DedoAleko
New member
Во Атина почнува судењето на војниците кои ќе прават „облека од кожа на Македонци“
Војниците кои ќе правеа облека од кожата на Македонците и Албанците, ќе се бранат дека не ги извикувале слоганите.* Ова се последните информации од таборот кој ги тужи припадниците на специјалната нуркачка единица.
„Во овој момент ја знаете позицијата на обвинетите, но знаете дека може и да се промени, но за сега како што имаат изјавено пред истражниот судија е дека воопшто не извикувале такви слогани. Ќе кажете како го велат тоа кога постои видео. Постои видео, се слушаат нивните гласови. Не знам, пред судот ќе објаснат што точно мислат кога велат дека не го кажале тие, да видиме кој тогаш го кажал“, вели
Танасис Тартис, адвокат.
Хелсиншкиот комитет во потрага по правдата се соочува со низа проблеми: Обвинителството се обидело да ги тргне настрана во целиот случај, на првото закажано рочиште не им бил доставен ниту судскиот предмет, поради што, побараа одложување - па се до смртни закани од поддржувачите на војниците.
„За жал по последното одложување и јас и господинот Димитрас, бевме мета на пцовки и закани и за нас и за нашите семејства, до неверојатен степен. Како што знаете, јас имам македонско потекло. До тој степен што на нашите семејства на почетокот им беше страв да се движат. Сега малку се смирени работите, но како што е логично, без да постои обезбедување од грчката полиција и без да постои нешто слично нема да можеме да одиме во судот“, додава
Тартис.
На првото судско рочиште, во септември околу 100 граѓани се собраа пред судот, за да им дадат поддршка на војниците. Дури и на Фејсбук е формирана група која брои повеќе од 18 илјади членови. Бараат од војниците повторно да извикуваат слогани како оние во март 2010 година.
„Значи тие велат браво за хероите што извикуваа, да го сторат тоа повторно. Луѓето велат ние не извикувавме, а некои ги поддржуваат за нешто што овие велат дека не го направиле. Ова е важно. А бидејќи го сторија тоа, ја немаат ни храброста, што се бара од еден војник - да каже: „Го направив тоа, така ми наредија.“, изјави Панајотис Димитрас – претседател на грчкиот Хелсиншки комитет.
Неофицијално, дел од поддржувачите, се членови и симпатизери на екстремно националистичката партија Хриси авги. Се обидовме да побараме нивни став, но во обид да ја прикажеме и другата страна, да добиеме објаснување зошто некои сметаат дека нуркачите се неправедно обвинети,стапивме во контакт со прес центарот на Хриси Авги.
Одговор не добивме. Неколку часа подоцна, на нивниот сајт се појави соопштение:
„Одбиено барањето за интервју за скопска телевизија. “
И покрај тоа што ги контактиравме за сосема друга тема, од нивниот прес центар меѓу другото напишаа дека се против било каков договор за името Македонија, а одлуката од Хаг е за во ѓубре.
Откако во септември се одложи првото рочиште, в петок на 16-ти декември, припадниците на специјалната нуркачка единица ќе треба да седнат на обвинителната клупа и да објаснат зошто извикуваа расистички слогани на ланската парада со кои ги навредија Македонците и Албанците.
Сања Ристовска
Повеќе за судскиот процес кој треба на грчкото општество да му помогне да прекине со делови од темното минато кои се уште се присутни во јавноста повеќе гледајте во вечерашното издание на КОД кое започнува во 19 30 часот.
izvor: http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=84113
* LMFAO They are filmed and seen by thousands of people how they say these things,but they will deny the whole thing.
That's pathetic!