Пци на војната облечени во евроатлантски

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • makgerman
    Member
    • Nov 2009
    • 145

    Пци на војната облечени во евроатлантски

    Неодамна Жак Атали ја потсети европската јавност на зборовите на луцидниот Винстон Черчил во поглед на донесувањето далекосежни политички одлуки. „Ако треба да избирате помеѓу војна и обесчестување, а се одлучите за обесчестување, сепак ќе дојде до војна“. „Мудрата“ одлука на македонското политичко водство (водечките политички партии) во 2001 година да стапи во партнерски однос со бандитска паравоена организација, да го менува Уставот на земјата под закана од оружје, да уговори трговија со територијата на државата, да инфилтрира мафијашки структури во државните институции, да толерира периодични организирани пљачки на поштенски банки, да тинтра шверцери и криминалци, да ги става на државна плата, да унапредува „полутани“ со фалсификувани и купени дипломи во експерти и советници за безбедносни прашања, во 2010 година има ефект на озаконета глупост во која по инерција продолжуваат да се колнат и власта и опозицијата.

    Дозволете да се цитирам себеси во поглед на славниот договор од Охрид, кога тврдев дека се работи за бесрамен проект на меѓународниот фактор за либанизација на државата, за воведување на криминалот во државниот систем со цел Македонија да се деградира. Предупредував дека рамковниот не е никакво решение, туку алатка за перманентна дестабилизација, кој се активира по потреба на нарачателите.

    Ние, се разбира, не можеме да ги повикаме денес на одговорност олеснувачите и притискачите - драгиот Солана, Робертсон, Леотар и Пердју и милиот Питер Фејт. Тие спокојно си тераат кариера. Бившиот генсек на НАТО, Џорџ Робертсон, во една пригода во Брисел отворено и со презир кон македонските политичари ми рече дека меѓународната заедница не е виновна што македонскиот политички врв доброволно прифатил да го смени Уставот во ненормални околности. Оти притисокот, заканите и уцените на кои беа изложени македонската држава, партиските лидери и интелектуалците не се запишани никаде. А запишана е нивната точка на топење. Таа е смешно ниска и е вредна за општ презир. Да беше поинаку, нашите пријатели и стратегиски партнери ќе ни укажеа макар толку чест овој пат да смислат некоја поквалитетна фингерајка што полесно ќе ни ја продадеа како оригинален настан. Исти учки, исти коминикеа, ист медиумски оркестар, исти домашни играчи, иста НВО-шема...

    Но ние можеме и мораме да ги прашуваме за јуначко здравје македонските партиципиенти од 2001-та, кои мислеа дека преку еднократно обесчестување на државата ќе ни обезбедат траен мир, стабилност и развој. Оние што тврдеа дека рамковниот договор бил толку сеопфатен и длабок што да ги апсорбира и најрадикалните политички барања на албанската заедница во Македонија, денес веќе ќе мора да полагаат сметка пред нас, а утре и пред историјата.

    Како што гледаме од последните случки во Блаце и во Радуша, оцената им била тотално погрешна, а одлуката штетна до тука бидува. Впрочем, германскиот амбасадор Шрамајер во 2004 година совршено јасно рече дека албанските политички елити во Македонија применуваат т.н. колбас-тактика, па секогаш кога сакаат да постигнат своја цел (а таа е исклучиво шовинистичка) активираат закана со оружје, со што си ја подобруваат преговарачката позиција. Причината за ново активирање на УЧК е решеноста на Македонците да си го зачуваат елементарното човеково право на достоинство. Тука нема никакво изненадување. Со јавно писмо од неколку амбасадори, а во име на политиката на сила, ни беше испорачана закана дека доколку не свиткаме ‘рбет и не прифатиме национално и државно обесчестување, пак ќе ни ги с’снат учките од Косово. Како и во секоја ваква „симулација“, мора да има и оркестрација. Мора да се смисли формален повод за активирање на експлозивот, зољите и калашњиковите. Тогаш беше универзитетот во Мала Речица, а денес е моноетничката архитектура на плоштадот „Македонија“, но може да биде што било, исто толку глупаво, оти нели, ако спинувате на дневна основа дека „власта гради барокни згради што немале ништо заедничко со автентичниот македонски градителски ген“, тогаш отпаѓа обвинението за моноетничноста. Освен ако интелектуалците од албанска етничка провениенција заради образовен дунстерај не си ја флекосуваат својата прозападна евроатлантска маска кога јавно декларираат дека им пречи барокот зашто мириса на христијанство, а тие во него не се наоѓаат зашто и припаѓаат на муслиманско–азијатската култура.

    Значи, ајде веќе да не се замајуваме: албанските елити во Македонија не ги интересира оваа држава, нејзината евроатлантска иднина и економски просперитет. Тие ја сметаат за транзит до голема (моноетничка) Албанија. На тој пат, услугите од криминалот, мафијата, им се чинат како добар сојузник. Кампањата за обезименување на мнозинскиот народ преку менувањето на името на државата е процес за историско затворање на македонското прашање на штета на Македонците почнато со Берлинскиот, Букурештанскиот и Версајскиот договор. Албанската елита во тој процес учествува активно зашто има национален интерес. Тоа значи дека што и да правите во име на мирот и соживотот, ќе продолжи практиката на секои триесет дена, ДУИ или ДПА да прогласуваат политичка криза, да се закануваат со излегување од Собранието или од Владата ако нешто не им дадете сега, овде и веднаш. Тоа, пак, ги обесмислува политичкиот дијалог, компромисот, дебатирањата, а го промовира ултиматумот. Но кој може да биде интересот за учеството на дел од македонската интелектуално–политичка елита во оваа валкана операција е малку понејасно, ама полека се разјаснува. На пример, никој не можеше да објасни зошто Игор Шема, Горан Минчев и Андреј Жерновски толку жестоко се противеа на воспоставување меѓудржавна граница со Косово и вршеа пропаганда дека власта ја продала Кодра Фура. Денес, кога од територијата на државата Косово, и покрај старателството на НАТО и ЕУЛЕКС на наша територија се префрла УЧК и оружје, благодарение на таа државна граница можете убаво да поентирате како држава–жртва на меѓународно инспириран етнотероризам.

    Со само две полициски акции се докажа дека Косово како држава не е фактор на регионална стабилност. Напротив. Исто така не е точно дека НАТО е гарант за стабилноста на која било држава. Уште помалку зачленувањето во НАТО или учеството во неговите воени потфати може да биде каква било предност за малите држави оти НАТО не почитува партнерство и обврски. Ако продолжи овој тренд со воскреснување на учките во Македонија, кога се граничиме со три членки на НАТО и е активно присутен на Косово, цел свет ќе сфати дека на Македонија и се заканува евроатлантската „демократска“ коалиција. А тој, констатиравме, не е ист како во 2001 година. Затоа, топло им препорачувам на господата дипломати во Македонија да не се занесуваат дека не се прочитани како селски буквар кога непропорционално реагираат на секој збор што ги разголува нивните нечесни мотиви, а молчат недолично додека со спокоен глас еден божемен експерт, Мерсал Биљали, во ТВ-студио на своите соговорници спокојно им најавува дека Албанците од Македонија, поддржани од своите соседи во Албанија и од Косово, ќе се отцепеле ако Македонците не прифатат национално обезличување. Имајќи ги на ум мудрите констатации на Черчил, сега е момент македонската држава со сите средства и на секој начин да ги порази пците на војната облечени во евроатлантски костуми, оти не може да се планираат ни иднина ни развој ако не се прекине овој бескраен колбас на обесчестување во име на мирот.


    Автор: Мирка Велиновска
Working...
X