"Sv. Petka" court case
"Sv. Petka" court case
Here is some info about the Sv.Petka court case. Not sure how much of it it's true. Maybe someone can explain.
СРЕДА, 15 ФЕВРУАРИ 2012
Вистината за Св. Петка
Споделете ја веста
Александар ЏЕПОВСКИ
Деновиве, после пресудата од највисокиот суд во државата Нов Јужен Велс во Австралија, за долгогодишниот спор помеѓу инкорпорираната приватна црквена управа на Св.Петка од Rockdale во Сиднеј Австралија и МПЦ се добиваат невидени и чудни коментари од страната осудена да изгуби, наметнувајќи го целиот овој спор непотребно.
Имено на почеток да нема недоразбирање сите епитети околу управата на Св.Петка дека е “народна“ и спонтано сплотена и “демократски“ избрана, паѓаат во вода. Исто така, паѓаат во вода и изјавите дека владиката Петар ги сака “црквените имоти“ за себе.
http://www.mn.mk/iselenici-region/5634-Avstraliskiot-sud-presudi-vo-korist-na-MPC
Првите се регистрираа како инкорпорирана компанија и асоцијација уште во 1998 година. Отидоа кај Attorney General (највисокото тело) да се пререгистрират, од Македонска Православна Црква во приватна компаниска црква, каде никој ќе нема право да ги контролира што и како прават со бордот на директори. Му подметнаа фалсификат документ на A.G. (Attorney General), дека тие се правата црква МПЦ, а МПЦ била некој “комунистички производ“. Значи од коњ да паднеш на магаре со цел неконтролирано да работиш со финансии. Затоа во тек на судењето, A.G. си ја призна грешката и рече дека после судов, посебно ќе ги судат овие “мудреци“.
Дел од статутот на расколничата парацрква:
“Црковната асоцијација е основана надворешно, работи независно и не ја признава јуриздикцијата на Македонската Православна Црква основана ( прогласена) во 1967 со седиште во архиепископијата во Скопје, Р.Македонија“
МПЦ со владиката Петар, сите овие години е “легално“ попречувана да се регистрира како и сите нормални цркви.
Знаете од кого? Од група нисколактаски кариеристи: Игор Александров Аврамовски, Ицо Најдовски-Перин, Мајкл Радин, починатиот Ристо Алтин... Нивни пиунчиња се Зоран Цосески од Перт познат како “почесен конзул“, неделниците “Australian Macedonian Weekly“ со Љупчо Станковски, како и “најверниот“ им Игор Павловски со TODAY или “Денес“, синот на Божин Павловски, кои со 5.000$ годишно ја убиваат МПЦ, притоа губејќи најмалку 50.000$ ...
Да, зборот беше ова: Игор Александров Аврамовски во сојуз со “PANMAKEDONIKI“, најголем наш душман и со други непријатели во сите прилики го попречува регистрирањето на МПЦ во парламентите на сите држави во Австралија, како и на федерално ниво.
Затоа, било која црква на МПЦ мора да се регистрира како “приватна“ на “приватно лице“....
ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ
Во август 1997 година во Аделајде се свика и донесе устав на Македонската Православна Независна Црква за Австралија INC или Macedonian Ortodox Independent Church of Australia Inc, регистрирана на 20 септември 1997 кај COMMISIONER FOR CORPORATE AFFAIRS (Комесаријат за корпоративни работи). На страна 3 од PARTS II (дел II)- OBJECTS (предмет), се вели: ЦРКВЕНАТА АСОЦИЈАЦИЈА Е ОСНОВАНА НАДВОРЕШНО, РАБОТИ НЕЗАВИСНО И НЕ ЈА ПРИЗНАВА ЈУРИСДИКЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ОСНОВАНА (ПРОГЛАСЕНА) ВО 1967 СО СЕДИШТЕ ВО СКОПЈЕ, Р. МАКЕДОНИЈА….
Св.Петка беше дадена на суд кога го избрка свештеникот Митко Митрев. Тој имаше наредба од владиката Петар да ја врши чесно службата. Беше спречуван од управата и тој се најде на улица, владиката беше избркан, како и МПЦ.
Управата, т.е. управите си работеа како што сакаа и го признаваа законот на инкорпорацијата, што во ниеден момент во текот на судењето не потклекнуваа, напротив, се гордееја.
Во еден момент, кога Љупцо Двојаковски се врати од Македонија, каде беше избркан поради љубовни авантури, “нејасни“ финансиски отчитувања, најави поход на Св.Петка. Поради пуштени корени во Австралија, нели деца родени, со државјанство, го лаже дедо Петар дека верно ќе му служи и бара втора шанса во животот. Арно ама, ѓаволот не мирува и во таен сојуз со Игор Александров, скрои план да донесе владика, а воедно и “НЕЗАВИСНОСТ“ на МПЦ. Во игра е John McFearson, некој калуѓер од Руската Задгранична Црква, Англосаксонец по потекло, отишол на “специјализација“ 10 години во грчката црква, а подоцна е испратен во руска црква во Австралија.
Овој калуѓер не ја признава ни Македонија како држава, ни МПЦ како црква, во едно негово интервју МПЦ ја нарекува како творба на Тито и дава совет, дека треба да го слушаме Вранишковски,...
КРАЈОТ НА ПОЧЕТОКОТ
Имаше 3 судови, првиот со судијата Хамилтон, втор со судијата Јанг, трет со судијата Бреретон и СИТЕ СЕ ЕДНОГЛАСНИ дека управата или управите ја прекршиле TRUST (доверба), работеле како ќе им текнело, избркале редовен Поп, вработиле распопи, не даваат финансиски извештаи (дури и судовите имаа проблеми и не добија) фалсификати употребени за да се регистрираат, перење пари и многу други глупости.
Судиите се децидни и едногласни: ЗАКОНОТ И УСТАВОТ НА МПЦ СЕ ВРАЌА ВО СВ.ПЕТКА, ЗАЕДНО СО ВЛАДИКАТА И СВЕШТЕНИКОТ МИТКО МИТРЕВ.
Ако сака, тужената страна што дебело изгуби, (како Грција по старата изрека) да се жали, може да го направи тоа, само под услов ако најдат слабост во одлуките на судиите, да платат приватно од СВОЈ ЏЕБ, никако како до сега од “Асоцијацијата или Црквата“, а од тоа е околу 4-5 милиони долари...
Затоа, како што споменав на почеток, гласините дека не го признаваат судот т.е. трите судови за последните 13 години и дека тек сега почнува судот, се наметнува прашањето: има ли крај на глупостите на овие деструктивни единки, кои немаат ништо човечко во себе освен да живеат од црквена “милостина“?
За крај, становите купени од парите на Св.Петка кои меѓувремено беа дадени на Игор Александров Аврамовски, а дури два “продадени“ на Љупчо Двојаковски за 10.000$ (но вистинската продажна вредност е преку 600.000$) како и градинката “Илинден“, продадена за трошоци на адвокатите, ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА СВ.ПЕТКА. Кој продал, кој купил, ќе треба да си разјаснуваат меѓусебно на посебен суд, бидејќи има документи со такви наредби, ама “овие генијалци“ упорно одбиваат да ја разберат вистината.
Еве и сега им е кажано, што мислите, дали ќе разберат или ќе речат дека не знаеле и не им било кажано? БРЗО ЌЕ ДОЗНАЕТЕ!!!
P. S. За неколку недели Либералната партија на Нов Јужен Велс ќе ја признае МПЦ во Парламентот на НЈВ.
Тогаш Игор Александров Аврамовски, Ицо Најдовски и PANMAKEDONIKI ќе можат само да се сликаат, здружени така, ќе пукнат од мака.
Со почит.