Jankovska
New member
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=60134&kategorija=1
Андора стана 125 земја која ја призна Македонија под уставното име
Андора ја призна Македонија под уставното име и со тоа стана 125-та држава во светот, со која земјава има воспоставено дипломатски односи како Република Македонија.
Коминикето за воспоставување на дипломатски односи го потпишале министерот за надворешни работи на Андора, Хавиер Естот, и министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски. По потпишувањето на договорот, министрите на двете земји во телефонски разговор дискутирале и за случувањата на глобалната политичка сцена, како и за предизвиците со кои се соочува светската економија.
Милошоски го информирал неговиот колега Естот дека македонската Влада, во соработка со претседтаелот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во скоро време ќе назначи амбасадор во Андора. Според Милошоски, тоа претставува добра основа за продлабочување на односите меѓу овие две земји. Инаку, документот прво го потпишал министерот за надворешни работи на Андора.
Андора е принципат со околу 90.000 жители, а се наоѓа на Пиринејскиот полуостров меѓу Шпанија и Фрнација.