СУДСКИ РАСПЛЕТ НА НАЈГОЛЕМАТА БИТОЛСКА АФЕРА
Силјан Мицевски од НБМ наплатил отштета за ТАТ од 25 милиони денари
Народната банка на Република Македонија му исплатила отштетата од повеќе од 25 милиони денари на градежното претпријатие “Пелистер” од Битола, пред една недела. Прв човек на таа фирма е поранешниот битолски градоначалник, Силјан Мицевски, кој беше еден од седумтемина обвинети за аферата “ТАТ”. Во судскиот процес од охридскиот Основен суд тој подоцна беше ослободен како невин. ГП “Пелистер” од Битола, преку парична судска постапка во минатиот петок ги повратило 10-те милиони денари, што преку упад во платниот промет и преиначување на налогот од тогашната директорка на битолската филијала на Заводот за платен промет, Јуле Атанасова, му биле одземени. Со пресуда на Основниот суд во Битола, која беше потврдена и од Апелацискиот суд, во минатиот петок Заводот за платен промет од Народната банка на Република Македонија му префрли на “Пелистер” 10 милиони денари основен долг, 15.173.200 денари затезна камата и 420.000 денари за трошоци во судскиот процес, извршување и затезна судска камата. Со тоа, на сметката на таа фирма легнаа 25.600.000 денари. Како што информиравме порано, на 17 февруари 1997 година ГП “Пелистер” на сметката на штедилницата “ТАТ” префрлило 10 милиони денари, а според судските наоди и вештачења, директорката на битолската филијала на Заводот за платен промет, Јуле Атансова, овозможила налогот да биде преиначен и на сметката на ТАТ да легнат 20 милиони денари од таа фирма. Во меѓувреме, директорот Мицевски, тогашен градоначалник на Битола, низ кривично-правна и судска постапка беше ослободен од сите обвиненија за негова вмешаност во аферата “ТАТ” и поведе постапка за надомест на штета против државата, бидејќи и тој и неговата сопруга Виолета Мицевска 21 ден беа притворени во Истражниот затвор во Битола. (М.П.)
Број 1969 (понеделник, 07 октомври 2002
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1969&stID=8391
Време, број 1240, 04.12.2007
СРБИТЕ ГО БОЈКОТИРААТ СИЉАН МИЦЕВСКИ
Ај што не е Србин, ама да беше чесен!
Елизабета С. Илиевска
Дел Срби во Македонија ќе го бојкотираат новиот почесен српски конзул Сиљан Мицевски, кој денес и официјално ќе седне во новоотворениот почесен конзулат на Србија во Битола. Од сите Срби кои живеат овде можеше да се најде барем еден достоен конзул, па и да е тоа Македонец, ама да беше чесен. Ова се коментарите на незадоволните Срби кои не ја одобруваат кандидатурата на Мицевски и најавуваат дека нема да присуствуваат на денешната свеченост.
Кога пред една година почна кандидатурата најавите беа дека конзулот треба да има српско потекло, високо образование и да е угледен човек. Во Битола има многу образовани Срби кои можеа да седнат на таа позиција. Но, одлучија тој да биде Македонец, ама барем да беше чесен и угледен. Одлуката за бојкотот на новиот конзул беше донесена од повеќе асоцијации на Србите во земјава на 19 ноември – вели Драгиша Страхињиќ, претседател на Македонско-српското здружение што застанаа против кандидатурата на Мицевски. Најголема афера со која го поврзуваат името на Мицевски е реновирањето на српските гробишта во Битола за што го обвинуваат дека земал повеќе пари и тужбата во која Мицевски ја тужи Србија токму поради овој случај. Страхињиќ вели дека за ова ги информирале сите одговорни српски органи. Сепак, тој негира дека хајката против новиот конзул е всушност од лични причини бидејќи меѓу кандидатите за во конзулатот се споменувало и неговото име. - Јас бев предложен само како противкандидат и тука нема ништо лично – вели Страхињиќ.
Сиљан Мицевски, директор на градежната фирма „Пелистер“ вели дека нема информации за овој бојкот. Според него ситуацијата со обновувањето на српските гробишта е стара работа и тука нема никаков проблем. - Тужбата беше формална, односно поднесена за да не застарат работите кога поради случувањата со НАТО бомбардирањата на Србија престана отплатата за проектот – вели Мицевски. Оваа приказна на новиот српски конзул ја поддржуваат и од Здружението на Србите кои го предложија Мицевски. Томислав Жугиќ, претседателот на ова здружение, вели дека Мицевски е популарен меѓу Србите во Битола и дека долги години успешно соработувале.
Поднесувањето на тужбата беше по препорака на српски адвокат и тоа беше само формална работа. Гробиштата се обновија со попусти и Мицевски многу ни помогна.
Сиљан Мицевски пред десет години беше еден од главните актери во аферата ТАТ.
Новото конзуларно претставништво ќе биде на Широк сокак кај словенечкиот и романскиот конзулат. Српскиот ќе биде десетти конзулат во Битола.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1269&ArticleID=81562
ДЕМАНТ
За македонската заедница во Австралија Јован и Петар се исто зло!
Здружението на македонските заедници во Австралија, вклучувајќи ги сите македонски православни цркви кои не се под јурисдикција на недостојниот владика Петар Каревски, го издава следното соопштение:
Целосно ја демантираме апсурдната дезинформација што е објавена на ТВ Сител (14 април 2009) и во Вечер (15 април 2009), дека наводно сме барале јурисдикција и свештеници од српската црква, и дека сме преговарале со претставник на српскиот владика во Македонија Јован Вранишковски.
Оваа чаршиска лага ја шират пропагандисти на г. Петар, со цел да го тргнат вниманието од неговото соучество во поткопувањето на автокефалноста и националниот идентитет на МПЦ, како и да ги одвратат македонските верници од нашите храмови за време на велигденските празници, а да ги пренасочат во своите паралелни храмови, од кои еден е припадност на протестантската Обединувачка црква од Австралија, а останатите се регистрирани како сопственост на тројца поединци: Петар Каревски, Јовица Симоновски и Тоне Гулев.
За тие на кои не им е јасно колку е безумна ваквата лага, ќе посочиме само неколку факти:
1. Основачка заложба на нашите самоуправни заедници и цркви е да се заштити македонскиот културен, јазичен и историски идентитет од асимилаторската политика на српската, грчката и бугарската црква и држава. Уште во 1996 година г. Петар се обиде да нѐ убеди дека нашите активности кон таа заложба се политички и нецрковни. Откако тоа не му успеа, агресивно се впушти во поништување на нашата демократска самоопределба, преку тужби за одземање на општествениот капитал на нашите заедници, закани, уцени, насилства и примитивни клевети, обвинувајќи нѐ дека го отфрламе влијанието на Белград зашто сме под влијание на Софија. Според која логика сега треба да се верува дека сме бугаромани кои бараат јурисдикција од српската црква?
2. Сите македонски цркви во Австралија што не ја прифаќаат деспотската и неуставна власт на владиката Петар си имаат македонски православни свештеници од Македонија, а постојано се јавуваат и нови кандидати. Затоа немаме никаква потреба да бараме свештеници од некоја немакедонска црква.
3. Наше длабоко уверување е дека Јован само ја спроведува политиката на г. Петар, кој беше водечки креатор и потписник на Нишкиот договор од 2002 година за поништување на националниот идентитет и автокефалноста на МПЦ и ставање на нејзините верници и храмови под јурисдикција на српскиот патријарх. Ќе потсетиме дека по враќањето од Ниш, г. Петар и Јован беа единствените владици кои јавно ја бранеа Нишката спогодба, со тоа што г. Петар си ја смени бојата кога ја увиде опасноста да ги загуби привилегиите во Македонија, а Јован продолжи отворено да ѝ служи на политиката на српската црква.
4. Токму г. Петар го инфилтрира Јован (тогаш Зоран) Вранишковски во Македонската православна црква како свој чирак, знаејќи го однапред неговиот негаторски однос кон Македонската православна црква. Уште во 1991 година г. Петар објави епархиска книга, наречена Глас на Вистината, во која Вранишковски, како градежен инженер на битолската Митрополија, бранејќи го г. Петар од синодската одлука за негово расчинување, пишува: “Можеби до некаде се во право сестринските Цркви кога велат дека нашата Црква е комунистичка”. Ова е согласно со ставот на српската црква дека МПЦ е неканонски создадена од македонските комунисти. Знаејќи го ваквиот став на Зоран Вранишковски, г. Петар во 1991 година го постави Вранишковски на чело на битолската митрополитска библиотека, во 1993 го прати на теолошки студии во Белград, во 1995 го прати на постдипломски студии во Грција, за во 1998 експресно и неканонски да го промовира во монах, ѓакон, иеромонах и владика на МПЦ, наречен Јован.
5. Г. Петар беше единствениот владика во МПЦ кој до последен момент се обидуваше да го спречи расчинувањето на Јован.
6. Г. Петар сѐ уште отворено ги повикува Јован и неговиот новосрпски клир во Македонија да се вратат во клирот на МПЦ. Нашиот став е дека не само што на таквите изроди не треба да им се даваат нови прилики однатре да ја разнебитуваат МПЦ, туку од МПЦ треба да се исклучат и клириците кои поприкриено ја спроведуваат негаторската политика на таканаречените “сестрински цркви”.
7. Во 2008 година, при своја приватна посета на Шабачката епархија во Србија, г. Петар прими орден и признание за заслуга од Српската православна црква. Колку што знаеме, ниту еден друг владика на МПЦ не добил таква благодарност од Српската црква, која не ја признава МПЦ и упорно го оспорува македонскиот национален идентитет.
8. Денешниот почесен конзул на Србија во Македонија Сиљан Мицевски донеодамна беше член на Епархискиот управен одбор на Петар во Битола. Г. Петар отворено го промовираше Мицевски и за градоначалник на Битола.
9. Според низа документи и авторитетни изјави објавени во книгата Македонско распетие или Владика по Јуда од покојниот новинар Милан Дурло, г. Петар уште од осумдесеттите години го промовирал српскиот став дека МПЦ е неканонски отцепена од СПЦ, од страна на комунистите.
10. Уште во 1997 година ние упативме Предлог-спогодба до г. Петар и до Синодот за дефинирање на нивната управна јурисдикција врз нашите црковни имоти и приходи, под услов јурисдикцијата да се укине ако Синодот или Австралиската епархија прифатат промена на името на МПЦ или јурисдикција на која било немакедонска црква. На таквиот предлог сѐ уште немаме добиено никаков одговор.
Нашиот став кон Јован отсекогаш бил дека тој ги спроведува намерите на неговиот интелектуален татко, г. Петар, само што Јован отворено ја применува големосрпската политика кон МПЦ, додека г. Петар тоа го прави полицемерно и поитро. Екстремно потценување на интелигенцијата на македонската јавност е да се лаже дека ние сме барале јурисдикција од Јован, ако се знае дека веќе 13 години жестоко го браниме правото на црковно-национална самоопределба од суровата хајка на г. Петар.
Новинарот кој ја пренесе оваа апсурдна лага преку ТВ Сител и Вечер, Марјан Николовски, во својот напис тврди дека Сител и Вечер се обиделе да воспостават контакт со претставници на нашите општини. По консултации со сите управи на нашите заедници, можеме да потврдиме дека никој од Сител или од Вечер не се обидел да воспостави контакт со ниту еден наш претставник. Ние се обидовме да го контактираме Николовски преку неговата е-mail адреса, што е објавена на веб-страницата на Сител, со барање да ни каже со кој наш претставник се обидел да воспостави контакт и кој му е изворот за објавената дезинформација, но по четири дена сѐ уште немаме добиено никаков одговор.
Игор Аврамовски Александров,
Претседател на Здружението на македонски општини од
Австралија
http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1070_21042009/027_crkva_k.html
Време, број 1657, 28.04.2009
Јован и Петар се исто зло
Здружението на македонските заедници во Австралија, вклучувајќи ги сите македонски православни цркви што не се под јурисдикција на недостојниот владика Петар Каревски, го издава следното соопштение:
Целосно ја демантираме апсурдната дезинформација објавена на ТВ „Сител“ (14 април, 2009 година) и во „Вечер“ (15 април, 2009 година), дека божем сме барале јурисдикција и свештеници од српската црква и дека сме преговарале со претставник на српскиот владика во Македонија, Јован Вранишковски. Оваа чаршиска лага ја шират пропагандисти на Петар, со цел да го тргнат вниманието од неговото соучество во поткопувањето на автокефалноста и националниот идентитет на МПЦ, како и да ги одвратат македонските верници од нашите храмови, а да ги пренасочат во своите паралелни храмови, од кои еден е припадност на протестантската Обединувачка црква од Австралија, а другите се регистрирани како сопственост на тројца поединци: Петар Каревски, Јовица Симоновски и Тоне Гулев.
За тие на кои не им е јасно колку е безумна ваквата лага, ќе посочиме само неколку факти:
[...]
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=112666&EditionID=1689
For fair use only.