We all have to understand something else, beyond the "bugarofili"&"srbofili" classification which became standard procedure when talking about credibility of our political parties.
Milosovski was/is a bugarofile and that will follow him forever. But I'm used to judge for the actions and so far he left me with the impression of a weak MNR chief, not as bugarofile.
Beyond that we have REAL BUGAROMANI (not "Bugarofili") in very key state and political structures and media institutions. As for Srbomani, I think they are many of the self-declared Serbs (Kumanovo, Skopje and Tetovo areas) in RoM. Bulgaria and Bugaromani have long-term agenda of DECONSTRUCTING Macedonian identity and converting it to Bulgarian. In short term they are working to cut off Macedonian ethno-national roots and graft new Turko-Mongol (bulgar) ones. They infiltrate Macedonian state and political structures and white-ant whatever stands for Macedonian national and ethnic separateness, it is in their nature to do this and they need to be identified and politically exterminated (political pest control).
The following is but a small sample of key Bugaromani in possitions of power and influence: Antonio Miloshoski runs MNR and is on IK (EC) of DPMNE, Silvana Boneva, coordinator of DPMNE parliamentary group and is on IK (EC), Zoran Todorovski, director of the State Archives of Macedonia, Zoran Dimitrovski, State Archives of Macedonia and Fokus (Mk) Deputy Editor, Dosta Dimovska, director of Macedonia's Cultural and Information Center in Sofia, Marjan Gjorcev, Mayor of the municipality of Kisela Voda, Vlatko Stamatovski, Spokesperson for City of Skopje, etc
-----------------------
РАБОТЕН МАТЕРИЈАЛ
(забрането објавување без дозвола на авторот)
РАСКОЛОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ
Јули – Август 1998 година
С к о п ј е
Кон крајот на август 1997 год., поточно по седницата на ЦК на ВМРО ДПМНЕ што се одржа на 30.08.1997 г. Во Собранието на Град Скопје, во македонската јавност како бомба одекна веста за жесток судир во највисокото раководство на најмоќната опозициона партија. За многумина судирот изби неочекувано и ненајавено (иако во минатото такви конфронтации во континуитетот ја следеа партијата од самото основање) бидејќи токму во претходните година-две ВМРО-ДПМНЕ важеше за една од најстабилните политички партии во време кога во речиси сите останати партии ескалираа отворени судири во нивните редови ( СДСМ, Социјалистичката партија, ЛДП и т.н.).
Хронологијата на настаните непосредно пред, во текот и по одлуката на “историската” седница на ВМРО-ДПМНЕ е горе-долу позната: 54 членови на Централниот комитет согласно член 52 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ покренуваат барање за отповикување на потпретседателката Доста Димовска (поради отворено протежирање на пробугарска политика, неуживање углед, односно нејзин избор по пат на фалсификат и нејзино активно учество во речиси сите афери што ја потресуваа Партијата), а група членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат Предлог-Резолуција со која партијата се оградува од сите врховизми.[....]
[FONT=Verdana, sans-serif]Време, број 2024, 24.07.2010 [/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Македонисти и бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Јове Кекеновски[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]
Второто реемитување на емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, чијшто гостин беше Љубчо Георгиевски со неговото признание за бугарофилство во ВМРО-ДПМНЕ за време на неговото претседателствување се чини дека ја прелеа чашата и затоа решив овој текст да го посветам на случувањата во таа партија, чијшто активен член бев во тие години. Иако мотивите на Ефтов за нејзиното репризирање ми се мошне јасно познати, сепак не сакам да се мешам во мотивите за националното чувство на Георгиевски, од причина што тоа е негово право. Меѓутоа, не можам да дозволам на речиси половината од тогашните членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а чијшто член бев и јас, да им се припишуваат бугарски чувства и корени. Морам да бидам искрен дека интервјуто беше добра сатисфакција за сите тие што во тој период ја поттикнаа иницијативата за разрешување на Доста Димовска од функцијата потпретседател на партијата, поради нејзините ставови и дејствување што отстапуваа од тие за кои официјално се залагаше партијата. Велат, кога-тогаш, вистината ќе излезе на виделина. И излезе. Но, мене ме зачудува молкот на медиумите, кои во таа далечна 1997 година цело време ги следеа случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и опширно пишуваа, а сега, по толку години, кога вистината излезе на виделина, ама буквално ништо не спомнаа за таа историска седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи многумина и не знаат или, пак, заборавиле што се случуваше всушност на таа историска седница, во кратки црти ќе се обидам објективно и по 13 години да ги потсетам читателите што се случуваше и што им претходеше на тие случувања. Кон крајот на август 1997 година, поточно по седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа на 30 август 1997 година во Собранието на Град Скопје, во македонската јавност како бомба одекна веста за жесток судир во највисокото раководство на најмоќната опозициска партија. За многумина судирот изби неочекувано и ненајавено бидејќи дотогаш ВМРО-ДПМНЕ важеше за една од најстабилните политички партии во време кога во речиси сите други партии ескалираа отворени судири (СДСМ, Социјалистичката партија, ЛДП итн).
Но, пред да почнам со хронологијата редно е да кажам неколку зборови за првите обиди за бугаризирање на оваа партија. Иако уште на самиот почеток имаше членови со таква ориентација, сепак, вистинската офанзива на великобугарската политика во ВМРО-ДПМНЕ почна кон крајот на 1994 година, за кулминацијата да ја достигне токму на таа (од денешен аспект) историска седница. Претходно формираната ВМРО - татковинска во која се вгнездија најекспонираните борци за великобугарската кауза во Македонија, според процените на стратезите во Софија, не ги даде очекуваните резултати, па затоа се менува тактиката и е решено бајракот на бугарштината да го понесе ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, дадена е директива, малобројното членство на „татковинците“ да премине во ВМРО-ДПМНЕ, да се обиде да се инфилтрира во структурите на партијата и да направи преврат со преземање на раководни функции и со елиминација на клучните личности од ортодоксната македонска опција во неа.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Уште во текот на 1995 година во Република Македонија се забележува се позачестена и изострена пресметка меѓу македонизмот и неговите критичари. Во дневно-информативните медиуми, како и во неделниците, некои луѓе со поинакво чувство за припадност и корени се обидуваа да го критикуваат македонизмот како државна идеологија и да ја разоткриваат „историската вистина“ за него, како и неговата „историска ограниченост“. Ваквите обиди ги согледуваме во изјавите и статиите на
М. Србиновски, Д. Димитров, А. Лепавцев, Д. Галев, Х. Михаилов, авторката под псевдоним Донка Цветковска (вистинското име му е познато на авторот на текстов) и други. Овие луѓе често за изнесување на своите ставови ги користеа дневно-информативните македонски медиуми, но и списанијата „Македонско дело“ и „Глас“ - орган на ВМРО-ДПМНЕ. Ним аргументирано им се спротивставуваа Александар Донски со својата статија „Македонскиот, а не бугарскиот, е најстар книжевен јазик“ („Глас“ број 24), Александар Диневски, алијас Ахил Апостолов со својот напис „Чакам те да дојдеш“ („Завет“ - гласник на УМС на ВМРО-ДПМНЕ бр. 9), текстот „Некои нови клинци“ (чинам дека автор беше Атанас Стамнов), потоа текстот „Македонија и Русија“ од Александар Филипов (Драги Ивановски), „Кој, кого и зошто го чака да дојде“ од Ѓорѓи Костов, „Антибугарскиот карактер на Великоморавската мисија на светите браќа Кирил и Методиј од 9 век“ и др. Би било неправедно од мене доколку не споменам дека во тој период се понагласена активност има новото раководство на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот весник „Завет“, чиишто припадници стануваат главна потпора на македонската опција во ВМРО-ДПМНЕ. Но, да се навратам на самата седница. Хронологијата на настаните непосредно пред, во текот и по одлуката на „историската“ седница на ВМРО-ДПМНЕ денес е многу малку позната: 54 членови на ЦК, во согласност со член 52 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, поднесуваат барање за отповикување на потпретседателката Доста Димовска. Причината за поднесување иницијативата беше наведена: отворено протежирање на пробугарска политика и ставови, кои се во спротивност со Статутот и со политиката на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот арогантен, нетолерантен и дрзок однос кон членовите на партијата, неуживање доверба поради нејзиниот избор за потпретседател по пат на фалсификат со само 35 гласа и нејзино активно учество во речиси сите афери што ја потресуваа партијата. На истата таа седница група членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат и Предлог-резолуција со која партијата се оградува од сите врховизми. По неколкучасовна бурна и мачна расправа, во атмосфера на бугарски и шовинистички испади на дел од тогашните членови на Извршниот комитет, проследена со отворено спротивставување на лидерот Љубчо Георгиевски кон двете предложени иницијативи да бидат ставени на дневен ред, епилогот беше логичен и очекуван. Барањето за отповикување и Предлог-резолуцијата воопшто не беа ставени на дневен ред, а Извршниот комитет во полн состав режирано поднесува колективна оставка. Од страна на иницијаторите само авторот на овој текст и Александар Диневски, тогашен член на Извршниот комитет, влегуваат во директен дуел со лидерот Георгиевски. Можеби е момент да споменам дека од 54 потписници за иницијативата за разрешување на потпретседателката Димовска, неколкумина потписници уште на самиот почеток на седницата ги повлекоа своите потписи, а дел од нив јавно кажаа дека играле двојна улога. Сите тие подоцна за своите постапки беа наградени со функции. Тука мислам дека читателите ќе се сетат на Филип Петровски, кој нанапред стана пратеник во новиот парламент, а подоцна и конзул во Њујорк, Пеце Трајковски - Г‘зла од Прилеп, кој стана заменик-министер за локална самоуправа, покојниот Пане Велев - директор на Бирото за јавна безбедност, Александар Пандов, пратеник во новиот парламентарен состав, В. Каранфилов - директор на ЕСМ во Кочани и уште неколкумина други потписници. Останатите, се разбира, молчеа и чекаа да видат што ќе се случи.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]За карактерот на бугарскиот пир што се случи на самата седница редно е да ги споменам изјавите на неколку членови на тогашниот ИК, изговорени на самата седница. Еве дел од нив: „Голем број странски новинари покажуваат огромен интерес за положбата на македонските Бугари во Македонија; Треба да дојде до смирување меѓу нашиот и вашиот народ“. Ова „вашиот народ“ се мисли на македонскиот (моја забелешка); друг член на ИК изјави: „Да не беше Тодор Александров јас ќе се презивав Родомировиќ!“, други, пак, на говорницата изјавуваа: „Генс уно сумус“ - (омилена изјава на бугарските шовинисти - „Ние сме еден народ!“) или „Што лошо сте виделе од Бугарија, па да ја напаѓате“ итн.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Случувањата на седницата на ЦК веднаш најдоа свое место во јавноста, а средствата за јавно информирање беа преплавени со детални пикантерии за се што се случуваше пред, за време и[/FONT] [FONT=Verdana, sans-serif]по фамозната седница на ЦК. Наоѓајќи се во „небрано“, двоецот Георгиевски-Димовска набрзина исфрлија неколку тези во јавноста со кои проѕирно и невешто се настојуваше да се сокрие заднината на судирот. Демек, се работи за персонален судир во раководството на партијата, за судир на „интелектуално“ и на „рурално“ крило, за отстранување на „деловно-полициското“ крило и сл. Проѕирноста и неаргументираноста на овие тези беше прочитана најнапред од новинарите, но и од целата македонска јавност, а неколкуте документи кои проциркулираа во јавноста беа доволен доказ да се сфати дека се работи за многу посуптилен проблем, кој, според значењето ги надмина партиските рамки и навлезе длабоко во сферата на националните и државните интереси на македонскиот народ и неговата држава Република Македонија. [/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]И покрај се, факт е дека уште тогаш дел од членовите на ЦК, Македонци патриоти, јавно и гласно укажаа на пробугарските елементи во партијата. [/FONT][FONT=Verdana, sans-serif]Се работеше за судир на две крила: едното автентично - македонско, како директен следбеник на историската мисија на ВМРО и, второто - туѓинско, пробугарско. Второво и низ историјата постојано го следело ВМРО во неговата борба за создавање македонска држава и, како по правило, претставувало пречка за остварување на вековниот идеал - создавање независна или обединета Македонија. Во судирот на тие две опции, како што е познато, победи пробугарската и тоа благодарение, пред се, на некои ирационални мотиви во кои бездруго спаѓаат харизмата на лидерот Љубчо Георгиевски и неговата фанатична и жестока одбрана на Доста Димовска, како и латентно присутниот страв на членството од евентуално распаѓање или раскол на партијата на година дена пред изборите. Тука лежи и одговорот зошто 54 потписници на барањето за отповикување на потпретседателката Д. Димовска, кои при потпишувањето отворено зборуваа за нејзиното бугарско педигре, на наредната седница на ЦК, при изборот на новиот Извршен комитет, ја наведнаа главата, се повлекоа и премолчано го одобрија начинот на самопогребување и на своето национално достоинство. Практично, со изборот на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заврши една фаза во реализацијата на, сега веќе слободно може да се каже, еден антимакедонски заговор, добро осмислен, координиран и спроведуван од неколку меѓу себе добро поврзани и синхронизирани центри, потпомогнат со луѓе од партијата.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Жално е што поминаа цели 13 години за некој, не сакајќи индиректно да ја признае исправноста и оправданоста на преземената акција, но од друга страна добро е што јавно се кажа дека македонската опција и македонистите биле во право кога јавно ги посочиле носителите на бугарската кауза во партијата. Личната сатисфакција за исправниот потег за мене и за другите потписници (мислам на тие што останаа доследни на дадениот потпис) се непроценливо богатство како за нас самите, така и за сите Македонци, во контекст на нашето опстојување и на нашата историја.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Авторот е универзитетски професор[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]unmht://www.makedonskosonce.com/http.5/PIRIN/arhiva-napisi%20Pirin/2010/07/24-07-VREME.mht/[/FONT]
------------------
[FONT=Verdana, sans-serif]Вистината за „историската“ седница[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Во својата колумна во „Време“ од 24-25 јули 2010 година, насловена „Македонисти и бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ“, авторот господин Јове Кекеновски ненамерно, поради недоволно познавање на фактичката состојба во врска со мојот случај, ме споменува кога ги набројува потписниците, кои, божем, се покајале и го повлекле својот потпис за што подоцна биле наградени со функции. Веднаш по објавувањето на статијата го пронајдов господин Кекеновски и по телефон му објаснив дека вистината е сосема поинаква. Тој го прифати моето објаснување бидејќи, како што рече, тоа нему не му било познато. Во интерес на вистината што многу ми значи, накусо ќе ја запознаам јавноста со некои околности што ја следеа таа, навистина, историска седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и периодот по неа. Во суштина, се согласувам со изнесеното од Кекеновски. Таа фамозна седница беше проследена со големи тензии, набиена со емоции и нескриен страв за судбината на партијата. Вистина е дека некои потписници, претходно обработени, јавно ги повлекоа своите потписи и дека низ државата крстосуваа специјално испратени екипи со задача да ги убедат членовите на ЦК да го променат својот став. Јас никогаш не го сменив ставот во врска со овој случај, ниту го повлеков својот потпис, поради што имав непријатности од Доста Димовска. Во тие премрежја вистинските македонски патриоти беа на цена. Следуваше период на престројување, бакнувањето рака, безброј лични понижувања. Веднаш ме сменија од функцијата координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и од членство на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Во наредниот период бев кандидиран и поддржан од 17 месни комитети, додека мојот противкандидат доби поддршка од три месни комитети. Иако на ЦК мојата верификација требаше да биде само формалност, Доста Димовска, достојна на самата себеси, го спречи тоа и вметна кандидат што воопшто ги немаше поминато претходните филтри (базата, кадровската комисија и ИК на партијата). Иако јавно агитираше против мене, а половина од членовите на ЦК воопшто не гласаа (соочени со својата совест и стравот, од друга страна), сепак добив 42 гласа, додека мојот противкандидат 24 гласа. Но, госпоѓа Димовска успеа да го поништи гласањето, по што се стана бесмислено и јас, посакувајќи им успешна работа на присутните, ја напуштив седницата. Тоа го направив во интерес на единството на партијата, што ми беше најважно во тој момент. Незадоволни од ваквата постапка на дел од раководството, речиси од целата изборна единица (34) се побунија и јасно порачаа дека изборите за нив се завршени. Иако бев тешко повреден и како човек и како основоположник на ВМРО-ДПМНЕ во регионот, собрав сили и јавно го поддржав сега веќе официјалниот кандидат, сметајќи дека партијата е поважна и е над се. Како набљудувач, делегиран од ИК беше сега покојниот Борис Трајковски, кој ги пренел мојот став и мојата постапката ги пренел на седница на ИК. Поради сево ова, но и поради огромната поддршка што ја уживав во базата, го добив местото во ЕСМ - Кочани, иако можеше многу лесно да се случи да останам и на улица, каков што статус имам последните седум години. Инаку, притисокот од страна на Димовска го чувствував се до последниот момент додека беше на позиција. Со ова јавување сакав да дадам прилог да ја дообјаснам колумната на Кекеновски, за која сметам дека е реална и верно сведочи за тие бурни и тешки моменти на ВМРО-ДПМНЕ. „Македонската вистина е запишана со крв, солзи и со непокор. Затоа е вечна“.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Ванчо Каранфилов, Кочани[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2080&ArticleID=145394[url]http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2080&ArticleID=145394[/URL][/FONT]
-----------
A l e x a n d r o
Македонисти и бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ (преземено)
Во најновиот број на весникот „Време“ објавена е ексклузивна анализа на професорот д-р Јове Кекеновски за судирите помеѓу македонското и бугарското крило во ВМРО ДПМНЕ. Кекеновски и самиот учесник во тие настани дава поширока анализа на причините кои доведоа до познатиот раскол во 1997 година и елиминација на македонистичкото крило во партијата. После се’ друго е историја.
Текстот го пренесувам во целост во согласност со авторот:
[.....]
http://makedon.blog.mk/2010/07/24/makedonisti-i-bugarofili-vo-vmro-dpmne-prezemeno/[url]http://makedon.blog.mk/2010/07/24/makedonisti-i-bugarofili-vo-vmro-dpmne-prezemeno/[/URL]
For fair use only.
NB: Some time back I ran across a (kotle) forum discussion about the "Raskolot vo VMRO-DPMNE" article that I posted long ago here on MTO and there "Alexandro", as the author of it, had been invited to discuss the pros and cons of its validity. From my reading there, I deduced that "Alexandro" is Aleksandar Dinevski. Dinevski supported his claims but in his view the forum admins appeared to be bugaromani (and I concur) and was about to depart when I last was reading there.