fyrOM
Banned
http://www.vest.com.mk/?ItemID=0E512E935D1FA243B860B5BB66BA4F16
good for france then good for macedonia
there is no need for any second official language.
Француско знаме пред секое школо, еден јазик за сите
Претседателот Саркози, кој го отвори прашањето за францускиот национален идентитет во неговата изборна кампања, ќе се обрати на дебатата во април
ПАРИЗ, 10 февруари (АП) - Француското знаме ќе се крева пред секое училиште во Франција и учениците ќе ја пеат државната химна најмалку еднаш годишно, како дел од владините напори да се влее во граѓаните чувство на гордост што се Французи, соопшти вчера францускиот премиер Франсоа Фијон. За новопристигнатите имигранти се предвидени јазични курсеви и инструкции за еднаквост на половите, а новите граѓани ќе имаат свеченост на која ќе потпишат договор во кој ќе бидат наведени сите должности на кои се обврзуваат како граѓани на Франција, веднаш откако ќе се прилагоди законот за ова да биде остварливо.
Повеќето од мерките се повеќе симболични отколку конкретни, меѓутоа сите се дел од честопати нападната државна дебата за францускиот идентитет спонзорирана од владата, која на моменти се граничи со расистички забелешки, честопати насочени кон муслиманите во Франција, чиј број се проценува на 5 милиони.
Дебатите на 350 локации низ земјата имаа за цел да се поттикне националниот идентитет на Франција во глобализираниот свет и во сe поразноврсната нација која ионака е горда по природа, но се плаши дека ќе ги изгуби своите обележја. Франција долго време се бореше да го одржи својот јазик, но додека претходните влади се фокусираа на тоа да ја заштитат Франција од англиските напади, сегашната влада сака новопристигнатите имигранти да можат да комуницираат.
Дискусиите се совпаднаа со неформалните тековни дебати околу носењето шамии со кои муслиманките ги покриваат лицата, што најверојатно ќе биде забрането, барем во јавните институции како болниците, поштите и јавниот превоз.
Фијон ги повика министрите да ги одобрат мерките за националниот идентитет. Повеќето од нив ги предложи министерот за миграции Ерик Бесон, кој ја спонзорира иницијативата.
На пресконференцијата премиерот помина многу време бранејќи ја дебатата која критичарите ја осудија како политичка замка да се намами екстремната десница кон таборот на владејачките конзервативци пред локалните избори кои треба да се одржат во март. Фијон рече дека дебатата е од "витално" и "клучно" значење и најави дека не само што ќе продолжи да трае до крајот на петгодишниот мандат на претседателот Никола Саркози кој завршува во 2012 година, туку паралелно ќе се поставуваат на место новите мерки кои ќе го зајакнат францускиот идентитет. Најавените мерки се "еден чекор на патот кој мора да води кон зајакнување на нашиот национален договор", изјави Фијон.
Саркози, кој го отвори прашањето за францускиот национален идентитет за време на неговата претседателска кампања, ќе се обрати на дебатата во април, изјави премиерот.
Со неколку исклучоци, Социјалистичката партија ги бојкотира дебатите.