вашингтон би вовеле санкции на Путин поради украинската криза.

    Во секој случај, инцидентот со знамето, може да се протолкува и како порака до рускиот претседател дека во секој момент може да се активира еден народ преку кој САД и ЕУ нема така лесно да дозволат поголемо руско позиционирање во Западниот Балканот.

    Иако нашите политичари не испуштаат да кажат дека САД ни се големи пријатели, помислата на „голема Албанија“ автоматски н` насочува на друга страна. А и од досегашните постапки на оваа голема сила не може да се пофалиме дека Македонија има верен сојузник. Kонфликтот од 2001 година, Рамковниот договор, територијалната организација, притисокот да се смени името што ни го признаа во 2004 година, с` до последната порака од новоименуваниот американски амбасадор Бејли дека во оваа држава живеат Словени и Албанци, н` тера да не очекуваме многу од нашите „пријатели“.

    Во медиумите може да се прочитаат мислења дека ќе дојде моментот кога САД ќе се свртат против своите стратешки партнери, односно Албанците, како што тоа го стори со многу нивни сојузници, како на пример со ИСИЛ, по с` изгледа нашите сограѓани и соседи уште долго ќе им служат како плашило за непослушните со чија помош ќе ги реализираат своите политики и интереси во овој дел од светот.

    Но, неинтегрирањето на овој регион во ЕУ и НАТО отвора простор за зголемено руско влијание. Ако дојде до реализација на проектот „Јужен тек“, како и на кинескиот канал „Дунав- Морава- Вардар“ тоа неминовно ќе значи и посилно геостратешко позиционирање на Истокот во регионов.

    Од друга страна, Македонија останува на стратешките определби ЕУ и НАТО.

    За влез во овие организации условот е јасен - промена на името.

    Kолку вреди Македонија да подлегне под притисокот на Западот во време кога на големата сцена се играат големи геостратешки игри кои во не толку далечна иднина ќе ја сменат досегашната позиционираност на светските сили.

    Ирена Радовановиќ
    "Ido not want an uprising of people that would leave me at the first failure, I want revolution with citizens able to bear all the temptations to a prolonged struggle, what, because of the fierce political conditions, will be our guide or cattle to the slaughterhouse"
    GOTSE DELCEV
Working...
X