Idejata za "Golema Albanija" i albanizacija na zapadniot del na R. Makedonija
Idejata za "Golema Albanija" i albanizacija na zapadniot del na R. Makedonija
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Барања за територија, а не за етнички права
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Во текот на 20-от век, на тлото на Македонија, се случуваат бурни, пресудни и далекусежни промени, при што, на меѓуетнички план, во нејзиниот западен дел денес се сретнува една карактеристична состојба востановена со османското завладување на Балканот во 14 век. По пат на колонизација на турско и друго население од муслиманска вероисповед, по пат на исламизација на христијанското население како и миграции на одделни етнички групи, посебно со населување на Арнаути од Албанија по Карпошевото востание (17 век) во Македонија, се одвиваа процеси кои денес резултираат во далеку одминатото етничкото чистење на западниот дел од Република Македонија и негова албанизација. Ваквата албанизација, во голем степен, претставува дел од обмислена и далекусежна планска акција на одредени албански политички сили во реализацијата на идејата за "Голема Албанија" како етнички чиста држава на сите Албанци на Балканот.
1. Почетоците на големоалбанската идеја можат да се следат од прагматичниот став на турската Порта, која, со цел да ја добие поддршката од Албанците пред отворањето на Источната криза, 1875-1878, им ветила создавање на автономен "арбанашки вилает" со центар во Битола. Врз таа основа, првенците на Албанскиот комитет ("Стамболиски комитет" формиран во есента 1877 г. во Цариград) - Абдул Фрашери и Пашко Васа, разработиле план со кој барале од Портата ветениот албански вилает да ги опфати просторите на скадарскиот, јанинскиот, битолскиот и косовскиот вилает. Во врска со тоа, тие веднаш покренале политичка акција кај дипломатските претставници на големите сили во Цариград и организирале агитација помеѓу Албанците. Како резултат на овие активности следувал меморандумот од 24 април 1877 година до Портата во кој биле назначени просторите на споменатите вилаети.
Поразите на Турција во војната со Србија, Црна Гора и Русија окончани со Санстефанскиот мир, биле искористени за нови албански побарувања до Портата формулирани со нов меморандум од 30 мај 1878 г. Бидејќи тоа беа и денови на завршните подготовки за Берлинскиот конгрес, албанската пропаганда несопрена од османските власти фаќала с&цент; поголеми корени. На 10 јуни 1878 г., во Призрен е формирана "Призренската лига", во чии рамки, Абдул Фрашери оформил радикален предлог за територијата на идната Албанија. Според овој предлог, идната албанска држава требало да вклучи четири единици (шалуци), односно во таквата територијална Албанија влегувале: 1. јужна Албанија, со Епир и Јањина; 2. северна и средна Албанија, со подрачјата на Скадар, Тирана и Елбасан; 3. Македонија, со Дебар, Скопје, Гостивар, Прилеп, Велес, Битола и Охрид и 4. Косово со градовите: Пеќ, Ѓаковица, Призрен, Митровица, Приштина, Гњилане, Прешево, Куманово, Нови Пазар и Сјеница. Во рамките на овие планирани единици за формирање на идната албанска држава, Албанците понекаде сочинувале околу 30% од вкупната популација, некаде биле во занемарлив број, а некаде сосема ги немало. Ова, само за себе, зборува дека бранењето на "етничките причини" за фомирањето на Голема Албанија воопшто не држат и дека тие не биле во содејство со територијалните побарувања.
Имено, кога се зборува за етничкиот состав на населението во Македонија (во нејзините етно-географски граници), на крајот на 19 и почетокот на 20 век односот на бројот на [македонското] и албанското население е повеќекратно поголем во корист на [македонското] население. Така, според некои, на крајот на 19 век во Македонија живееле приближно 2.250.000 жители од кои околу 1.181.000 биле од [македонско] потекло, а од останатото население најбројни биле Турците, а потоа Грците. Според д-р Крсте Битоски кој изнесува неколку извори на податоци за етничкиот состав на населението во истиот период, во Македонија живееле 997.000 Македонци (население со [македонско] потекло), 542.000 Турци, 272.000 Грци, 152.000 Албанци и останато население - Власи, Евреи, Роми итн.
2. Барањата на Албаците, во извесна мера, биле добродојдени за австроугарската дипломатија која сметала дека Албанците можат да бидат употребени за сопирање на рускиот панславизам на Балканот. Ова особено било нагласено по руското "санстефанско решение" на Источната криза кое било спротивно на австриските интереси на Балканот. Така, пласирајќи го концептот за идната Албанија низ страниците на виенскиот печат, Абдул Фрашери успеал да го заинтересира и шефот на австроунгарската дипломатија Ѓула Андраши.
Од призренските договарања и собири, во средината на јуни 1878, бил испратен и меморандум до Конгресот во Берлин во кој се бара признавање на територијалниот интегритет на "албанската земја", кое всушност е исистирање на формирање на Албанија во назначените територии од страна на Портата на планираниот "арбанашки вилает". На Берлинскиот конгрес не е разгледувано албанското прашање, но, сепак, кај дипломатските представници веќе биле изродени политичките размисли за употребата на Албанија и Албанците како територијална и етничка брана на "[македонското] ширење". Така, на почетокот на 20 век, австроугарскиот генералштаб во пораката на царот Јосиф, посебно нагласил: "Во случај Турција да биде разбиена, ние мораме да го земеме Косово за трајно да ги разделиме Србија и Црна Гора и да осигураме пристап кон Албанија, која обавезно мора да припадне на нашата сфера на моќта".
(продолжува)
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=7816&idg=1&idb=248&rubrika=Feqton
Vest
Година: 1 Број:249 Вторник 5/8/2001 Фељтон 2
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (2)
Фашизмот го реши "албанското прашање", сметаше албанската иредента
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Планираната Албанија од крајот на 19 век чии територијални граници беа поголеми од етничките, опфаќала делови кои, по распаѓањето на Турција, во 20 век, ќе влезат во други држави. И покрај тој факт од новата историја, идејата за "Голема Албанија" станува опсесија и "национална цел" на Албанците. А таа национална цел содржеше и програма за формирање на етничка Албанија во рамките на обележаната територијална Албанија каде Албанците беа малцинство. Започнува големиот поход за албанизација на овие територии, и тоа на неколку начини: со колонизација (механички прилив) и населување на Албанци на етнички неалбанските територии; со насилство над [македонското] христијанско население и негово принудно иселување од одредената територија; со албанизација на другите етнички групи од исламска вероисповед итн., до стратегијата на огромниот наталитет која е евидентна во Македонија во периодот по Втората светска војна, односно во нееднаквиот природен прираст на Македонците и Албанците во Република Македонија на штета на Македонците.
Нови иницијативи за создавање на Албанија, која во почетокот на 19 век била првенствено географски поим, настанале за време на албанското движење за автономија од 1909 до 1912 година. На собирот во Битола, во 1909 г. албанските претставници избрале Комитет за национално обединување и го обновиле барањето за автономна Албанија во границите на скадарскиот, косовскиот, битолскиот и јанинскиот вилает. Со слични барања настапил и Комитетот за одбрана формиран во Скопје во 1910 г. Овој Комитет, на почетокот на Балканските војни, во 1912 г. ги повикал Албанците да застанат во одбрана на турскиот територијален интегритет, истовремено врзувајќи ја својата политичка судбина за стратегиските интереси на австроунгарската и италијанската балканска политика.
Сето тоа, но и благодарение на стратегиските интереси на Италија и Австро-Унгарија на Балканот, вродило плод. На 28.11.1912 г. била прогласена независноста на Албанија. Истовремено, барањата за формирањето на Албанија во планираните вилаетски граници не престанале на меѓународен план. Затоа, не случајно, во Дневникот на италијанскиот министер за надворешни работи од периодот помеѓу двете светски војни, грофот Ќано, стои дека албанската иредента е "она мало светло на дното на ходникот" кое секогаш може да се разгори до потребни размери.
Начелото - Албанија на Албанците веќе беше поставено за национална цел. Истовремено продолжи и се засили ангажирањето на бројни политички сили и организации кои, и по склучувањето на Версајскиот мировен договор по Првата светска војна, продолжија со политиката на албанскиот иредентизам, барајќи приклучување на сите територии кои се сметале за "албански", без разлика колкав е бројот на албанското население што таму живее. Ваквите стремежи на Албанците наидувале на подршка од италијанската дипломатија во целиот период меѓу двете светски војни, а во текот на Втората светска војна дојде и до формирањето на фашистичката творба "Голема Албанија".
3. Во периодот по 1941 г. во Западна Македонија се одвиваат поинтензивни етнички промени чија основна карактеристика е продолжувањето на процесот на албанизација, започнат некаде по Карпошевото востание, политички зацртан со концепциите за "Голема Албанија" по 1878г. и 1912г, а повторно интензивиран во текот на Втората светска војна во рамките на формирањето на квинслиншката држава Шипнија односно творбата "Голема Албанија" под протекторат на италијанскиот фашистички окупатор.
Масовната вклученост на албанското население во протежирањето на фашистичка Италија, помеѓу другото, произлегуваше и од ставот дека фашизмот го реши "албанското прашање". Минувајќи ги воените години во услови на постојани пропагандни пораки за "нова", "голема", "етничка" и "територијална" Албанија, ова население и покрај политичката (фашисти и антифашисти), идејната (комунисти и други политички сили) и верската поларизација (муслиманство-христијанство) било под силна индоктринација за остварена национална држава. Таквата свест била голема препрека и на разгорувањето на антифашистичкото движење кај Албанците во Западна Македонија.
За време на постоењето на фашистичката творба "Шипнија", шиптарската интелигенција, која не била бројна, одиграла важна улога сред шиптарското малцинство во окупирана Вардарска Македонија, превземајќи ја врз себе улогата за "подигање на шиптарската национална свест". Со оглед на тоа што во Македонија имаше "многу мал број интелектуалци (од кои добар дел беа со окупаторот) оваа улога ја презедоа интелектуалците од Албанија, кои во суштина беа еден од најважните фактори сред шиптарското малцинство, а меѓу кои имаше извесен дел на напредни луѓе".
И покрај фактот што сред албанските интелектуалци во текот на Втората светска војна имало и "напредни луѓе", односно антифашисти кои го помагале НОД во Македонија, сепак "сите овие по прашањето на западниот дел од Македонија беа на истата линија со реакционерните учители, т.е. да западниот дел од Македонија требе да се обедини со Албанија". Овие интелектуалци, дојденци од Албанија "имаа голем одраз во шиптарските маси, а посебно помеѓу новата шиптарска интелегенција" која под нивно раководство се создавала во Македонија.
Според повеќето оценки на овој период, "шиптарските маси, особено во западниот дел - Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар масовно биле опфатени од балистичкото движење на национална база за велика Албанија". Притоа еден дел од албанското население биле предводници на масите за создавање на "Голема Албанија" која им ја ветувале италијанските фашисти, а потоа германските, а најголемиот дел од масите, свесно или несвесно биле опфатени од националистичката еуфорија на таа идеја.
(продолжува)
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=7890&idg=1&idb=249&rubrika=Feqton
for fair use only.
----------------------
Vest - Година: 1 Број:248 Понеделник 5/7/2001
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НАРЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Барања за територија, а не за етнички права
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=7816&idg=1&idb=248&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (2)
Фашизмот го реши "албанското прашање", сметаше албанската иредента
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:249 Вторник 5/8/2001 Фељтон 2
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=7890&idg=1&idb=249&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (3)
Фашистичката албанска држава била била власт на насилство, безредие и самоволие
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:250 Среда 5/9/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=7963&idg=1&idb=250&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (4)
Албанците ги "чистат"Македонците од Западна Македонија уште од 1945
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:251 Четврток 5/10/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=7990&idg=1&idb=251&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (5)
Заради "братство-единство" албанските селани поштедени од колективизацијата
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:252 Петок 5/11/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8084&idg=1&idb=252&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (6)
Албанската жена - моќно оружје во зацврстената стратегија
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:254 Понеделник 5/14/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8204&idg=1&idb=254&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (7)
Никој не можел да го контролира доселувањето на Албанците во Македонија
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:255 Вторник 5/15/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8241&idg=1&idb=255&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (8)
Доселениците "нестручни беспосличари" и криминалци
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:256 Среда 5/16/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8309&idg=1&idb=256&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (9)
По земјотресот во Скопје се слеа нова река муслиманско население од Косово, Санџак, Босна
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:257 Четврток 5/17/2001
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8394&idg=1&idb=257&rubrika=Feqton
ИДЕЈАТА ЗА "ГОЛЕМА АЛБАНИЈА" И АЛБАНИЗАЦИЈАТА НА ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (10)
Идејата и фикцијата за "Голема Албанија" ќе биде натамошен извор на војни во Европа
Пишува: Д-р Виолета Ачкоска, Филозофски факултет - Скопје
Година: 1 Број:258 Петок 5/18/2001 (крај)
http://star.vest.com.mk/default.asp?id=8438&idg=1&idb=258&rubrika=Feqton
--------------
I think this info should also be part of this thread (already exist in
"Za Potsetuvanje - Razno".)