ЛОРЕНС ИГЕЛБЕРГЕР, ПОРАНЕШЕН ДРЖАВЕН СЕК

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Sv. Nikola
    Junior Member
    • Sep 2008
    • 43

    ЛОРЕНС ИГЕЛБЕРГЕР, ПОРАНЕШЕН ДРЖАВЕН СЕК

    ЛОРЕНС ИГЕЛБЕРГЕР, ПОРАНЕШЕН ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД И АМБАСАДОР ВО БЕЛГРАД


    Не може да се викате САД, зошто ние сме Соединети Држави на Мексико?!


    Лоренс Игелбергер, еден од тврдите и истурените фронтмени на администрацијата на Џорџ Буш Постариот важи за добар познавач на приликите на Балканот, воедно и аналитичар на американската администрација, чија единствена цел секогаш беше да го насочи курсот на официјален Вашингтон таму каде што треба да се води главната политика на најсилната земја на планетата. Игелбергер беше и остана запаметен и како добриот пријател на Македонија, кој во таа 1963 година, во време -* на земјотресот даде несебична поддршка да и помогне на Македонија. Игелбергер и во оваа прилика не ја изостанува реалната и автентичната анализа за Македонија гледана од негов ракурс. Најновите случувања на адреса Софија - Скопје, не изостана како сериозна порака која Софија и ја упати на Скопје, а која има заканувачки зачини. По, ова вербална нота упатена на македонскиот амбасадор во Софија, од страна на софиските власти, реагира и говори поранешниот државен секретар на САД и амбасадор во Југославија Лоренс Игелбергер. Тој одговараше ексклузивно за програмата ,,отворено со народот" на МТВ.
    - Последниве неколку дена македонската јавност е непријатно изненедена со однесувањето на некои бугарски министри без ресор, што претставува директно мешање во внатрешните работи на Македонија. Еден најобичен банален случај, што самиот по себе претставува случај за локален суд, Бугарите го искористиле од него да направат меѓународен проблем, заканувајќи се дека Македонија ќе ја блокираат за прием во ЕУ и во НАТО.

    Нели е тоа веќе слушнато и видено сценарио од грчка страна?
    Игелбергер: Прашањето со кое Бугарија, се меша во внатрешните работи на Македонија, мислам дека е погрешно. Како и да е, ако тие се мешаат во внатрешните работи на Македонија, тогаш тие треба веднаш да престанат, тоа не е најубав начин да се зачува мирот меѓу соседите и не е начин на кој се дефинираат добрососедските односи. Бугарија нема право да го блокира влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО, но тогаш се поставува прашањето дали земјите-членки на НАТО и ЕУ се подготвени да слушаат?

    Господине Игелбергер, вие сте свесни за сите притисоци на коишто е изложена Македонија во последниве години од страна на Грција, коишто еве оваа лето завршуваат со еден невиден ултиматум со кој се бара Македонија безусловно да го смени своето државно историско и уставно име!?
    Игелбергер: Кога станува збор за Грците, јас стојам цврсто на она што го кажав пред извесно време. Тие немаат никакво право да се мешаат, односно да ја блокирааат и условуваат Македонија да се вика онака како што се вика и како што таа сака да ја нарекуваат. Тоа би било како Мексико да ни кажува нам Соединетите Американски Држави дека ние не можеме да бидеме соединети држави, бидејќи тие се Соединети Држави на Мексико. Тоа е налудничаво! Тоа,е чиста глупост! Ќе нагласам: Македонија има право да се нарекува како што таа сака и според тоа вие треба да и кажете на Грција и на Грците да си ја гледаат својата работа!

    Според Ваше мислење не ви се чини дека со оглед на се што се случува овде во Македонија, постои обид и опасност околу Македонија да се конституира *- еден имиџ на Македонија како "јаболко на раздорот" на Балканот, со што се јавува опасност и за Македонија и за Балканот во целина?
    Игелбергер: Не верувам дека постои каква било опасност. Македонија може да се грижи самата за себе. Јас разбирам дека грчкото однесување кон Македонија го прави вашиот живот потежок, но Македонија нема да стане јаболко на раздорот во регионот, како што споменавте, бидејќи Македонија и Македонците се многу зрели за тоа. Грците мора да пораснат и треба да признаат дека Македонија има право да се именува онака како што таа сака.

    Како долгогодишен и искусен дипломат дали знаете за примерот, односно преседан во светската историја ваков каков што е случајов со Македонија и кое е Вашето мислење конкретно во врска со сиот притисок што се врши врз Македонија и македонскиот народ да го сменат своето национално, историско и уставно име, да се обезличат себеси само со една единствена цел за да се стекнат со членство во НАТО и во Европската унија?
    Игелбергер: Да, треба да бидете внимателни, има повеќе случаи во светската историја кога оддредени земји ги уценувале другите. Според тоа не мислете дека сте осамени во ова. Но, јас мислам дека имате право кога чувствувате дека Грците не се однесуваат според правилата на игра правејќи проблеми онаму каде што тие не постојат. Ако Грците имаат какво било чувство, тогаш ќе треба да признаат дека имате право да се нарекувате и именувате онака како што сакате. Значи, продолжете со вашето име, а Грците, порано или подоцна, ќе мора да попуштат..!

    Дозволете ми да Ве потсетам дека пред неколку месеци дадовте изјава во којашто препорачавте дека Грција, наместо да се грижи за проблемот со Македонија, треба повеќе да им се посвети на многу нерешени проблеми со идејата "за голема Албанија", а како што знаете сведоци сме дека деновиве повторно се повампирува тероризмот во Прешевската Долина на границата меѓу Косово, Србија и Македонија. Не преставува ли тоа опасност повторно Македонија да стане "буре барут"?
    Игелбергер: Мислам дека аналитичарите претеруваат, не верувам дека ова прашање, кое Македонија би ја направиле "буре барут", но, треба да се внимава да не се зборува многу околу тоа, зашто тоа никогаш не би можело да се случи. Она што Македонија треба да го направи е тоа што таа веќе го -* прави. Што значи таа да стои цврсто како досега, без компромис, а на крајот Грците ќе попуштат и ќе се откажат, ќе треба време, но сепак тие ќе попуштат..!

    Кога може да Ве очекуваме во Македонија и која е Вашата порака?
    Игелбергер: Би сакал да ја посетам Македонија и Скопје, но во моментов не гледам никаква можност за тоа. Ако имам шанси ќе дојдам. Но во врска со прашањето за стабилноста во регионот, секако би било многу подобро кога Бугарите и Грците би претстанале да ве малтретираат и да вршат притисоци врз вас, и да прават работи коишто Македонците не сакаат да ги прават. Но, Македонија е доволно силна да може да се справи со сите предизвици во регионот и да се држи за она што таа го прави и да биде доследна на она што таа го прави. И ако Грците и Бугарите продолжат да ја ,,туркаат,, Македонија ќе биде малку незгодно, но не возбудувајте се многу околу тоа, вие сте доволно силни да ги поднесете сите тие притисоци, така што на крајот Бугарите и Грците ќе мора да попуштат и да ја прифатат Македонија каква што е!


    разговараа: Слободан Томиќ
    Нестор Огинар

    :rmacedonia
Working...
X