Prolet
New member
Jankovska, Those Granicari responsible for taking mito in Tobanovce just got convicted for up to 12 months in prison. Can you see now that action is being taken and that slowly the rotten apples are being rooted out?
ПЕТТЕ ЕУРА ЗА ЧОРБА, ЧОКОЛАДА И РЕД БУЛ ГИ ОДВЕДОА ВО ЗАТВОР
Од 8 месеци до година за полицајците од Табановце
Осуманесеттемина вработени на Табановце, кои лани беа уапсени со акцијата Бумеранг, се осудени од 8 месеци до 1 година. Судот поради немање докази го отфрли кривичното дело злосторничко здружување
"Пеш еура паспорт", "Суџук урта", "Комшо чорба има ли", "Ајде чорба ишикташи карта, чоколада, ред бул". Со овие зборови вработените на граничниот премин Табановце барале и примале поткуп од патници кои минувале на преминот. Осумнаеттемина вчера за сторено дело примање поткуп се огласени за виновни. Највисока казна добија раководителот на смена Силвана Нацевиќ - Серафимовска и Дејан Костовски, викан Диња, по една година затвор додека со 11 месеци минаа второобвинетите Милован Илиевски, Тони Ѓорѓиевски и Раце Игњатовски. Десет месеци затвор Судот им изрече на Ивица Павловски, Игор Јакимовиќ, Артан Идризи, Саша Митровиќ и Иво Младеновски. По девет месеци затвор им е одреден на Арсим Акија, Олгица Ковачевска, Ацо Ефтимов, Дејан Бојковски, Далибор Трајановиќ и Далибор Пешевски, а еден месец помалку затвор им е изречен на Сашо Милошевски и Љупчо Богдановиќ. По обвинителниот акт кој се состоеше од дваесет и три точки, осумнаесеттемина вработени на граничниот премин Табановце, кои беа уапсени лани во август со полициската акција Бумеранг, покрај кривичното дело примање поткуп се товареа и за злосторничко здружување. Судијата Ѓоко Ристов при објавување на пресудата соопшти дека поради немање докази кривичното дело злосторничко здружување се одбива. Судот ја укина мерката куќен притвор.
Во обвинителниот акт на Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е наведно дека првообвинетата Силвана Нацевиќ - Серафимовска како раководител на смена во Полициската станица за гранична контрола Табановце во текот на минатата година создала група од 17 полициски службеници. Групата имала намера да прибави имотна корист, а за таа цел раководителот на смена Нацевиќ ги распоредувала членовите на групата на работни места погодни за примање поткуп. Во списите е наведно дека и првообвинетата во неколку наврати учествувала во земањето пари кои подоцна ги делела со членовите на криминалната група, а тоа било по заслуга. Останатите од групата како службени лица од патници кои го минувале граничниот премин барале и примале поткуп, освен Игњатовски и Ковачевска, кои примиле поткуп за да не го пријават случајот. Сумата што била побарувана изнесувала од 5 до 35 евра.
Фото Н. БАТЕВ
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6E29B1F674F09B4198888A596E6255EF
http://translate.google.com/transla...=6E29B1F674F09B4198888A596E6255EF&sl=mk&tl=en