No early elections in Macedonia

Collapse
X
 
  • Filter
  • Time
  • Show
Clear All
new posts
  • Prolet
    Senior Member
    • Sep 2009
    • 5241

    No early elections in Macedonia

    VMRO has poured cold water over the idea of having early elections and they will continue to work on the program that they presented.

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема предвремени избори, продолжуваме со исполнување на ветеното

    Четврток, 09 Декември 2010 01:17

    Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница на која по темелната дискусија и анализа на предлогот на СДСМ за предвремени парламентарни избори, истакна дека доколку сега се распишат предвремени парламентарни избори предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ќе овозможи најмалку двојно повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ и сигурен нов 4 годишен мандат.

    - Во 2008 година македонскиот парламент беше блокиран и од тие причини ВМРО-ДПМНЕ прифати предвремени избори со цел деблокирање на собранието и продолжување на реформите. Во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот 4 годишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според наведеното, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да се дефокусира енергијата насочена кон спроведувањето на ветената 4 годишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси.

    Од владејачката партија додаваат дека се свесни дека СДСМ и Бранко Црвенковски оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ја злоупотребат за сопствено политичко поентирање и воедно им порачуваат дека ќе бидат разочарани на следните избори кога ќе се соочат со реалноста.


    МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата,зурла ќе ти го раскине срцето,кога секое влакно од кожата ќе ти се наежи кога ќе видиш шеснаесеткрако сонце,кога до коска ќе те заболи кога ќе слушнеш ПЈРМ,кога немаш ни за леб,а полн си во душата затоа што ја сакаш МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА во срце те носиме.
Working...
X